| Newest | 08 | 07 | 06 | 05 | 04 | 03 | 02 | 01 |
04.02.2009
ПОЛИТИЧАРИТЕ СЕ ПОДЕЛИЈА НА БУКЕФАЛИСТИ И СЛОВЕНИСТИ
Ивана Костовска
Трагање по античките корени на Александар Македонски или следење на стапките на средновековните просветители Кирил и Методиј? Во политичката дебата, која ја загрева јавноста пред почетокот на кампањата за претстојните избори, политичарите меѓусебно се поделија на букефалисти и словенисти. Стручната јавност тврди дека со актуелните дебати се случува политизација на историјата. Разликите во интерпретирање на македонското минато
03.02.2009
МАКЕДОНИЈА СЕ’ УШТЕ ТРЕБА ДА ВЕЖБА БУЏЕТСКА ТРАНСПАРЕНТНОСТ
Александрија Стевковска
Половина од испитуваните земји се во можност да скријат непопуларни, расипнички и коруптивни трошоци
Македонија се вбројува во групата земји кои на јавноста и’ презентираат само селектирани информации за буџетскиот процес и е рангирана како земја која има 54 отсто буџетска транспарентност, покажува Студијата на индексот за буџетска транспарентност…
(More…)
30.01.2009
ПРЕД ИЗБОРИ БРОЈНИ ВРАБОТУВАЊА ВО ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ Експертите велат дека ваквата појава е во спротивност со принципите во Изборниот законик
Вработувања пред избори, во обид да се освојат симпатиите на потенцијалните гласачи, и да се дојде до повеќе гласови. Ова е сликата која се повторува пред секој изборен циклус во земјава, а за што континуирано се обвинуваат партсиките ривали. Иако од Агенцијата за државни службеници информираат дека заклучно со ноември 2008 година се вработиле над 13 000 луѓе на централно и на локално ниво, од Европската Унија не престануваат барањата за мала.
(More…)
30.01.2009
КАМПАЊА ПРОТИВ СЕМЕЈНОТО ГЛАСАЊЕ
Мојот глас моја одлука е слоганот на кампањата против семејното гласање која официјално започнува денеска. Кампањата главно ќе се води во 1, 2 и 6-та изборна единица каде семејното гласање го има најмногу. За да се спречи оваа појава ќе се делува директно до семејствата и индиректно преку медиумската кампања…
(More…)
30.01.2009
КАМПАЊА ПРОТИВ СЕМЕЈНОТО ГЛАСАЊЕ ВО ТЕТОВО
Политичките партии се главни поттикнувачи на семејното гласање. Тие имаат поголем интерес да си обезбедат победа отколку фер избори. Ова беше истакнато на вчерашното промовирање на кампањата против семејно гласање „Мојот глас, моја одлука“, во Тетово. Освен политичките партии, на таквата појава влијаат и семејството, државните институции, ДИК, избирачките одбори…
(More…)
30.01.2009
„АНТИКО“ ВО КАМПАЊА ПРОТИВ СЕМЕЈНОТО ГЛАСАЊЕ
ТЕТОВО – Центарот за истражување и креирање политики и женската граѓанска асоцијација „Антико“, поддржани со програмата на Обединетите нации за развој, вчера во Тетово ја промовираа кампањата „Мојот глас – моја одлука“ против семејното гласање и гласање во име на друг…
(More…)
29.01.2009
FUSHATË KUNDËR VOTIMIT FAMILIJARË
Qendra për krijimin e politikave bashkë me Iniciativën Qytetare të Grave ‘Antiko’ fillon fushatën mediatike kundër votimit familjar.
Paralelisht me këtë do të organizohen takime të drejtëpërdrejta me qytetarët në njësinë e parë, të dytë dhe të gjashtë zgjedhore të cilat ishin edhe më të prekurat nga ky fenomen në zgjedhjet e kaluara. Përveç rritjes së vetëdijes tek qytetarët, drejtuesit e projektit do të kërkojnë edhe nga partitë politike që të ndihmojnë në ndalimin e fenomeneve të tilla. “Për fat të keq nuk ndjejmë gadishmëri nga partitë politike për të parandaluar problemin e tillë pasi atyre u konvenon që sigurojnë karrigat …
(More…)
29.01.2009
ПРОМОВИРАНА КАМПАЊАТА ПРОТИВ СЕМЕЈНОТО ГЛАСАЊЕ
„МОЈОТ ГЛАС – МОЈА ОДЛУКА”
Семејното гласање покрај семејството го создава и самото општество ,а пред се политичките партии. Ова е еден од заклучоците на анализата на Центарот за истражување и креирање политики и женската граѓанска иницијатива Антико направена пред почетокот на кампањата против семејното гласање и гласање во име на друг “Мојот глас – моја одлука”.
Политичките партии имаат негативна улога, не ретко тие го генерираат проблемот. Често во прилог им е семејното гласање бидејќи повеќе се заинтересирани за изборна победа отколку за фер и мирни избори, истакна Сања Костовска, аналитичар во Центарот за истражување и креирање политики.
(More…)
29.01.2009
ВО ТЕТОВО ПОЧНА КАМПАЊА ПРОТИВ СЕМЕЈНОТО ГЛАСАЊЕ ПОД МОТО – „МОЈ ГЛАС, МОЈА ОДЛУКА“
„Мојот глас, моја одлука“. Ова е слоганот на кампањата против семејно гласање која започна денес. Со видео спотови и промотивни материјали невладини организации ќе се обидат да ја подигнат свеста кај граѓаните. Скопската, Кумановската и Тетовската изборна единица се најпогодени од оваа појава.
– Проблемот на семејно гласање или гласање во име на друг е најмногу присутен кај албанската и ромската популација. – изјави Ристе Змејкоски…
(More…)
29.01.2009
КАМПАЊА ПРОТИВ СЕМЕЈНО ГЛАСАЊЕ
Зоран Јованоски
„Мојот глас – Моја одлука“ е проект со кој се стартува кампањата против семејно гласање и гласање во име на друг, кој го реализира Центарот за истражување и креирање политики и Женската граѓанска иницијатива АНТИКО.
