| Newest | 08 | 07 | 06 | 05 | 04 | 03 | 02 | 01 |

08.11.2009

Биометриските пасоши сепак услов за безвизно патување

ВО ШЕНГЕН ЗОНА САМО КАКО ТУРИСТ СО МНОГУ ПАРИ

Пропаѓаат намерите на сите оние кои планираа и си мислеа дека по Нова година со пасошот в џеб ќе можат туку така да заминат во Европа, на печалба или на подолг престој.

Без главоболки ќе може да се патува, но единствно како турист, за бизнис, на семинар, или во посета на близок родинина. Должината на престојот е ограничена.

(More…)

 

07.11.2009

ЕУ ЗАПНУВА – МАКЕДОНИЈА КОЧИ?

Љубиша Николовски

Седми декември е датумот до кој треба да се реши спорот со името и Македонија да почне да станува нормална европска држава, членка на НАТО и …

Европа и САД заради наш интерес од петни жили запнуваат тоа и да се случи.

„Ние се надеваме на решение кое нема да биде придружено со дополнителни услови на почетокот на преговорите со Македонија“, рече Ларс Фреден, шведски амбасадор…

(More…)

 

07.11.2009

КОМПРОМИС ЗА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ

Слаѓана Васовиќ Божиновска

Претседателот Ѓорѓе Иванов упати официјална покана до грчкиот претседател Карлос Папуљас за посета на Македонија. Според експертите, компромис со Грција за името ќе значи и почеток на преговорите за членство во ЕУ…

(More…)

 

05.11.2009

Преговорите за членство ќе бидат тежок потфат ИЛЈАДА СТАПИЦИ НА ПАТОТ ДО ЕУ

Датумот за почеток на преговори со Европската унија, кој Македонија очекува да го добие на седми декември, е всушност датум за почеток на хаосот, толкуваат политичките аналитичари. Според нив, патот кој земјава треба да го помине за да стане полноправна членка на европското семејство е тежок и макотрпен, а Владата во Скопје треба да се исправи пред одговорна задача не само да ги почне туку и да ги заврши преговорите. Предвидувањата во тој правец се дека Македонија ќе стане членка на Унијата најрано во 2016 година..

(More…)

 

04.11.2009

КОЈА Е МАКЕДОНСКАТА ЦРВЕНА ЛИНИЈА?

Љубиша Николовски

Забележителен е оптимизмот кој власта преку одредени изјави на експерти и „опинион мејкери“ сака да го презентира во јавноста дека спорот со името до 7. декември ќе биде решен.

Но, самиот Премиер освен ставот дека прашањето на референдум за него е апсолвирано, експлицитно не соопштил ништо конкретно до каде е со преговорите…

(More…)

 

19.10.2009

ЗАТВОРЕНО ПРАШАЊЕТО ЗА ГРАНИЦАТА СО КОСОВО

Срѓан Стојанчов

Експертите велат дека демаркацијата на границата со Косово е позитивен чекор, но очекуваат негодување и нарушување на дипломатските односи со Србија. Во меѓувреме, Македонија и Косово воспоставија и дипломатски односи…

(More…)

 

19.10.2009

Аналитичари:

РЕАКЦИИТЕ ОД АТИНА И СОФИЈА ПОВЕЌЕ ЗАГРИЖУВАТ ОД ОНИЕ НА БЕЛГРАД

Ратификувањето на спогодбата за демаркација на заедничката граница и воспоставувањето дипломатски односи со Косово, повторно предизвика закачувачки изјави од официјален Белград за загрозување на односите меѓу Македонија и Србија. Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ експресно реагираше…

(More…)

 

14.10.2009

EC RECOMMENDS EU ACCESSION TALKS WITH MACEDONIA

EU enlargement commissioner Olli Rehn says the European Commission, EC, has recommended that Macedonia start its EU accession negotiations.

The move marks the country’s first major step towards integration in the bloc since it was granted the status of an EU candidate state in 2005.

