| Newest | 08 | 07 | 06 | 05 | 04 | 03 | 02 | 01 |
20.07.2011
ОД РЕШЕНИЕ СЕГА ДО ПРАШАЊЕ НА КОЕ СЕ РАБОТИ
Високите американски дипломати, за разлика од порано, сега избегнуваат да даваат конкретни термини до кога треба да се реши спорот со името меѓу Македонија и Грција. Внимателни изјави без конкретни временски рокови за решавање на спорот за разликите околу името деновиве стигнуваат од претставниците на официјален Вашингтон. За време на посетата на американската државна секретар Хилари Клинтон на Грција, како што пренесува „Гласот на Америка“ на македонски јазик, американски владин претставник на специјален брифинг во Атина рекол дека се работи за чувствително прашање…
29.06.2011
Најавени ‘нови почетоци’ за лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ
ЦРВЕНКОВСКИ МОТИВИРА ДА СЕ ГЛАСА ЗА ГРУЕВСКИ
Според изборните резултати, очигледно е дека нов почеток за Црвенковски е неизвесен. Политичката шашма на македонскиот политички Пинокио е веќе прочитана и за жал на неговите голем броЈ подржувачи, тоа што тој им го сервира постојано дека Груевски тешко ќе формира Влада и дека е уценуван од Албанците е само евтина приказна. Но, и на премиерот му се потребни реформи, пред се внатре во ВМРО-ДПМНЕ…
28.06.2011
Нова стратегија за борба против ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ ЧЕКА КАВГА МЕЃУ ГРУЕВСКИ И АХМЕТИ
Повторна доверба за Бранко Црвенковски и за партискиот врв околу него, симболично незадоволство од изборниот резултат и од водењето на партијата, како и почеток на изработка на нова стратегија за спротивставување на ВМРО-ДПМНЕ ќе го одбележат претстојниот конгрес на опозициската СДСМ закажан за 3 јули во Битола…
26.06.2011
PRESS CLIPPING
Conference:
One Decade after the Ohrid Framework Agreement. Lessons (to be) Learned from the Macedonian Experience. Skopje, 24-26 June, 2011
03.05.2011
БОРБА НА ЦРВЕНКОВСКИ И ШЕКЕРИНСКА ЗА ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ИДНИТЕ ПРАТЕНИЦИ
Иако беше најавувано, на првите пет добитни позиции на листите нема локални бизнисмени или истакнати личности кои, како што објаснуваа во СДСМ, со својот успех ќе треба да ги привлечат неопределените
Влијанието на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски и на кандидатот за мандатар од оваа партија, Радмила Шекеринска, е видливо на листите за пратеници што социјалдемократите ги објавија на завчерашниот Конгрес. На добитните места речиси во сите шест изборни единици се номинирани партиски функционери …
29.04.2011
СИРОМАШТИЈАТА ДИГНА НОВ ШЕНГЕНСКИ ЅИД
Валентина Стојанчевска Беспарицата и невработеноста ги спречи македонските граѓани да ги искористат поволностите од безвизниот режим и да патуваат во земјите од шенгенската зона. По укинувањето на визната бариера, во странство патувале само 39,5 проценти од Македонците, покажа анкетата на Центарот за истражување и за креирање политика, спроведена од февруари лани до март годинава. Анкетата покажа дека сиромаштијата останува главна причина поради која македонските граѓани се принудени да останат дома. Половина од испитаниците одговориле дека немаат доволно финансии за да патуваат, а 15,3 проценти дека не поседуваат биометриски пасош.
29.04.2011
НЕМA ПАРИ ЗА ОДЕЊЕ ВО СТРАНСТВО
Македонските граѓани не нагрнаа во европските земји откако беа укинати визите. Дури 60 отсто од граѓаните воопшто не отпатувале во странство, покажува анкетата на Центарот за истражување и креирање политики. Парите се главната причина зошто Македонците се решаваат да останат дома. Анкетата покажува дека дури 50 отсто од оние што не патувале велат дека немаат пари да излезат надвор од границата, а 15 отсто затоа што немаат биометриски пасош.