Во првата, втората и шестата изборна единица се реализира оваа кампања. Средини со мнозинско албанско и ромско население, во кои е најзастапен овој проблем.
„Тоа е во однос на патријархалниот менталитет кој постои, главата на семејството да одреди за партијата за која гласа тој, да гласаат и другите членови на семејството“, изјави Ѓунер Небиу, претседателка на женската граѓанска иницијатива АНТИКО…
(More…)
28.01.2009
АНТИКАТА ЌЕ ЈА РАЗГОРИ БИТКАТА МЕЃУ ИВАНОВ И ФРЧКОСКИ
Ивана Костовска
Антиката, идентитетот и црвената линија за преговорите за името се жешките прашања околу кои ќе се води предизборната битка меѓу Ѓорге Иванов и Љубомир Фрчкоски, кандидати од двете најголеми партии. Копјата на Иванов и на Фрчкоски веќе почнаа да се кршат околу античкото минато. Веднаш откако ВМРО-ДПМНЕ го изгласа за претседателски кандидат, Иванов истакна дека Македонија има моќ бидејќи има длабоки корења, кои некој сака да ги исече и да ја прикаже земјата со плиток корен, а Фрчкоски, пак, ја обвини власта дека ги одбрала Пела…
(More…)
27.01.2009
КАКВА ПРЕТСЕДАТЕЛСКА КАМПАЊА НЕ ОЧЕКУВА?
Ќе провејува нов дух, но сигурно ќе биде присутно и партиското влијание, сметаат експертите
Нов дух сигурно ќе провејува во текот на претседателската кампања, со оглед на очекувањата дека ќе ја обележат главно кандидатите на опозицијата и власта, Фрчковски и Иванов веќе докажани универзитетски професори, кои прават обиди да се покажат како натпартиски кандидати, но …
(More…)
26.01.2009
ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО ВО ФРИЖИДЕР ДО СЕПТЕМВРИ
Преговорите за името меѓу Македонија и Грција годинава остануваат под мраз без никаква надеж да резултираат со можно решение за името. Претстојните избори во Македонија, можните предвремени избори во Грција, како и периодот кој ќе и биде потребен на новата администрација во Белата куќа за да се запознае со проблематиката, годинава ќе ги остават преговорите во мртва точка, велат анализите на професорите и аналитичарите. Иако се очекува преговарачкиот процес под посредство на Метју Нимиц …
(More…)
26.01.2009
КАДЕ ВОДАТ ГРЧКИТЕ ПРОТЕСТИ?
ЌЕ ДОНЕСЕ ЛИ СМЕНАТА НА ВЛАСТА ВО ГРЦИЈА, РАЗДВИЖУВАЊЕ ВО ПРОЦЕСОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ?
Се поизвесно Грција ќе оди на вонредни парламентарни избори. За грчките медиуми, веројатен датум за нив е март или април годинава.
Според сегашниот однос на силите, ПАСОК на Папандреу е идниот властодржец. Рејтингот на левичарската ПАСОК во моментов е над актуелната владејачка Нова Демократија на Караманлис, која е обременета со многуте скандали, декемвриските немири, па и последните протести на фермерите …
(More…)
22.01.2009
ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ИВИЦА БОЦЕВСКИ ЌЕ ИМ СЕ ПРИДРУЖИ НА МАКЕДОНСКИТЕ СТУДЕНТИ НА ПРОТЕСТИТЕ ВО БРИСЕЛ ПРОТИВ ШЕНГЕНСКИОТ ЅИД Опозицијата го поздравува протестот на студентите, но не и присуството на владата
Преку простести пред европските институции македонските студенти во Брисел ќе го изразат својот револт кон шенгенскиот ѕид. Денеска во Брисел замина и вицепремиерот за европски прашања Ивица Боцевски. Најави дека и тој ќе присуствува на утрешните протести…
(More…)
21.01.2009
САД НЕМА ДА ЈА МЕНУВААТ РЕГИОНАЛНАТА ПОЛИТИКА ОБАМА „БАЛКАНЕЦ“ КОЛКУ И БУШ
Американската политика кон Балканот и кон Македонија нема многу да се промени затоа што новиот претседател Барак Обама најпрво ќе се зафати со решавање на проблемите во сопствениот двор, а дури потоа би можел да се занимава со проблемите во овој регионот, сметаат некои од домашните експерти и политичари. Според нив, иако не можеме да очекуваме толку отворена поддршка како од претхорниот претседател Џорџ Буш, САД ќе настојуваат што побргу да се реши спорот со името и да се отвори вратата за наше влегување во НАТО…
(More…)
19.01.2009
БАРАК ОБАМА – ИСТОРИСКА ЛИЧНОСТ ИЛИ СТРИП-ЈУНАК
САД И СВЕТОТ ОЧЕКУВААТ СУПЕРМЕН
Мирка Велиновска
Во вторник, на 20 јануари, во Вашингтон со помпезна церемонија за која одамна се распродадени сите карти, ќе се изврши инаугурацијата на Барак Обама. Неговиот избор за претседател на најмоќната држава веќе е опишан како историски настан само зашто, по волја на гласачите, белата боја на кожата е заменета со темна. И фактички, преку врвната моќ, Американците се збогуваа со една традиција за која не е извесно дали кога било ќе ја следат партнерите на САД во Европа и во Австралија. Сепак, коцките за Барак Обама се наместија …
18.01.2009
ДАЛИ ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ГЛАСААТ ЗА ЛИЧНОСТ ИЛИ ЗА ПАРТИЈА?