However, the report has not set a date for the commencement of talks, which will be left for the EU Council to decide in mid-December…

(More…)

 

06.10.2009

ЗА КУСО ВРЕМЕ НАД 520 ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ СЕ СПАСТРИЛЕ СО „ШЕНГЕНСКИ ПАСОШИ“. ИМ ОСТАНУВА УШТЕ ДА НАЈДАТ ЕВРА

Визната либерализација ќе важи само за граѓаните кои имаат биометриски пасоши. Воведувањето на овие патни исправи беше една од клучните реформи со која се исполнија условите за визна либерализација. Додека од македонското МВР…

(More…)

 

06.10.2009

ДАЛИ МАКЕДОНИЈА Е ПОДГОТВЕНА ЗА КОМПРОМИС СО ГРЦИЈА?

Срѓан Стојанчов

По победата на ПАСОК во Грција аналитичарите очекуваат можно затоплување на односите со Македонија. Тие сметаат дека ако владата е подготвена за компромис треба да делува и да биде поагресивна во надворешните односи…

(More…)

 

04.10.2009

КОНСТРУКТИВНО РЕШЕНИЕ БЕЗ РАЗЛИКА НА ИЗБОРНИОТ РЕЗУЛТАТ

Македонија ќе бара конструктивно решение за спорот со името без оглед на резултатите од грчките избори. По изборите, се очекува Метју Нимиц да ги обнови преговарачките процеси меѓу Скопје и Атина…

(More…)

 

24.09.2009

ПОЛИТИКА ОКОЛУ ЕНЦИКЛОПЕДИЈАТА НА МАНУ

Мирјана Спасовска

Според лидерот на ДУИ Али Ахмети потребно е отстранување на сомнежот дека зад енциклопедијата на МАНУ стојат државни и владини институции. Според експертите, нема индиции ниту аргументи дека од политички субјект надвор од МАНУ е извршено влијание врз објавените одредници.

Претседателот на Демократсаката Унија за интеграција Али Ахмети изјави дека политичките авторитете во државата треба јасно да се изјаснат во врска со излагањата во енциклопедијата што ја објави МАНУ кои се однесуваат на Албанците со тоа што како што рече …

(More…)

 

22.09.2009

Името ја освои кампањата во Грција ОМЕКНАТИОТ ПАПАНДРЕУ Е ДОБАР СИГНАЛ

Македонија и Грција сериозно ги заострија меѓусебните обвинувања за тоа кој е виновен што се уште нема напредок во преговорите за името пред утрешниот почеток на Генералното собрание на ОН. „Нема пардон за националистите од Скопје“, „Ако сакаат во Европа, мора да научат да бидат добри соседи“, „Грција е виновна што спорот се уште не е решен“, се само дел од изјавите што државните врвови од двете земји ги дадоа изминатиов период. Провокациите што доаѓаат од официјална Атина можат да се разберат затоа што Грција е во предизборен период

(More…)

 

15.09.2009

АНАЛИТИЧАРИТЕ ЗА ПАРТИСКАТА ПРОГРАМА НА ОПОЗИЦИЈАТА Решенија за државата или за СДСМ?

Тони Ангеловски

Програмата „Решенија за Македонија“, која СДСМ ја промовираше на последниот партиски конгрес, во саботата, е убаво составен текст, но, според политичките аналитичари, клучното прашање е колку и како може да се оствари тоа. Најголемата опозициска партија во саботата ја промовираше програмата, која е дел од изменетиот лик на СДСМ, кој би требало на наредните избори да ја врати партијата на власт. Поголемиот дел од програмата е посветен на решавање на економските проблеми, откако СДСМ би дошла на власт…

(More…)

 

05.09.2009

ПАРТИИТЕ ГИ ИЗИГРУВААТ НА ПРАВИЛАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА

Треба да се прецизира што се подразбира под политичка функција и тоа да се воведе како стратегија на државата. Така, со секоја промена на власта ќе се очекува и промената на тие функции, како најнормална работа, без коментари. На тој начин нема да се зголемува иадминистрацијата, а службениците ќе бидат сигурни во исполнувањето на обврските, истакна Креци. Со секоја промена на власта се менуваат многу раководни кадри, речиси и до најмалите места…

(More…)

 

04.09.2009

Грчкиот премиер Караманлис конечно се одлучи за предвремени избори ВО ГРЦИЈА ЌЕ ИМА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ!

