| Newest | 08 | 07 | 06 | 05 | 04 | 03 | 02 | 01 |
02.03.2007
КОЈ ДА НЕ ВОДИ КОН ЕВРОПА?
„Кај нас пристапот кон ЕУ е конципиран, но не постои некоја стратегија за добивање стратешки партнери кои поагресивно би не поддржале“, вели Марија Ристеска …
18.02.2007
ЖЕШКА ПРОЛЕТ?
Доколку се дешифрира дипломатскиот речник на еврокомесарот за проширување Оли Рен, односно неговата порака при минатонеделната посета во Скопје, таа гласи – интегрирањето почнува од вашите политички партии.
Но, очигледно е дека таквите пораки како да допираат само на глуви уши кај …
12.02.2007
КОЛКУ ПАРИ ИСПРАЌААТ ГАСТАРБАЈТЕРИТЕ?
Нов бизнис-рај за Македонците (печалбари)
Официјалните податоци за невработеноста, од почетокот на транзицијата во Македонија постојано се зголемуваат. Ова е најголемата причина зошто повеќето од младите сакаат да си го најдат чарето негде надвор, пред се во Западна Европа. …
09.02.2007
КОНКУРЕНЦИЈАТА Е ЛЕК ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ
Во системот на здравствено осигурување во земјава мора да се воведе конкуренција меѓу приватното и јавното здравство, бидејќи само на тој начин ќе се смени постојниот неконкурентен и високоцентрализиран систем, кој предизвикува незадоволство и нееднаквост меѓу осигурениците. Ова е заклучокот од анализата на моменталните состојби на македонскиот систем за здравствено осигурување, направена од Центарот за истражување и креирање политики (ЦРПМ)….
06.02.2007
МАКЕДОНИЈА НА ВРВОТ ПО БАВНОСТ ВО НОСТРИФИКАЦИЈАТА
Побрзо им оди студирањето отколку признавањето на дипломата
Симонида Кацарска е студентка од Македонија што била стипендирана од македонската влада да студира во странство, за потоа да се врати во земјава и со своето знаење да помогне во процесот на интеграција во ЕУ. По завршувањето на студиите таа почнала да работи во Секретаријатот за европски прашања во Владата, кога настанала една апсурдна …
30.01.2007
СПОРЕД ПОСТАПКАТА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ФИРМА
Косово е деловен рај за Македонија
Томе Христов
Со еднодневна постапка за регистрација на фирма, што чини околу десет евра, во Косово е многу полесно да се почне бизнис отколку во Македонија и во соседна Србија, покажува водичот за прекугранична трговија што под покровителство на институтот „Исток-запад“ го изработија експертите од Центарот за истражување и креирање политики…
28.01.2007
ПОТРЕБНА Е ПОЕДНОСТАВНА НОСТРИФИКАЦИЈА НА СТРАНСКИТЕ ДИПЛОМИ
Билјана Стефковска
Доколку сте студирале на странски универзитет и сакате да ја нострифицирате дипломата во земјава, мора да ги исполните 15-те услови за признавање на дипломата, ќе почекате и некоја година, а за сето ќе платите и над илјада евра.
Вака изгледа патот кој го поминуваат дипломците, магистрите и докторите на наука за признавање на своето знаење, сведочат изјавите на студентите во Центарот за истражување и креирање политики…
12.01.2007
ОГРАНИЧУВАЊЕ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНА ДЕЈНОСТ НА ЛЕКАРИТЕ
Центар за Истражување и Креирање на Политики (ЦИКП) е независен и непрофитен истражувачки институт настанат како резултат на потребата од независни, темелни и точни истражувања во областа на применетите (јавните) политики…
05.01.2007
Трансбалканска соработка
МЛАДИТЕ ВО АКЦИЈА
Младите велат дека не е доволно само да постојат институции кои ќе ги таргетираат проблемите и кои се фокусирани кон нивно решавање, туку потребни се ефекти и видливи резултати…
26.12.2006
ДА СЕ УЧИ ЗА СВОЈАТА ИЛИ ЗА СИТЕ РЕЛИГИИ?