Битно е да е харизматичен, но не е безначајно и дали има партиска поддршка. На претседателските изборите ќе победи кандидат што ужива висок личен рејтинг, но има и барем минимална логистичка поддршка од некоја партија. „Ќе гласаат и за личност и за партија. Колку што повеќе, потенцијалниот кандидат за претседател е по харизматичен, толку би ги привлекол и тие неактивните партиски симпатизери и не определените гласачи“, изјави Дритон Небиу …
(More…)
17.01.2009
Саботна анализа на Радио Слободна Европа: ШТО МОЖЕ ДА ОЧЕКУВА МАКЕДОНИЈА ОД НОВИОТ АМЕРИКАНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ БАРАК ОБАМА
Првиот афроамерикански претседател Барак Обама претстојнава недела и официјлано ја презема должноста. Изминативе три месеци по неговиот избор, светот прави анализи и очекувања, за тоа што ќе донесе новата администрација, а бројни дебати за евентуални можни промени на македонско-американско пријателство се отворија и во земјава. Балканот, пред новите предизвици како глобалната економска криза, Ирак, Авганистан, проблемите на Блискиот Исток, можеби …
14.01.2009
ДЕМОКРАТИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА НАЗАДУВА, УКАЖУВА „ФРИДОМ ХАУС“
Македонија повторно се вбројува во групата на „делумно слободни држави“, но со надолен тренд
Даниела Трпчевска
Нови неповолни резултати за состојбата со демократијата во земјава пристигнаа од Вашингтон. Невладината организација „Фридом хаус“, во својот најнов извештај што беше објавен вчера, анализирајќи ја состојбата во 193 држави во светот, констатира назадување на демократијата во Македонија. На скалата од еден до седум, на која еден е најдобра оценка, земјава доби „тројка“ за политичките и за човековите права…
13.01.2009
МИНИШЕНГЕН-ЗОНА ЗА АЛБАНЦИТЕ ИЛИ ЗА БАЛКАНЦИТЕ
Елизабета С. Илиевска
Слободен протек на луѓе и идеи меѓу сите Албанци во регионот или идеја за обединување на државите од Западен Балкан за нивно олеснето влегување во меѓународните институции. Интелектуалците се поделени во однос на замислата на претседателите на Албанија и Косово, Топи и Сајдиу, меѓу државите од регионот да се формира минишенген-зона, каде што граѓаните би патувале само со лични карти. Според албанските експерти…
11.01.2009
АЛБАНАЦ ПРЕДСЕДНИК МАКЕДОНИЈЕ?
Имер Селмани, бивши министар здравља, једини је кандидат за председника Македоније за којег би гласали и Албанци и Македонци
Скопље – Кад је почетком прошлог месеца у Македонији „отворен конкурс” за председничке кандидате, уз дилему ко би на пролећним изборима заменио актуелног председника Бранка Црвенковског, постављено је и питање дали би то могао бити и један Албанац.
Оно је свакако произашло из планетарне дебате која је у везиса избором Барака Обаме за председника САД, а македонску дилему о могућности да шеф државе постане припадник најбројније етничке групације, дакле Албанац, одагнала је анкета Центра за истраживање и креирање политике из Скопља…
07.01.2009
МАКЕДОНИЈА ИМА ПОТРЕБА ОД КОНСЕНЗУАЛНА ДЕМОКРАТИЈА
За да се развие консензуалната демократија во Македонија потреба е да се сфати дека парламентарното мнозинството не значи сила и надмоќ, туку одговорност и посветеност.
Ова се наведува во анализата на тема „Политичкиот дијалог во Македониоја по рамковниот договор“, изработена од докторантот по политички науки Дане Таневски за потребите на Центарот за истражување и креирање на политики…
06.01.2009
КАКО СЕ СТАНУВА ШЕФ НА ДРЖАВАТА
Гласовите од различни етнички заедници може да отидат кај еден кандидат ако тој ја има поддршката од партија што ги насочува избирачите. Критериуми за претседателските кандидати. Керим има најголем обединувачки потенцијал
Во октомври минатата година, кога „Глобус“ се обиде да анализира каква личност и’ е потребна на Македонија за шеф на државата…
02.01.2009
ПРЕДИЗВИЦИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА
Еден од предизвиците со кои се соочува Македонија на почетокот од 2009 е справувањето со економската криза.
Но другиот предизвик секако не е нов – натамошното приближување кон Европската унија и НАТО, во услови на блокади од Грција поради спорот со името.
Па кои се изгледите за успех?..
Деќември.2008
ОДЛУКИ БЕЗ ДЕБАТА: ФАКТОРИТЕ НА ДЕМОКРАТСКИ ДЕФИЦИТ ВО ПОЛИТИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА Ристо Карајков
Политичкиот процес во Македонија е склон кон донесување одлуки без посериозна јавна дебата. Понекогаш ова се однесува и на одлуки од коренито значење за одредени состојби за македонското општество кои имаат долготрајни ефекти. Притоа, овој недостиг на дебата не се однесува подеднакво на секој тип на политичка одлука, или политичко прашање. Додека некои прашања се предмет на долготрајни и интензивни јавни дискусии, други прашања, и покрај нивната важност, се одлучуваат со минимум, па и целосно отсуство на јавна дебата…
31.12.2008
ВЛАДАТА ЈА ПРОМОВИРА КОНЗЕРВАТИВНАТА ИДЕОЛОГИЈА Македонецот се учи да маршира само со десна
Владо Ѓорчев Стапувајте во брак помлади и раѓајте повеќе деца, не пијте алкохол по 19 часот, не пушете на јавни места, а ако го правите тоа, ставете го догорчето в џеб, учете веронаука и придржувајте се на десетте божји заповеди. Во спротивно, се соочувате со парични или со божји казни. Овие новини, иако ги замислија граѓаните, сепак предизвикаа реакции, од позитивни до негативни, а пред се воведоа еден нов начин на размислување во земјава…
(More…)
25.12.2008
ПОВТОРНО АКТУЕЛИЗИРАЊЕ НА НЕКОИ ГРАНИЧНИ ПРАШАЊА НА БАЛКАНОТ Нерешените прашања на Балканот инструмент на политиката и закана за безбедноста
Актуелниов миг покажува дека старото чувствително балканско прашање на границите секогаш има услови да се реактуелизира. Во денешниот контекст на евроинтегрирањето на поодделните држави од регионов тоа станува предмет на инструментализација. Сомничавоста на Грција кон македонските територијални претензии, актуелизирањето на хрвастко словенечкиот спор во пиранскиот залив како и сеуште незатворената македонско-косовска граница…
20.12.2008
САБОТНА АНАЛИЗА – СЛОБОДАТА НА КРИТИЧКИОТ ДИЈАЛОГ Под силно влијание на партиската моќ
Некои велат дека се започна од меѓусебното обраќање на политичките лидери и од начинот на меѓусебното обраќање на граѓаните. За дел од познавачите на приликите сето ова е поприлично надополнето од социјалниот амбиент и од македонскиот менталитет во чијашто основа премногу упорно и долго работи стравот. Како и да е, денеска во Македонија пред замирање се професиите како и јавно искажаното професионално мислење…
20.12.2008
Ни се топи довербата во ЕУ
За само шест месеци уверувањето на Македонците дека е добро членството во ЕУ е намалено за 21 отсто
Македонските граѓани ја губат довербата во Европската Унија, покажаа резултатите од новото истражување на Евробарометар, објавени во Брисел. Членството во ЕУ како „добро“ го оценуваат 62 отсто од Македонците, за 21 процент помалку во споредба со резултатите од анкетата пред шест месеци, кога желба за влез во Унијата …
19.12.2008
KERIM VODI U ANKETAMA
Četiri meseca uoči predsedničkih izbora u Makedoniji prednost među anketiranim građanima ima doskorašnji predsedavajući Generalnom skupštinom UN Srđan Kerim
Skoplje – Ako je suditi po prvim anketama agencija za ispitivanje javnog mnjenja, Srđan Kerim neće imati ozbiljnu konkurenciju na martovskim predsedničkim izborima u Makedoniji. U svim dosadašnjim anketama, doskorašnji predsedavajući Generalnom skupštinom UN, …
18.12.2008
СЕ ИСПИТУВА, АМА НЕ Е НАУЧНО ДОКАЖАНО ПОСТОИ ЛИ ЖИВОТ НАДВОР ОД ПАРТИИТЕ?