Во пресрет на предвремените избори кај јужниот сосед има повеќе опции за тоа како тие ќе влијаат на процесот на преговори за името, клучно прашање за евроатлантската интеграција на земјава. Најверојатно е дека ќе има застој во процесот се додека не се формира новата владина гарнитура, според некои проценки и до пролетта следната година…

(More…)

 

31.08.2009

Со измени во статутот на партијата СДСМ ГИ СТЕГА РЕМЕНИТЕ

СДСМ повторно ќе ја враќа во функција градската организација за Скопје и ќе ги засили ингеренциите на Извршниот одбор, со измените што ги подготвува во статутот на партијата. Партиски извори тврдат дека со промената на статутот единствено што сакаат да постигнат е да ги отстранат досегашните слабости и, според нив, не станува збор за централизација внатре во Социјалдемократскиот сојуз. – Градската организација, која по 2006 година не функционираше, а сега повторно ја враќаме, ќе се занимава со политиката на советниците во Градот. Ќе се засилат и ингеренциите на Извршниот одбор за да се отстранат слабостите во досегашното работење. За пример, во изминатите три години поради внатрепартиски несогласувања не можеше да се избере раководство на Социјалдемократската младина…

(More…)

 

29.08.2009

ЖЕШКА ПОЛИТИЧКА ЕСЕН

Економската криза, нерешено прашање за името, ново структурирање на опозиција овие теми најавуваат жешка политичка есен. Политичките аналитичари проценуваат претстои турбулентен период. До добивањето на извештајот од Брисел не исклучувајќи поголеми тензии меѓу партиите од власта и опозицијата. Експертите сметаат дека може да се реализираат најавите за посилна опозиција како и формирање на владa…

(More…)

 

28.08.2009

ИМА ПОЛИТИЧКИ ДИЈАЛОГ, НО НЕ И ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА

Слаѓана Васовиќ Божиновска

Меѓуетничките односи во Македонија се една најчуствителните теми кои може да предизвикаат нестабилност. Според аналитичарите, политичките партии единствено мислат како да дојдат или останат на власт, а отсуствува политичка култура

Космодиск демократија, како што рече еден висок државен функционер, или меѓуетнички односи на македонски начин. Дали така добро функционира сето тоа во Македонија за да се смета за уникатен изум? Иако, за воспоставениот модел …

(More…)

 

20.08.2009

СПОР ЗА ИМЕТО

НИМИЦ ВЕЧЕРВА ЌЕ ГО СЛУШНЕ МАКЕДОНСКИОТ СТАВ

Со каков одговор и какви забелешки, Јолевски замина во Њујорк, државно – владиниот врв и денeска не открива. Велат да почекаме македонскиот преговарач да се врати во Скопје и лично да го соопшти ставот по последниот предлог на Нимиц. Неофицијално Јолевски нема да го отфрли последниот сет идеи, но ќе одигра конструктивно и ќе го пренесе ставот дека истиот е добра база за понатамошните преговори.

Дознаваме дека македонскиот државен врв на поединечните средби со Јолевски го потврдил ставот дека отстапување од црвена линија нема . Македонија нема да прифати решени кое ќе задира во националниот идентитет, ниту пак едно име за севкупна употреба…

(More…)

 

19.08.2009

РЕФЕРЕНДУМ ЗА ИМЕТО – МЕЧ СО ДВЕ ОСТРИЦИ

Пелагија Младеновска

Пред средбата на македонскиот преговарач во спорот за името со медијаторот Метју Нимиц, експертите коментираат дека референдумот за името на кој инсистира власта е меч со две острици. Според нив, државниот врв не соопштува јасен став за името поради својот рејтинг.