Двоен аршин за воведување веронаука во училиштата н Учениците од петто одделение најверојатно ќе може да избираат дали ќе учат за сите религии или пак само за сопствената …
23.11.2006
АНКЕТА: РЕФ. МЕРКИ НА ВЛАДАТА ПОДДРЖАНИ…
Центарот за истражување и креирање политики (www.crpm.org.mk) во денешното соопштение информира дека минатата недела спровел анкета чии резулати покажуваат дека реформските мерки на Владата се поддржани од граѓаните. Одлуката на Владата да се забрани дополнителната работа на државните лекари…
23.11.2006
ДА СЕ ЗАБРАНИ ДОПОЛНИТЕЛНАТА РАБОТА
Дури 62 отсто од испитаните граѓани во Македонија ја поддржуваат одлуката на Владата да се забрани дополнителната работа на државните лекари во приватните болници и амбуланти, 40 проценти се изјасниле против одлуката на Владата за воведување рамен данок, а цели 82 отсто се изјасниле за средното образование да биде задолжително. Ова го покажа анкетата што изминатава недела ја спроведе Центарот за истражување и креирање политики врз 1.080 испитаници…
23.11.2006
ГРАЃАНИТЕ ГИ ПОДДРЖУВААТ ВЛАДИНИТЕ РЕФОРМИ
Реформските мерки на владата се поддржани од граѓаните, покажува последната анкета на Центарот за истражување и креирање политики, спроведена минатата недела на примерок од 1080 испитаници. Со поддршка од 82 проценти од граѓаните, убедливо најпопуларна мерка на владата е најавата за воведување на задолжително средно образование. Две третини од испитаниците, пак, ја одобруваат одлуката на владата за забрана на дополнителната работа на државните лекари во приватните болници и амбуланти …
23.11.2006
ГОЛЕМА ПОДДРШКА ЗА МЕРКИТЕ НА ВЛАДАТА
Реформските мерки на Владата се поддржани од граѓаните, покажува последната анкета на Центарот за истражување и креирање политики (ЦРПМ). Истражувањето било направено во минатата недела, а биле опфатени 1.080 испитаници. Најголема поддршка, од 82,7 отсто, добила најавата за задолжително средно образование. Одлуката на Владата да се забрани дополнителната работа на државните лекари во приватните болници и амбуланти е поддржана со 62,6 отсто. За воведениот рамен данок се изјасниле 41 отсто, а 39,6 отсто се против оваа мерка на Владата …
12.11.2006
Wyborcze kremówki
Wszyscy goście biorą udział w projekcie “Wspólny Głos” /INTERIA.PL
W KILKU KRAKOWSKICH ORAZ MAŁOPOLSKICH KOMISJACH WYBORCZYCH POJAWIŁA SIĘ W NIEDZIELĘ NIETYPOWA DELEGACJA
Szesnastu obserwatorów reprezentujących organizacje pozarządowe i komisje wyborcze z Bośni i Hercegowiny oraz Macedonii, w towarzystwie organizatorów z Wyższej Szkoły Europejskiej im. Tischnera już od wczesnych godzin rannych obserwowało techniczne aspekty procesu głosowania. Na dziesiątki pytań zadawanych przez członków delegacji, …
01.11.2006
ДИЛЕМИ ЗА НОВИОТ УЧИЛИШТЕН ПРЕДМЕТ Ризикот поголем од придобивките на веронауката
Поделбата на децата по верска основа ќе биде најголемата закана од воведувањето на новиот предмет, смета аналитичарот Бимбиловски
Класична веронаука не ќе може да се воведе во основното образование бидејќи е спротивна на сегашниот Закон за основното образование и на Уставот, тврди Иван Бимбиловски, …
16.10.2006
КАЈ НАС НАЈМНОГУ СЕ ОБЛОЖУВААТ НАЈСИРОМАШНИТЕ Дури 29 отсто од лицата што се обложуваат се изјасниле дека немаат редовни месечни примања
Речиси три четвртини (73,5 отсто) од македонските граѓани со примања пониски од просечните во државава се обложуваат во спортските обложувалници, а речиси една третина (29 отсто) се изјасниле дека немаат никакви месечни лични примања. Ова го покажува вториот дел од анализата на спортско обложување …
07.10.2006
ДИПЛОМИ Одлив или наплив на мозоци
Да престанеме да ги оценуваме програмите на универзитетите во Кембриџ, Оксфорд или во Париз, нивните дипломи треба да се признаат веднаш.Како државата планира да ги врати нашите магистри и доктори на наука, дипломирани на светски познати факултети? Во услови кога во Македонија едвај 10 отсто од населението има завршено факултет, …
24.09.2006
ВЕРОНАУКА: КАКО ДА СЕ ИЗБЕГНАТ ГРЕШКИТЕ ОД 2002-ТА?