Се повеќе млади, веднаш по средното училиште, а некои и пред тоа, активно се вклучуваат во политички партии водејќи се, пред се, од кариеристички интереси. Честопати ова се случува по барање или по сугестија на родителите, кои сметаат дека „без партиска книшка нема вработување“. Идните академци се уверени дека со влегување во партија бргу ќе се вработат и ќе ги остварат своите политички и други лични амбиции…
(More…)
16.12.2008
ПРАВОСУДНИОТ ТЕНК НА ПОЛИТИКАТА ГО ЗГАЗИ БУЧКОВСКИ
Борис Георгиевски
По пресудата од 3,5 години затвор за бившиот премиер во аферата со набавката на резервни делови за тенковите. Начинот на кој изминатава недела двете најголеми политички партии во земјава, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ја бранеа независноста на судството, не остава простор за сомнеж дека и едните и другите таа независност ја сонуваат …
16.12.2008
ЗАРАДИ ПОУСПЕШНО СПРОВЕДЕНИ ИЗБОРИ
ПРОМОЦИЈА НА ПУБЛИКАЦИЈА ЗА КРЕИРАЊЕТО ПОЛИТИКИ ВО ОБЛАСТА НА ИЗБОРИТЕ
Невладината организација „Центар за истражување и креирање политики“ денеска, со поддршка на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје, ќе ја промовира публикација која вклучува анализи на креирањето политики и на развојот на методологиите во областа на изборите.
Публикацијата претставува корисно средство за сите чинители во изборниот процес, што придонесува кон подобрување на изборната легислатива и изборната практика во земјата…
16.12.2008
СТРОГИ ПРАВИЛА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ИЗБОРНИТЕ КАМПАЊИ
Политичките партии на овие локални и претседателски избори ќе мораат да кажат од каде им се партите за изборните кампањи. Ова е една од измените во новиот Изборен законик.
Државниот завод за ревизија во рок од 15 дена треба да објави извештај со потрошените партиски средства. Во спротивно доколку утврди неправилности во финансискиот извештај на организаторот на кампањата ќе ги извести надлежните органи заради поведување на соодветна постапка…
(More…)
16.12.2008
ЦРПМ:
ГЛАСАЧИТЕ БИ ПОДДРЖАЛЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ ОД ДРУГ ЕТНИКУМ
Граѓаните на Македонија се подготвени да гласаат за кандидат за претседател од друга етничка припадност, покажала најновата анкета на Центарот за истражување и креирање политика (ЦРПМ). Потврдно на тоа прашање одговориле 54,5 отсто од испитаниците под услов да им биде понудена квалитетна програма, а 11,9 отсто така би гласале ако немаат друг избор. По никоја цена тоа не би го сториле 32 отсто…
16.12.2008
РЕЈТИНГ НА ПАРТИИТЕ И НА ПОТЕНЦИЈАЛНИ КАНДИДАТИ ЗА СЛЕДНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ
Центарот за истражување и креирање политики објави анкета со рејтинг на партиите и на потенцијални кандидати за следните претседателски избори.
На прашањето – ако утре би се одржале парламентарни избори – 34,4 проценти би гласале за ВМРО – ДПМНЕ, 7,1 за СДСМ, 2 процента за ЛДП. Кај албанскиот блок ДУИ е во водство со 8,9 проценти, со 6,3 проценти следува Нова Демократија на Селмани, а 2,3 отсто се изјасниле за ДПА…
15.12.2008
ВМРО ДПМНЕ САМА ОДИ НА ИЗБОРИ?
ВМРО-ДПМНЕ се подготвува на локалните избори да настапи самостојно, откажувајќи им љубов на помалите партнери со кои беше во коалиција во претходните неколку изборни циклуси.
Извршниот комитет на партијата пред два дена дебатирал кој курс да се заземе спроти изборите напролет. Повеќето членови на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, искажале мислење дека е најдобро на избори да се настапи самостојно, тврдат за Алфа партиски извори…
15.12.2008
МАКЕДОНЦИТЕ БИ ПРИФАТИЛЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ СО РАЗЛИЧНА ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ!
ВМРО ДПМНЕ И ПОНАТАМУ ФАВОРИТ НА ГРАЃАНИТЕ
Фаворит на граѓаните од потенцијалните кандидати за претседател кои деновиве се споменуваа во јавноста е Срѓан Керим со поддршка од 27,2%.