Грчкиот претставник во разговорите за името Адемантиос Василакис синоќа во Њујорк на посредникот на ОН Метју Нимиц му го предаде одговорот на Атина за неговиот модифициран сет-идеи претставен за време на јулската посета на Грција и на Македонија. Засега нема официјални информации за содржината на грчкиот одговор, но медиумите во Грција, повикувајќи се на свои …

(More…)

 

10.08.2009

РАМКОВНИОТ ДОГОВОР (НЕ)ПОДДРЖАН?

Марија Митевска

Осум години од потпишувањето на Рамковниот Договор, тој сеуште не ја ужива целосната поддршка од државните институции и предизвикува подделеност меѓу македонците и албанците, велат експертите.

Во скопското село Љубанци беше одбележана осум годишнината од загинувањето на осумте припадници од резервниот состав на МВР. Тие беа убиени кај месноста Љуботенски бачила за време на конфликтот во 2001 година. На нивниот споменик цвеќе положија нивните родинини и пријатели. Почит на загинатите бранители им одаде и делегација на Владата и претставници од генералштабот на АРМ…

(More…)

 

08.08.2009

(ЗЛО)УПОТРЕБА НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР?

Слаѓана Васовиќ Божиновска

На 13-ти август се навршуваат осум години од потпишувањето на Рамковниот Договор. Според експертите за жал изминатите осум години, Охридскиот Договор без исклучок, од страна на секоја партија се користи за стекнување поени за дневно политички цели.

На 13 Август 2001 година во Охрид, по неколкумесечниот вооружен конфликт којшто имаше етнички предзнак беше потпишан Рамковниот договор. Осум години по неговото потпишување јасно е дека тое е централниот документ на чие барање денеска се усогласуваат ставовите меѓу заедниците и кој барем во овој момент се почитува како насока во која ќе се развива земјава во однос на мултиетничноста.

(More…)

 

07.08.2009

БУГАРИЈА ГО МЕНУВА КУРСОТ КОН МАКЕДОНИЈА

Гоце Михајлоски

Иван Костов го замрзна, Бојко Борисов го враќа во фокусот. Македонското прашање, по неколкугодишен мораториум, повторно е на масата на официјална Софија.

Првите сигнали дека Бугарија го менува курсот на политиката кон земјава се веќе упатени, сметаат аналитичарите. Вмешувањето на бугарската Влада во случајот со гевгеличанката со бугарски пасош, Спаска Митрова, е доказ за новата политика, што можеше да се насети уште со самото назначување на докажаниот антимакедонист Божидар Димитров за министер за дијаспора…

(More…)

 

04.08.2009

КАКО МОЖЕ ДА СЕ ТОЛКУВААТ ПОРАКИТЕ ОД БРИСЕЛ ?

Како може да се толкуваат пораките од Брисел за потребата од максимална посветеност во исполнувањето на поставените задачи.

Одредниците беа сериозно сфатени, но сепак наместо во собрание за да се донесат законите од ЕУ агендата, пратениците заминаа на скусен одмор. Последниот …

(More…)

 

01.08.2009

ПАРТИСКИ ПОДЕЛБИ ОКОЛУ ИЛИНДЕН

Марија Митевска

Втори август ден кога во земјава секоја година се одбележува годишнината од Илинденското востание, односно кога во 1903 година македонскиот народ се кренал против пет вековното турско ропство и ден кога се одбележува првото заседание на АСНОМ од 1944 година, односно кога се удриле темелите на македонската современа држава. Традиционално првиот се прославува во Крушево, а вториот последниве три години во кумановското село Пелинце во алтернативно изградениот меморијален центар, бидејќи мансастирот…

(More…)

 

29.07.2009

ЗАДОЦНЕТ ДИЈАЛОГ?

Мирјана Спасовска

Експертите сметаат дека подобро ќе беше да имаше интензивни дијалози кои ке донесеа до некаков компромис претходно а не сега кога ќе биде поголем притисокот врз владината колиција за отстапки од некои нејзините позиции.