Наставната програма треба да е во формата „учење за верата“ и да опфати изучување на главните домашни религии. Неа треба да ја изведуваат теолози делегирани од верските заедници чија религија се изучува. Веронауката треба да е посебен и задолжителен наставен предмет, …
24.09.2006
КАКО ПОЛЕСНО ДА НИ ДОЈДАТ И ДА ОДИМЕ ВО СВЕТОТ Евтини летови до Македонија невозможна мисија?
Македонија, ‘бисерот балкански’, е мала земја сместена во југоисточниот дел на Европа. Богата е со природни убавини, езера, планини и бањи. Главните туристички летувалишта се наоѓаат околу трите езера, Охридско, Преспанско и Дојранско, и ги претставуваат најатрактивните туристички дестинации во земјата.Ова се фактите што обично се наведуваат во брошурите што ги издава Министерството за економија (оддел за туризам). Од почетокот на јуни, Македонија се рекламира на светско ниво преку промотивна реклама на глобалната телевизиска мрежа Си-ен-ен. Рекламата се емитуваше 253 пати …“
11.09.2006
АНАЛИЗА НА ЦЕНТАРОТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКИ
ЕВТИН ЛЕТ КОН СКОПЈЕ – НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА
За да се надмине ваквата состојба се препорачува што поскоро спроведување на Спогодбата за единствено европско небо. Македонските граѓани не само што имаат мал избор на директни летови кон поголемите светски градови туку плаќаат и скапи авиобилети, се вели во анализата на Центарот за истражување …
14.08.2006
ОСУМ ОД ДЕСЕТ МАКЕДОНЦИ ОЧЕКУВААТ ПОДОБРА ЕКОНОМИЈА
Подобрување на економската состојба од новата влада очекуваат 84,2 од граѓаните на Република Македонија, посочуваат резултатите од анкетата спроведена од Центарот за истражување и креирање политики во јули, врз основа на репрезентативен примерок од 1.135 испитаници.
14.08.2006
ЦЕНТАР ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКИ ГРАЃАНИТЕ СО ОПТИМИСТИЧКИ ОЧЕКУВАЊА ОД ВЛАДАТА
Приоритет на новата влада треба да бидат економскиот развој, вработувањата и намалување на сиромаштијата.
Повеќе од 80 отсто од граѓаните во Македонија очекуваат дека новата влада ќе ја подобри економската состојба во државата. Ова го покажуваат истражувањата што во јули годинава …
12.08.2006
ОД НОВАТА ВЛАДА СЕ ОЧЕКУВА ПОДОБРА ЕКОНОМСКА СОСТОЈБА
Подобрување на економската состојба од новата влада очекуваат 84,2 од граѓаните на Македонија, посочуваат резултатите од анкетата спроведена од Центарот за истражување и креирање политики во месец јули, врз основа на репрезентативен примерок од 1.135 испитаници. За 34,8 проценти од испитаниците приоритет на владата треба да бидат економскиот развој на земјата, за 32,6 проценти тоа се нови вработувања, а за намалување на сиромаштијата се определиле 16,8 отсто од испитаниците. Приближно ист процент анкетирани или околу 1,5 проценти не ги сметаат за приоритет меѓуетничките односи и спроведувањето на Охридскиот договор, а интеграцијата во Европска унија е приоритет само за 1,6 отсто од граѓаните. Во однос на 2002 година 45,6 отсто од испитаниците се изјасниле дека стандардот им е полош, приближно ист е за 39,3 проценти, а 10 отсто рекле дека стандардот им е подобрен.
(More…)
12.08.2006
МЕЃУЕТНИЧКИТЕ ПРОБЛЕМИ СЕ УШТЕ СЕ ОТВОРЕНИ, СМЕТААТ ГРАЃАНИТЕ Подобрување на економската состојба е основен приоритет на 84,2 отсто од граѓаните Главно очекување на граѓаните од идната влада е надминувањето на економските проблеми, но не опаѓа интересот за надминување и на политичките и на меѓуетничките проблеми. Ова се главните поенти по анкетата спроведена од Центарот за истражување и креирање политики во јули врз основа на репрезентативен примерок од 1.135 испитаници. Во прилог на ова тврдење оди податокот од истражувањето кој покажува дека само околу 1,3 отсто од граѓаните не ги сметаат за приоритет меѓуетничките односи, а 1,5 процент спроведувањето на Охридскиот договор. Остатокот од испитаниците, поточно 98,5, односно 98,7 отсто од граѓаните, сметаат дека овие прашања сж уште се отворени и топ-приоритети за решавање.