Али Ахмети е на второто место. За актуелниот претседател повторно би гласале 8,3% од граѓаните, за вицепремиерот Ставрески 6,7% за Имер Селмани 6,6% и за Љубе Бошковски 5,9%. Ова го покажува анкетата која Центарот за истражување и креирање политики ја спроведе на 1.100 испитаници на почетокот на месецов…
11.12.2008
КОРУПЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА ПРОДОЛЖУВА
Според истражувањето на невладината коалиција „Сите за еднакво судење“ високообразованите граѓани во Македонија се поподложни на корупција.
Коалицијата годинава следи 95 судски предмети во неколку македонски градови.
Не постои област каде ја нема корупцијата, во игра не се само пари, туку и морални, етички вредности, па се’ до материјални, велат од Коалицијата „Сите за еднакво судење“…
11.12.2008
Македонија
БАЛКАНОТ СЕ СТОПИ МЕЃУ ДВАТА БУКУРЕШТА
Александар С. Димковски
На Балканот никогаш не вели никогаш, бидејќи она што е незамисливо и непосакувано во дадениот миг, не значи дека нема да се случи. Ова веројатно е најповторуваната реченица на голем број домашни и странски аналитичари, експерти, историчари. За жал, тоа е и најточната дефиниција за Балканот. Покрај онаа на познатиот американски филозоф и критичар Ноам Чомски, кој за Балканот ќе каже дека е регион што е многу рапав, но и сунѓерест…
03.12.2008
РАБОТИЛНИЦА ЗА ПРОМОЦИЈА НА МИА WEB.DEP ФОРУМОТ – „ПРАКТИЧНИТЕ ЕФЕКТИ НА Е-ДЕМОКРАТИЈАТА И Е-КОМУНИКАЦИЈАТА“ „Практичните ефекти на е-демократијата и е-комуникацијата“ е насловот на работилницата што се одржа денеска во Скопје по повод почетокот со работа на WEB.DEP (Western Balkan democracy process) – интернет форум што го реализираат националните новински агенции на Македонија, Албанија и Србија -Македонската информативна агенција – МИА, АТА и Танјуг, а негова основна цел е да се зголеми влијанието на граѓаните, невладините организации и науката врз носителите на политичките одлуки…
03.12.2008
СО РЕШЕНИЕ НА СПОРОТ СО ИМЕТО ИНТЕГРИРАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ И НАТО ПОРАЧУВААТ МЕЃУНАРОДНИТЕ ДИПЛОМАТИ Македонија мора да ја превземе иницијативата во процесот на преговорите, велат експертите
Претседателот Црвенсковки не се повлекува од процесот на преговорите за името и стои на располагање на премиерот да помогне кога тоа ке биде побарано од него, велат од кабинетот на шефот на дражавата ден откако тој го потпиша указот за именување на амбасадорот Зоран Јолевски за нов македонски преговарач. По повлекувањето на Никола Димитров од таа позиција кабинетот всушност нема никаква конекција со медијаторот Метју Нимиц …
02.12.2008
ШТО ЈА ЧЕКА МАКЕДОНИЈА СЛЕДНАТА ГОДИНА? Годинава тешко, до година потешко
Ана Велјановска
Следната 2009 година повторно ќе биде историска за Македонија, но и потешка во однос на оваа, согласни се аналитичарите. Земјата ќе се исправи пред предизвикот да спроведе фер и демократски локални и претседателски избори, граѓаните очекуваат да бидат ослободени од визниот режим и да поминуваат низ отворени европски граници, а меѓународната заедница ќе го зголеми своето набљудување и будно ќе ги следи сите случувања. И понатаму ќе остане проблемот со името и спорот со Грција, како и надежта дека во 2009 година ќе успееме да станеме дел од НАТО…
(More…)
01.12.2008
МНР ИЗРАЗИ ЗАДОВОЛСТВО ОД ОЦЕНКАТА НА ЕК ЗА ВИЗНАТА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА Стручната јавност очекува одолговлекување на процесот за укинување на визите
Оценувајќи ја како утешна награда од претежно вербален карактер, дел од македонските аналитичари на објавената оценка за имплементацијата на патоказот за визна либерализација на Република Македонија што го објави Европската Комисија не гледаат со голем оптимизам. Министерството за надворешни работи изрази задоволство од наодите во оценката во која е евидентиран напредок во поглед на безбедноста на документите, илегалната имиграција, јавниот ред и безбедност…
28.11.2008
OUR INNER MACEDONIAN
Crankonomics
Susan Lee, 11.28.08, 12:01 AM EST
BEWARE: BETTING COULD MAKE US BALKAN.
“Thanksgiving day is no longer a solemn festival to God for mercies given … it is a holiday granted by the state and nation to see a game of football.” —The New York Herald, 1893.
True enough.
But one thing is missing from the Herald‘s description of the holiday we celebrated yesterday: betting. Thanksgiving is a big football betting day. In fact, turkey, the National Football League and betting are a uniquely American troika…
21.11.2008
ТРИБИНА „БЕЗ ПРЕГОВОРИ! БЕЗ ВИЗИ?“ Скопје, 13 ноември (МИА) – Повикувањето на политички дијалог во Извештајот на Европската комисија, кој се користи за квалификување и оценување на комуникацијата на политичките актери во земјата, е несоодветен, изјави Марија Ристеска, аналитичар на Центарот за истражување и креирање политики на денешната трибина „Без преговори!Без визи?“. Според неа, Извештајот не е објективен и во делот на добрососедските односи каде се споменува прашањето за проблемот за името со Грција…
21.11.2008
МАКЕДОНИЈА ДОБИ ЛЕКЦИИ, А УНИЈАТА ШЛАКАНИЦИ
“ЕК треба да нe повика на консултативно донесување на нашите политики, кој како процес е различен од терминот политички дијалог, бидејќи не вклучува само политички актери, туку асоцира на различни политички агенди, кои се адаптираат на интересите на сите заинтересирани страни: бизнис секторот, интересните групи, невладиниот сектор, истражувачките центри итн.”, истакнува Марија Ристеска од ЦИКП…
21.11.2008
КАКО ЌЕ ВЛИЈАЕ ТУЖБАТА ВРЗ РЕШАВАЊЕТО НА СПОРОТ ЗА ИМЕТО? Малку ќе се преговора, повеќе ќе се чека
Игор Чавески Преговорите за спорот со името по тужбата на Македонија во судот во Хаг може да западнат во целосен ќор-сокак, предупредуваат познавачите на политичките случувања во земјава. Според нив, до целосен застој нема да дојде, но и двете страни ќе бидат во исчекување на исходот на судскиот процес. Затоа не треба да се очекува дека набргу ќе се дојде до компромисно решение. Важно е што поскоро да именуваме нов преговарач за да не се добие впечаток дека македонската страна го блокира целиот процес – сугерираат аналитичарите…
(More…)
20.11.2008
ЗДРУЖЕНИЕТО НА БРАНИТЕЛИТЕ ДОСТАВИ ПРЕДЛОГ ЗАКОН ВО СОБРАНИЕТО ЗА РЕШАВАЊЕ НА НИВНИОТ СТАТУС Се крашат копјата околу тоа дали треба да бидат опфатени и поранешните припадници на ОНА?