По барањето на ДУИ и НД употребата на албанскиот јазик да биде регулирана и со Законот за Собранието, експертите не го кријат нездоволството од тоа што во последен момент политичките партии се обидуваат да постигнат консензус набрзина. Подобро ќе беше да имаше интензивни дијалози кои ќе донесеа до некаков компромис претходно…

(More…)

 

24.07.2009

ОПТИМИЗАМ ВО ПАРЛАМЕНТОТ ПО ИЗЈАВИТЕ НА РЕН

Гоце Михајлоски

Периодот е краток, но време има. Доколку власта и опозицијата имаат волја, клучните закони за препораката од Европската комисија за датум за преговори ќе бидат донесени.

Рен наведе три, од нив законот за финансирање на политичките партии ќе биде донесен во вторник, за него има консензус.

Останатите два се критични, законот за Собрание го прифаќа опозицијата, но само ако има промени и на Деловникот…

(More…)

 

17.07.2009

БЕЗ ВИЗИ, АМА СО ДЕВИЗИ

И покрај укинувањето на визите, граѓаните што ќе сакаат да работат или да студираат во земја од шенген-зоната ќе мора да добијат работна дозвола или виза за подолг престој

Укинувањето на визниот режим со Европската Унија ќе им овозможи на македонските граѓани само туристички престој во земјите од шенген-зоната. Условот е да поседуваат биометриски пасош, а во земја од шенген-зоната ќе може да престојуваат најмногу 90 дена во рок од шест месеци, без оглед колку пати влегле и излегле од зоната…

(More…)

 

15.07.2009

БИОМЕТРИСКИ ПАСОШ ДОВОЛЕН ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ЕУ

Гоце Михајлоски

Македонските граѓани веќе нема да вадат визи во амбасадите. Се што ќе им биде потребно за да патуваат во ЕУ ќе биде новиот биометриски пасош и доказ дека финансиски можете да ги издржите престојот во посакуваната земја.

Доказ за финансиите може да ви биде банкарска гаранција или, пак, писмо од роднини или пријатели кои ќе гарантираат оти ќе имате каде да се сместите и храните.

Постојат уште два услови кои и не зависат толку од самите граѓани. Првиот е да не сте на нивната црна листа на лица на кои им е забранет влез во ЕУ…

(More…)

 

06.07.2009

Анализа: што ги држи заедно, а што ги разделува ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

ВЛАДИНО ПАРТНЕРСТВО ЗА ДРЖАВЕН НЕМИР

Иако двете партии без идеолошки и програмски блискости и заедничка платформа влегоа во „брак“, практиката покажа дека „лавовите и калашите“ бавно, но сепак ја стекнуваат меѓусебна доверба поради заедничките интереси

Кои се столбовите што ја држат коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ заедно, а кои се точките каде што врските се најтенки и каде што би можело да се случи расцепување на дружбата?Ова прашање е актуелно веројатно уште од првиот ден кога се здружија овие два, според многумина, неприродни партнера…

(More…)

 

02.07.2009

МАКЕДОНСКИТЕ МЕДИУМИ ВО ПОЛИТИЧКИ ПРАНГИ

Даниела Трпчевска

Политичкото влијание врз медиумите, судството на кое му се забележува за заостанати и нерешени случаи, како и високиот степен на корупција во Македонија, се’ уште се црни точки наведени во последниот извештај на организацијата „Фридом хаус“. Македонија во извештајот има најлош рејтинг во делот за слободата на медиумите и корупцијата. На скалата од 1 до 7 (каде што седумката е најлоша оценка, Македонија е рангирана со 4,25 во однос на слободата на медиумите. Ваквиот рејтинг земјава го има уште од 2004 година, за разлика од 2000, кога состојбите со медиумите беа оценувани како многу поповолни…

(More…)

 

24.06.2009

МАКЕДОНИЈА – УСПЕШНА ПРИКАЗНА?