23.07.2006
А, ТАКАНАРЕЧЕН ПАРЛАМЕНТ НА ДУИ?
Изборите поминаа, но што сега? Кој победи? Македонците, Албанците, Република Македонија ? Веројатно најдобри избори ќе има(в)ме доколку имаше предизборни коалиции и заеднички листи помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, како и помеѓу ДУИ и СДСМ. Во тој случај изборната победа на едните или на другите ќе беше чиста и нема да имаше проблеми и закани за тоа кој со кога постизборно да коалицира. За жал, ние се уште не сме стигнале до тој граѓански концепт и политичка култура. И затоа имавме такви какви што имавме и листи и избори, и граѓаните гласаа за тие што сакаат да ги претстават во законодавната и извршната власт. Просто кажано, Македонците гласаа за своите миленици, додека Албанците за своите…
16.07.2006
АНАЛИЗА: ГОЛЕМ ПОРАЗ ЗА СДСМ -МАЛА ПОБЕДА ЗА ВМРО-ДПМНЕ
Иако на последните парламентарни избори коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постигна убедлива победа во однос на таа предводена од СДСМ (44 наспрема 32 мандата, односно 303.149 наспрема 217.670 гласа) јасно е дека на долги патеки и двете партии не можат да бидат задоволни од резултатите.
11.07.2006
СПОРЕД ЦЕНТАРОТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКИ
Секој трет жител се обложува
Анкетата покажува дека најмногу обложувачи има во Делчево – 63 отсто, а најмалку во Гостивар – 29 отсто, а од жените најмногу се обложуваат оние до 25 годишна возраст.Секој трет жител или 37 отсто од населението во Македонија се обложува во спортските обложувалници. Најголем процент отпаѓа …
11.07.2006
СЕКОЈ ТРЕТ МАКЕДОНЕЦ СЕ ОБЛОЖУВА ДУРИ 48 ОТСТО ОД ГРАЃАНИТЕ ДО 25 ГОДИНИ СЕ ОБЛОЖУВААТ
Секој трет Македонец се обложува, или поточно дури 37 проценти од граѓаните на Македонија за време на Светското првенство во фудбал во Германија ја користеа можноста и се обложуваа во спортските обложувалници во земјава. Ова е резултат од последната спроведена анкета на база на репрезентативен примерок на …
11.07.2006
ОБЛОЖУВАЊЕТО СТАНА НАЦИОНАЛЕН СПОРТ
Обложувањето во Македонија стана еуфорично, а него го практикува речиси секој трет жител, односно 37 отсто од населението
Обложувањето во Македонија стана еуфорично, а него го практикува речиси секој трет жител, односно 37 отсто од населението, покажала анкетата на Центарот за истражување и креирање политики.
11.07.2006
СЕ ПОАКТУЕЛНА МОЖНОСТА ЗА УЧЕСТВО НА ДУИ И ДПА ВО НОВАТА ВЛАДА, ЕКСПЕРТИТЕ СМЕТААТ: ПОКРАЈ НЕТРПЕЛИВОСТА, СЛИЧНИ СТАВОВИ ЗА ВАЖНИ ДРЖАВНИ ПРАШАЊА
Иако во последниве четири години двете најголеми партии од албанскиот блок ДУИ и ДПА имаа различни политички ставови, а нетрпеливоста кулминираше во првиот дел од изборната кампања со неколку оружени инциденти сепак се поактуелна е можноста за коалицирање и на двете партии во идната влада. Политиколозите сметаат дека без разлика не нетрпеливоста кога се работи за важни државни прашања и двете партии имаат слични ставови.
10.07.2006
ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ОБЛОЖУВА СЕКОЈ ТРЕТ ЖИТЕЛ
Во Македонија секој трет жител или 37 отсто од населението се обложува во спортските обложувалници. Најголем процент отпаѓа на младата, посебно машка популација, покажуваат резултатите од истражувањето што минатиот месец го спроведе Центарот за истражување и креирање политики.
10.07.2006
ЕДНА ТРEТИНА ОД МАКЕДОНЦИТЕ СИ ЈА ПРОБУВААТ СРЕЌАТА ВО СПОРТСКИТЕ ОБЛОЖУВАЛНИЦИ
Триесет и седум проценти од граѓаните во Македонија се обложуваат во спортските обложувалници. Да си ја испитаат среќата повеќе сакаат мажите, тие речиси осум пати повеќе од жените сакаат да се обложуваат. Вакви податоци се добиени од телефонска анкета на Центарот за истражување и креирање политики.