Иако кај пратеничките групи постои расложените за законска рамка за бранителите, нивните гледишта се спротивставени. За законот за бранители што го достави здружението „Достоинство“ до Собранието, пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ најави дека ќе изгради став по координацијата закажана пред собраниската седница, а во ДУИ каде ова законско решение го поврзуваат со правата на поранешните припадници на ОНА, можноста за донесување на решение ја поврзуваат со финансиската можност на буџетот…
20.11.2008
ПРАВНАТА РАЗВРСКА ПРЕД ХАГ ОТВОРА ДИЛЕМИ Тужбата штетна и за Грците и за преговорите
Ана Велјановска
Тужбата на Македонија за Грција пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг за прекршување на Привремената спогодба може негативно да се одрази врз преговорите за името, а Грција ќе се обиде овој потег на македонската влада да го претстави како минирање на преговорите, предвидуваат македонски аналитичари. Според професорот Димитар Мирчев, македонската влада ќе ја зајакне позицијата во преговорите бидејќи ќе се покаже дека ние преговараме за името во услови кога другата страна очигледно ја крши Привремената спогодба. Илија Талев од Центарот за истражување и креирање политика смета …
(More…)
18.11.2008
ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР НА НАЈНИСКИ ГРАНКИ Организациите повеќе невалидни, отколку вистински невладини
Ана Велјановска
Невладиниот сектор во Македонија многу малку учествува во креирањето на јавната политика и на демократските процеси. Во Македонија постојат околу 6.000 невладини организации, но за поголемиот дел од нив јавноста нема ниту слушнато. Не е познато како тие се финансираат, па во јавноста се сметаат за пералници на пари. Државата не презема ништо за да им се овозможи самостојно да се финансираат поради што, во најголем број случаи, тие стануваат инструменти на власта и на политичките партии…
(More…)
13.11.2008
ТРИБИНА „БЕЗ ПРЕГОВОРИ! БЕЗ ВИЗИ?“
Македонија очекува да добие позитивен извештај за процесот на визното ослободување
Реално е граѓаните да очекуваат ослободување од визи во 2009 година, беше заклучено на денешната трибина во организација на Центарот за креирање политики. Напредокот на ова поле е евидентен, но експертите предупредуваат дека тоа не значи оти не треба и понатаму да се лобира во Европската унија за остварување на либерализацијата. Грција може да биде пречка и за ова прашање бидејќи за укинување на визите потребно е квалификувано мнозинство во европскиот парламент…
11.11.2008
ВО ПЕКОЛНИОТ „ИНБОКС“ НА ОБАМА ГИ НЕМА БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА
Верувам дека ќе има континуитет на американската надворешната политика, особено во смисла на нашите односи со Македонија“, изјави американскиот амбасадор во земјава, Филип Рикер
пишува БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ
Избраниот американски претседател Барак Обама деновиве го имаше првиот брифинг во ЦИА. Медиумите во САД се шегуваа дека сега, за разлика од обичнчниот свет, тој веројатно ги знае сите светски тајни, вклучувајќи и „значајни“ државнички прашања, како на пример, што носат Шкотите под нивните килтови, и што всушност има во Бермудскиот триаголник…
11.11.2008
МАКЕДОНИЈА ГИ ИМА ИСПОЛНЕТО СИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА УКИНУВАЊЕ НА ВИЗИТЕ
Македонија ги има исполнето повеќето од барањата утврдени со патоказот кој Европската унија и го постави со цел укинување на визите, е заклучокот од извештајот подготвен од македонскиот Центар за истражување и креирање политики. Според овој извештај, сите критериуми, од технички аспект, се завршени, единствено е потребно подобрување на административните капацитети, како и во точно утврден рок да се подобрат човечките ресурси во одредени сектори. Насоките кои Македонија од ЕУ ги доби во мај годинава предвидуваат исполнување на повеќе критериуми во четири области: безбедност на документите (пред се, биометриски пасоши), илегална миграција (интегрирано гранично управување и национален визен центар), безбедност и надворешни односи и јавен ред (имплементација на акциониот план за борба против корупцијата, организираниот криминал, перењето пари и сл.).
(More…)
09.11.2008
ПОЛИТИЧКИОТ ДИЈАЛОГ Е СУБЈЕКТИВНО ОЦЕНЕТ ОД СТРАНА НА ЕУ!
Европската комисија субјективно го оцени политичкот дијалог во Македонија.
Дел од критиките во Извештајот се реални, но во однос на дијалогот, тоа е критериум за кој по дефиниција не може објективно да се суди, смета Жидас Даскаловски од Центарот за истражување и креирање политики. Дали има или не дијалог, не зависи само од Власта, но од сите полтитички фактори.