Срѓан Стојанчов

Македонија „оаза на мирот“, „успешна мултиетничка приказна“ и „инвестициски рај“ се само дел од епитетите за земјава. Аналитичарите сметаат дека закочените евроинтеграциски процеси влијаат на македонското претставување во странство

Закочениот процес на евроинтеграции не и дозволува на Македонија да се претстави како успешна приказна, предупредуваат дел од аналитичарите. Во време на војните во поранешна Југославија, во првата половина на деведесетите, Македонија го доби епитетот „оаза на мирот“, но таа квалификација ја изгуби со конфликтот од 2001 година. Потоа, почна да се споменуват термините успешна европска мултиетничка приказна и инвестициски рај…

(More…)

 

23.06.2009

ИМА ЛИ ПОДГОТВЕНОСТ ЗА КОМПРОМИС ЗА ИМЕТО?

Срѓан Стојанчов

По средбата на преговарачите за името со посредникот Метју Нимиц во Женева, македонските аналитичари коментираат дека македонското општество не е подготвено за компомис. Според нив, власта ги доби последните три изборни циклуси играјќи на национална карта

Македонското општество не е подготвено за компромис со Грција и поради тоа власта калкулира и одолговлекува со наоѓањето решение за прашањето за името, коментираат дел од домашните експерти, по средбата на посредникот на Обединетите…

(More…)

 

09.06.2009

БРАНКО ЌЕ ВОДИ БИТКА „ЧОВЕК НА ЧОВЕК“

Зоран Јовановски ќе се спротивставува на Зоран Ставревски, Гордан Георгиев на Ивица Боцевски и Антонио Милошоски, Виктор Димовски на Сашо Мијалков…

Главните битки меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во иднина ќе се водат на економски план и по принцип „човек на човек“ во сите важни општествени области.Ваква е процената на експертите и упатените откако старо-новиот лидер на опозициските социјалдемократи, Бранко Црвенковски, го откри својот тим со кој ќе се обиде да го победи …

(More…)

 

06.06.2009

Геостратегиски позиции

МАКЕДОНИЈА – СЛЕПО ЦРЕВО НА БАЛКАНОТ

Доколку македонската државна политика кон Косово не биде пријателска може да се случи косовските увозници, наместо Солунското пристаниште, да го користат тоа во Драч. Пренасочувањето на бизнисот кон Албанија ќе значи и дека многу светски производители своите регионални центри ќе ги пренесат од Скопје во Тирана. Впрочем Тирана ќе биде идеално поврзана и со Подгорица и со Приштина и со Скопје…

(More…)

 

05.06.2009

СПОРЕД ЕКСПЕРТИТЕ, ИЗЈАСНУВАЊЕТО НА ГРАЃАНИТЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ШТЕТНО ЗА МАКЕДОНИЈА Референдумот погубен

Референдум за спорот за името може да биде погубен за Македонија и Владата не треба да инсистира на таков чекор по секоја цена. Во ваква специфична ситуација, туркањето на идејата за референдум се повеќе се толкува како бегање од одговорноста за да се донесат клучни одлуки отколку како глас на народот, сметаат експертите. Според нив, прашањето за името е од толку големо значење за државата што политичките гарнитура се плашат да понесат одговорност и да одлучат спротивно од волјата на граѓаните…

(More…)

 

02.06.2009

ЛИДЕРИТЕ ДА ЈА ПРЕЗЕМАТ ОДГОВОРНОСТА ЗА ИМЕТО

Горазд Чомовски

Провокациите како што е преименувањето на Аеродромот во Александар Велики и поставување на споменици со антички предзнак треба да престанат.

Tаквата политиката е контрапродуктивна и штети на преговорите околу името, се наведува во извештајот на парламентарното Собрание на Западно европската Унија, асоцијација за безбедносни одбранбени прашања.