10.07.2006
ОБЛОЖУВАЊЕТО ВО СПОРТСКИТЕ ОБЛОЖУВАЛНИЦИ СТАНА ТРЕНД
Попрво обложување во спортските обложувалници, отколку одење в театар. Популарното кладење е тренд кај младата популација, утврдиле од Центарот за истражување и креирање политики.
13.06.2006
Истражување
НАД 60 ОТСТО ГРАЃАНИ СЕ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ ВЕРОНАУКА ВО УЧИЛИШТАТА
Над 60 отсто од граѓаните сметаат дека треба да се воведе веронаука во училиштата, покажа истражувањето на Центарот за истражување и креирање политики кое беше презентирано вчера. Истражувањето е реализирано во мај годинава, врз репрезентативен примерок од 1.050 испитаници со теренска и телефонска анкета. За воведување веронаука во образованието се изјаснило мнозинството од сите етнички групи, а така размислуваат и повеќето испитаници над 18 години. Според анкетата, повеќето граѓани имаат став дека веронауката би требало да се изучува како посебен предмет, а учениците не би требало да се двојат по верска или полова основа. Преовладува мислењето дека часовите по веронаука би требало да ги опфатат само главните домашни религии. (Ж.Ѓ.)
(More…)
13.06.2006
Анкета на центарот за истражување
61 ПРОЦЕНТ ОД ГРАЃАНИТЕ САКААТ ВЕРОНАУКА…
13.06.2006
Анкета на центарот за истражување и креирање политики
Поддршка за изучувањето веронаука
Треба да се слуша гласот на народот и да се воведе веронаука, а предавачи да бидат теолози, изјави поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан
Веронауката задолжително да се изучува во основно еден час неделно, а наставата да ја држат теолози, сметаат мнозинството од 1.050 граѓани, анкетирани од Центарот за истражување и креирање политики. Резултатите, кои беа презентирани вчера во Скопје, покажуваат дека 436 сметаат оти предметот треба да го предаваат теолози, 319 се за веронауката да се изучува во повисоките одделенија, а 277 испитаници предложиле да се предава четири години. За практична настава се 67 отсто, односно 451 граѓанин, што значи посета на верски објекти и молитва. Продолжување на верското наследство и обичаите и зајакнувањето на меѓусебната толеранција се одговорот на прашањето која е главната цел на воведувањето веронаука во јавното образование во земјава. Околу 64 отсто од анкетираните, односно 139 граѓани што одговориле дека се „за“ веронаука биле на возраст 26 до 35 години. Од 67 анкетирани на возраст од 19 до 25 години бараат да се изучуваат главните домашни религии, а само 30 на таа возраст кажале дека е добро да се изучуваат светските религии…
13.06.2006
Македонија
ВОВЕДУВАЊЕ НА ВЕРОНАУКА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО
Мнозинството граѓани , 61 процент од различни етнички заедници,се изјасниле дека сакаат да се воведе веронаука во училиштата – покажала анкетата на центарот за истражување и креирање политики. Педесет и осум проценти сметаат дека веронауката треба да биде застапена со еден час неделно, да ја предаваат теолози кои ќе ги предложат верските заедници и учениците при одржување на овие часови да не разделуваат по верска основа. Сепак само околу 26 проценти рекле дека веронауката треба да биде задолжителен предмет.
„Лоцирани се две причини, продолжување на верското наследство и потреба од зајакнување на меѓусебната политика“, вели Слаѓана Костовска.
Архиепископот Стефан ја подржува идејата за веронаука, но вели дека ќе мора да се консултира МПЦ и другите врски заедници за тоа што ќе се предава на овие часови.
Од центарот за истражување најавија дека податоците на анкетата ќе ги достават и до ресорната комисија во министерството за образование. Таму засега се противат на ваквата идеја. Но, најавуваат дека од септември во наставата ќе се воведе историја на религија.
(More…)
13.05.2006
ШИВАЧКИТЕ БИЛЕ НЕОБРАЗОВАНИ
Македонскиот текстил ќе биде поконкурентен ако се избегне царината од 12 отсто за извоз во европската унија и со подобрување на образованието на вработените.