Критиката за политичкиот дијлаог е доста субјективан и тешко разбирлива, бидејќи во земјите на ЕУ не постои таков дијалог…
04.11.2008
КОАЛИЦИЈАТА „СОНЦЕ“ СЕ РАСПАЃА Рејтингот на СДСМ ги брка партнерите
Опозициските партии на следните локални и претседателски избори ќе настапат самостојно. Тие тврдат дека на тој чекор се одлучиле затоа што на последните изборни циклуси немале шанса да си го проверат рејтингот. Неофицијално дознаваме дека помалите партии од коалицијата „Сонце“ се плашат од нискиот рејтинг на СДСМ, па се решени по секоја цена да освојат повеќе советници…
(More…)
01.11.2008
ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕК КРАЈНО НЕПОВОЛЕН ЗА МАКЕДОНИЈА Лошите избори го закопаа датумот
Игор Чавески
Лошо спроведените избори, кои изобилуваа со нерегуларности и со инциденти, се најголемата причина што Македонија и годинава ќе ја пропушти шансата да почне преговори со Унијата, сметаат експертите. Кавгите меѓу претседателот и премиерот, според нив, се втората причина за негативниот извештај од страна на Европската комисија. Се на се, извештајот на ЕК за напредокот на Македонија ќе биде реална слика за направените реформи од Владата во последнава година. – Извештајот е сосема објективен со она што го направивме во однос на приближувањето кон ЕУ и исполнувањето на реформите. Забелешките што се однесуваат на политичкиот дел се сосема во ред. Одреден напредок …
(More…)
31.10.2008
ВРЕМЕ: ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА ЌЕ ИЗБИРАМЕ НА СЛЕПО
На само пет месеци пред претстојните локални и претседателски избори, јавноста не знае кои кандидати ќе и бидат понудени, за разлика од кандидатите за претседателски избори во САД за кои Македонците знаат речиси се. Кај нас политичка практика е имињата на кандидатите да се објавуваат еден месец пред изборите и тие да се појават најмногу десет пати во медиумскиот етер, а ретко кога и на дебати, поради што граѓаните не можат да се запознаат со личноста на тие луѓе, туку ги перцепираат како партија и идеал…
31.10.2008
Македонија не зависи од победникот во САД
Нема основа за стравување дека по претседателските избори САД ќе ја сменат политиката кон Македонија, зашто таа е вградена во нејзината стратегија, но можна е промена во американските приоритети, беше речено на вчерашната трибина „Светот по Џорџ В.Буш – Кои се перспективите и очекувањата на Македонија од новата влада во Вашингтон?“ во Скопје, во организација на Универзитетот ФОН и Центарот за истражување и креирање политики…
31.10.2008
КАКВИ СЕ ОЦЕНКИТЕ ЗА БУШ ВО МАКЕДОНИЈА?
Различни земји и региони различно би го оцениле постигнувањето на сегашниот американски претседател Џорџ Буш.
Но како него во овој момент го доживуваат во Македонија и на Балканот?
Илија Талев, аналитичар од Македонија, ги изучува американско-македонските односи од 1991-та година.
Тој потсетува дека во текот на двата мандата на Џорџ Буш беше признато уставното име на земјата, незавиосноста на Косово, а Хрватска и Албанија станаа …
31.10.2008
ШТО ЌЕ ДОНЕСАТ НА МАКЕДОНИЈА ИЗБОРИТЕ ВО САД? И по Буш – Џорџ
Ана Велјановска
Новата администрација во Белата куќа, без оглед на тоа кој кандидат за претседател ќе победи, нема да ја промени политиката кон Македонија, но прашањето за името и Македонија, како и Балканот, воопшто нема да бидат во фокусот на вниманието на САД најмалку една година. Вакви аналитички процени изнесоа вчера повеќемина учесници на трибината насловена „Светот после Џорџ Буш“, која ја организира Центарот за истражување и креирање политики…
(More…)
30.10.2008
ДЕН ПО СРЕДБАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕГОВАРАЧИ СО НИМИЦ, ДРЖАВНИОТ ВРВ МОЛЧИ ЗА ИСХОДОТ ОД РАЗГОВОРИТЕ Аналитичарите поделени за тоа дали е можно до министерскиот состанок на НАТО да се најде решение
Ден по средбата на макeдонските преговарачи во спорот со името Димитров и Протоѓер со медијаторот Нимиц од кабинетот на претседателот Црвенковски се оградуваат од било каков коментар. Од таму упатуваат на вчерашните изјави на преговарачите бидејки како што велат тие биле упатени во случувањата. Димитров пак по вчерашната едночасовна средба со медијаторот во Њујорк изјави дека биле пренесени познатите позиции на Македонија во однос на неговиот последен пакет идеи и дека биле понудени и реафирмирани аргументите кои стојат зад интересите на државата и нацијата…
30.10.2008
За Обама и Меккејн има поважни прашања од Македонија!
ИЗБОРИТЕ НЕМА ДА ЈА ПРОМЕНАТ НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА НА САД
Македонија останува приоритет, но не и главен фокус на идниот американски претседател. Без разлика дали ќе победи Обама или Меккејн, САД и понатаму силно ќе ја поддржува Македонија за членство во НАТО и ЕУ, само што во моментов на Косово и Србија треба да се обрне поголемо внимание, вели Дејвид Бругер советник во Американската Амбасада…
30.10.2008
Македонија
НЕМА ДА ИМА ПРОМЕНА ВО АМЕРИКАНСКАТА ПОЛИТИКА КОН МАКЕДОНИЈА
На пет дена пред претседателските избори во САД, откако и покрај настојувањата на администрацијата во заминување прашањето за името остана нерешено, анализите во Македонија дали ќе се промени поддршката на САД со изборот на новиот претседател водат кон јасен заклучок – политиката генерално нема да се менува, без оглед кој ќе победи, но Македонија и нејзините проблеми сигурно нема да бидат во фокусот на интересирањето на претседателскиот кабинет во следнава година…
30.10.2008
СВЕТОТ ПОСЛЕ БУШ
Не треба да се очекуваат некои големи промени од страна на новата американска администрација кон Македонија, независно од тоа кој ќе седне во Белата куќа.
Македонија за нас и натаму останува важна, вели Дејвид Бругер, од американската амбасада во Скопје. Тој во истовреме, потенцирајќи дека во идниот период фокусот на САД и на Европа на Балканот ќе биде насочен кон Србија, Косово, Босна.