Во тамошниот извештај посветен на ситуација на Западен Балкан, шпанецот Аграмунт, добар познавач на состојбите …

(More…)

 

01.06.2009

СКОПЈЕ И ПРИШТИНА „ПУКААТ“ ОД ЉУБОВ

Горан наумовски Доколку го повикам македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов да дојде во официјална посета на Косово, таа средба ќе се одржи во кафетерија во центарот на Приштина, изјавил косовскиот претседател Фатмир Сејдиу за косовската новинска агенција „Косова-сот“. Ваквата остра, но и иронична реторика на Сејдиу е континуитет на неговата најава од саботата дека Косово ќе одговори со реципроцитет во меѓудржавните односи, бидејќи не му беше удостоено барањето за официјална церемонија при најавената, па откажана посета на Македонија…

(More…)

 

01.06.2009

ОДЛУКАТА ЗА УКИНУВАЊЕ НА ВИЗИТЕ – ПО ОДМОРИТЕ?

Ив.К.

Европската Унија може да ја одложи одлуката за укинување на визите за Западен Балкан за по летните одмори. Иако Европската комисија сака да достави конкретен предлог за укинување на визите пред одморите, постојат мали шанси ваквата одлука да биде донесена на состанокот на Советот на министри за надворешни работи што е закажан за 15 јуни во Луксембург, јави австриската агенција „АПА“. Според агенцијата, во Брисел се води активна дискусија за визната либерализација, но засега земјите-членки немаат доволно одговори за тоа дали ќе го одобрат укинувањето на визите…

(More…)

 

29.05.2009

БЕЗВИЗНО ЗЕЛЕНО СВЕТЛО

Почеток на2010-реален датум за визна либерализација

Во моментот со извесна доза на сигурност може да се очекува дека Македонија ќе добие препорака за визна либерализација, додека понеизвесна е ситуацијата за Црна Гора и Србија.

Сепак, Македонија не треба да ја гледа либерализацијата како веќе завршена работа, туку ќе треба да вложи напори за лобирање за процесот на одлучување да помине без проблеми и да се оствари целта „почеток на 2010 без визи во ЕУ“…

(More…)

 

29.05.2009

ИВАНОВ (НЕ) ЗАВИСЕН ОД ГРУЕВСКИ?

Срѓан Стојанчов

Може ли претседателот Иванов да излезе од контрола на Груевски и да почне независно да донесува одлуки? Експертите не веруваат дека Иванов ќе биде независен од Владата, а со сличен став и повеќето граѓани.

Во моментов, не изгледа дека претседателот Ѓорге Иванов може да донесува одлуки, независни од ставот на владејачкото мнозинство што го предложи за функцијата, коментираат дел од аналитичарите. Според резултатите од …

(More…)

 

28.05.2009

ZAŠTO SEJDIU NIJE BIO U SKOPLJU?

Makedonska vlada je izrazila žaljenje zbog toga što kosovski predsednik Fatmir Sejdiu nije došao u posetu Skoplju.

Predsednik Kosova je u sredu uveče otkazao posetu zato što je kabinet presednika Makedonije Đorđa Ivanova promenio karakter posete iz “zvanične” u “radnu posetu”, koja se odvija bez državničkih počasti i protokola…

(More…)

 

28.05.2009

СЕЈДИУ НЕ ДОЈДЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Денеска во Македонија требаше да допатува косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, каде што требаше да биде примен од шефот на македонската држава Ѓорге Иванов.

Но Сејдиу ја откажа посетата на само неколку часа пред да тргне за Македонија.

Неговиот кабинет соопшти дека причина за откажувањето на средбата е што македонските власти ја смениле природата на официјалната посета…

(More…)

 

27.05.2009

ЦРВЕНКОВСКИ Е ПОСЛЕДНАТА ШАНСА ЗА СДСМ

Билјана Јовановска

Враќањето на Бранко Црвенковски на кормилото на СДСМ, ако се суди според реакциите во јавноста, но и оние на обичните граѓани, без оглед на политичката обоеност, никого не остави рамнодушен. Кај едни влева надеж, другите ги замисли, трети се гневни. Сопартијците главно се во исчекување на листите што ги готви нивниот шеф, ама и на строгите правила на игра што ги најави Црвенковски. Некои не се препознаваат во нив, меѓутоа повеќето се подготвени да се престројат на новиот „куќен ред“…

(More…)

 

| Newest | 08 | 07 | 06 | 05 | 04 | 03 | 02 | 01 |