06.05.2006
ОБЛЕКА ЗА ЕВРОПА И КРПЕН ЖИВОТ
Извозот на текстилните производи во Македонија учествува со повеќе од 45 проценти од вкупниот. Најмногу има извоз на памучни блузи и кошули наменети за европскиот пазар, иако се уште се работи по системот “користење евтина работна сила”.
29.03.2006
ПРЕЗЕНТИРАНА СТУДИЈАТА “МАКЕДОНСКА ОБЛЕКА ЗА ЕВРОПА”
Скопје, 29 март (МИА) – Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) денеска во Скопје ја презентира конечната верзија на студијата “Македонска облека за Европа”.
Целта на студијата, како што кажа извршниот директор на ЦИКП Жидас Даскалоски на денешната прес-конференција, е да расветли еден од структурните проблеми со кои се соочува Македонија што може да помогне за објаснување на високата стапка на невработеност и слабодоходовниот извоз.
(More…)
29.03.2006
ПАНЕВРОПСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА СПАС ЗА ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА
Македонската текстилна индустрија останува недоходовна и покрај се поголемиот број погони што се отвораат. Ова е анализата на центарот на истражување и креирање политики од каде главните недостатоци ги лоцираат во високите царини, ниското социјално и пензиско осигурување и недоволно обучениот кадар.
„Кај нас или немаат никакво или имаат само основно образование“, вели Жидас Даскаловски.
Конкурентноста на македонските текстилни производи би можел да се подобри со членство во паневропската асоцијација, проценува центарот за анализи зошто би се користеле бенефициите од здружувањето.
„Ако Македонија е членка на таа асоцијација македонските производители ќе имаат поконкурентни производи затоа што во просек 12 отсто царина нема да ја плаќаат текстилците кога ќе извезуваат“, вели Жидас Даскаловски.
Производството на текстил е најголема индустриска гранка која вработува над 36 илјади лица. Во 2004та извозот на облека сочинувал 32 отсто од вкупниот македонски извоз. Сепак и покрај ваквите бројки земјава нема стратегија за развој на текстилната индустрија.
(More…)
29.03.2006
ПРЕЗЕНТИРАНА СТУДИЈАТА МАКЕДОНСКА ОБЛЕКА ЗА ЕВРОПA
Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) денеска во Скопје ја презентира конечната верзија на студијата “Македонска облека за Европа”. Целта на студијата, како што кажа извршниот директор на ЦИКП Жидас Даскалоски на денешната прес-конференција, е да расветли еден од структурните проблеми со кои се соочува Македонија што може да помогне за објаснување на високата стапка на невработеност и слабодоходовниот извоз…
23.12.2005
СКРИЕН ПРОТЕКЦИОНИЗАМ
Огромен дел од извозот на македонскиот текстил и облека е наменет за пазарите на ЕУ и затоа главните аспекти на надворешната политика на ЕУ во врска со воспоставувањето преференцијален третман или слободна трговија со т.н. земји во развој (земјите од Југоисточна Европа) се посебно значајни за оваа индустрија. Со овие договори балканските земји добиваат подобрен пристап и намалени царински стапки кога извезуваат на пазарите на ЕУ. Од друга страна, пак, во секој договор за слободна или преференцијална трговија што ЕУ го потпишува со земјата во развој се предвидуваат долга листа правила за потеклото. Целта на овие правила е заштита од трговски заобиколки и јасно дефинирање и означување на националноста на стоките, така што само стоките што доаѓаат од земјите-кориснички може да имаат преференцијален третман. Некои автори тврдат дека овие правила дејствуваат како потенцијална алатка за подигање скриени трговски бариери во корист на развиената земја, која ги наметнува правилата…
(More…)
01.10.2005
Кинескиот текстил влева страв
ТЕШКАТА КОНФЕКЦИЈА Е СПАСОТ ЗА ТЕКСТИЛЦИТЕ
Ако текстилните фабрики, од кои најголем број се сконцентрирани во Штип, не се преориентираат кон тешка конфекција по први јануари, кога ќе се либерализира светскиот пазар, ќе треба да се затворат, беше речено на вчерашната презентација на СИКП-институтот, која се одржа на Скопски саем.
– Во текстилната индустрија се вработена 24,9 отсто од популацијата, а 20 отсто од бруто-домашниот производ отпаѓаат на текстилот и затоа значењето на оваа индустриска гранка е големо за земјава – рече Мирјана Тодоровска, раководителка на проектот на СИКП.
Според неа, 24 отсто од вкупниот извоз отпаѓаат на текстил поради што в година ќе има негативни последици и врз буџетот…