Ние сигурно ќе ја поддржуваме и понатаму интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ. Можеме многу јасно да кажеме, дека колку полесно Македонија се интегрира во евроатлантските институции, толку подобро ќе биде за нашите интереси“, изјави Дејвид Бругер, советник во амбасадата на САД…
(More…)
30.10.2008
Пет месеци пред изборите ниту збор за можни кандидати ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА ЌЕ ИЗБИРАМЕ НА СЛЕПО
Ана Велјановска На само пет месеци пред претстојните локални и претседателски избори, јавноста не знае кои кандидати ќе и бидат понудени, за разлика од кандидатите за претседателски избори во САД за кои Македонците знаат речиси се. Кај нас политичка практика е имињата на кандидатите да се објавуваат еден месец пред изборите и тие да се појават најмногу десет пати во медиумскиот етер, а ретко кога и на дебати, поради што граѓаните не можат да се запознаат со личноста на тие луѓе, туку ги перцепираат како партија и идеал. За разлика од кај нас, во други држави предизборните кампањи и запознавањата со кандидатите траат речиси цела година…
(More…)
25.10.2008
РЕШЕНИЕТО ЗА ПАСОШИТЕ МОДЕЛ И ЗА ИДЕНТИТЕТОТ И ЗА ЈАЗИКОТ
Државниот врв мора да престане да глуми преговори и да купува време, беше порачано на вчерашната дебата на тема „Името и што потоа“
Идентитет и јазик македонски, напишани на кирилица, но и во превод на англиски и на француски јазик, исто како и кај пасошите, предложи професор Љубомир Фрчкоски на вчерашната дебата на тема „Името и што потоа“, организирана од Центарот за истражување и креирање политики и од граѓанската иницијатива „Платформа“ во Скопје. Според Фрчкоски, сите прашања, освен идентитетот и јазикот, во предлогот на Нимиц немаат алтернативи, што значи дека тие се веќе апсолвирани од двете страни и од меѓународниот фактор…
25.10.2008
РЕШЕНИЕ ЗА ИМЕТО ЌЕ СЕ ПОСТИГНЕ САМО ПРЕКУ ПОЛИТИЧКИ КОНСЕНЗУС
Професорот Фрчкоски тврди дека не се потребни уставни промени за да се имплементираат предлозите на Нимиц
Жаклина Хаџи-Зафирова
Државниот врв мора да стане активен преговарач, а не нем набљудувач во спорот за името. За да се постигне конечно решение, потребен е политички консензус, порачаа вчера учесниците на трибината „Проблемот со името – минато или иднина“, кои ја критикуваа власта поради лошото преговарање за името на домашната и на меѓународната сцена. На трибината, која ја организираше Центарот за истражување и креирање политики во…
24.10.2008
ГРУПА ПРОФЕСОРИ И АНАЛИТИЧАРИ СУГЕРИРААТ ДА НЕ СЕ ОТФРЛА ПОСЛЕДНИОТ ПАКЕТ НА НИМИЦ
Професорот Фрчкоски излезе со сознанија како би можел да тече натаму преговарачкиот процес доколку земјава не го отфрли прелогот република северна Македонија за меѓународна употреба – деловите за јазикот и националноста би можеле да бидат коригирани од двојно решение во само македонски, со тоа што би биле испишани на македонски кирилица и на англиски и француски за што Фрчкоски смета дека државниот врв треба сериозно да размисли…
24.10.2008
ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ ЕСАП НА ВМРО-ДПМНЕ НА ПАЗАР НЕ ИЗЛЕГУВА
Љубе Бошковски расипувач на забави
Враќањето на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски од Хаг и неговата објава дека ќе се кандидира за претседател на следните претседателски избори, предизвика многу реакции и шпекулации на политичката сцена…
(More…)
23.10.2008
АЛБАНСКИОТ КОАЛИЦИОНЕН ПАРТНЕР ВО ВЛАСТА ДУИ ОЦЕНУВА ДЕКА 95% ОД РАМКОВНИОТ ДОГОВОР Е ИМПЛЕМЕНТИРАН
Класична политика на припишување свои успеси кога сте дел од власта, сметаат експертите
Опозицијата да настапува со екстремен критицизам, а власта да си припишува успеси. Ваквата политичка култура во Македонија го зафати и Рамковниот Договор. Во очекување да се постигнат што подобри резултати во неговото имплементирање заради меѓународните барања и заради внатрешните потреби на хармонизирање на етничките односи, власта преку вицепремиерот на оваа задача излезе со процент – 95 % од Рамковниот Договор е имплементиран рече Абдулхаким Адеми…
21.10.2008
МАРКЕРИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ СЕ НЕСОБОРЛИВИ
Македонската култура, македонскиот јазик, литература и фолклор се трајни обележја кои никој не може да ги избрише
Виктор Цветаноски
„Мислев дека некои работи нема да се повторуваат, дека XXI век ќе биде век во кој сите ќе можат да се чувствуваат како што им налага нивното убедување, век во кој ќе се почитува различноста. Меѓутоа, сето она што се случува денес ми се чини не’ враќа назад во годините од крајот на 19 се’ до средината на 20 век – повторно оживување на негациите и на неможноста да се изрази слободно сопствениот национален идентитет. Овде престанува историјата, а почнува политиката…
21.10.2008
13 ИДЕИ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА
Бранка Доневска – Најдовска
Александар Станковски: Да го послушаме Ченто, да садиме опиум!
Република Македонија, според преовладувачките оцени, останува и натаму во состојба на „продолжена транзиција“ и, што е најзагрижувачки, без знаци дека околностите брзо ќе се променат…
18.10.2008
САБОТНА АНАЛИЗА – ДАЛИ ПРОМЕНАТА НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Е ГАРАНЦИЈА ЗА ФЕР ИЗБОРИ?
Пресудна е улогата на институциите на системот и политичката волја, сметаат експертите
Менувањето на изборните правила не е гаранција за спроведување на фер и демократски избори, се согласуваат експертите по најновите измени на изборниот законик, само две години по последната промена на неговата содржина. Домашната експертска јавност на став дека прецизирани правила се важни, но оти клучен чекор за одржување на фер и демократски избори во Македонија, сепак не е честото менување на изборното законодавство, туку пред се вољата на учесниците во политичкиот живот во Македонија…