28.04.2011
Истражување:
ПАРИТЕ – ГЛАВНА ПРЕЧКА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ДА ПАТУВААТ ВО СТРАНСТВО
Недостиг на финансиски средства е главната пречка за македонските граѓани да патуваат во странство, покажува истражувањето на Центарот за истражување и креирање и политики
Според истражувањето, 39.5% од испитаниците патувале во странство во периодот од една година по добивањето на визната либерализација, додека 59,4% не го сториле тоа. Прашани за причината поради која не патуваат, 50% рекле дека немаат доволно финансии, 15,3% не поседуваат биометриски пасош, 13,7% немаат желба, 11,8% немаат време, 6,2% одговориле со друго додека .
08.04.2011
ИТАЛИЈАНСКА ВЛАДА ВО „КОЦКИТЕ“ КРАЈ ВАРДАР?
Оливера Војновска Каква ќе биде сликата на новиот парламент и како ќе изгледа владиниот кабинет во „коцката“ крај Вардар по изборите на 5 јуни? До пред извесно време многумина со сигурност типуваа и на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. Но, како што наближува денот на гласањето, изборите се’ повеќе добиваат квалификација „неизвесни“.
31.03.2011
ГРУЕВСКИ ГИ ОДБИ И ВЕЌЕ ПРИФАТЕНИТЕ БАРАЊА НА ЦРВЕНКОВСКИ
Барањата на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, кои премиерот Никола Груевски во текот преговорите и лидерските средби условно ги прифати, нема да влезат во новата изборна регулатива. Владејачката партија смета дека Црвенковски, со изјавата дека прифаќа избори по секоја цена, се откажал од предлогот избирачките одбори да бидат составени од еден административец и четворица партиски членови, наместо досегашниот состав во кој доминираа јавни и државни службеници. Проверката на Избирачкиот список, уште едно клучно…
22.02.2011
ИМЕТО ЌЕ ГО ЗАМЕНАТ „СЛОБОДА“, „ДЕМОКРАТИЈА“ И „СКОПЈЕ 2014“
По самитот на Алијансата во април 2008 година во Букурешт, се чини дека името се наметна како неизбежна тема на говорниците на митинзите. Но доколку сега се одржат предвремени избори, очекувањата се дека ќе има обиди за наметнување и на други проблеми како приоритетни за дебата …
22.02.2011
АЈДЕ НА ИЗБОРИ ЗА ДА НЕ НИ СЕ СЛУЧИ НИШТО НОВО
Опозицијата и власта, иако сé уште имаат различни планови за тоа како да се стигне до предвремените избори, имаат исти прогнози за тоа кога тие би се случиле – најдоцна до 15 јуни. Власта брза за да го повтори успехот од 2006 и 2008 година и да ја спречи тенденцијата на опаѓање на рејтингот, која почна лани во декември. Опозицијата за да покаже пред избирачите дека успеа во својата заложба да го натера Груевски да ги исполни неговите барања…
21.02.2011
УВЕРТИРА ВО КОНЕЧНА ПРЕСМЕТКА ЗА ИЗБОРИТЕ
Надмудрување во стилот „повлечи – потегни“ за предвремените избори да се распишат што подоцна, непотребно губење на општествената енергија за важна евроатлантска интеграција и вовед во решавачка пресметка меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски, се експертски оценки за последните случувања околу распишувањето предвремени парламентарни избори…
15.02.2011
ВЕЉАНОСКИ ЌЕ ЧЕКА ТРЕТА СРЕЌА ЗА ДА МУ СЕ ВРАТИ ОПОЗИЦИЈАТА
Нема да одиме ни на таа координација. Со повторното замрзнување на сметката на А1, се враќаме на нашиот предуслов за да може да разговараме за условите за враќање во Собранието, вели опозицијата за новите обиди на власта да го спаси политичкиот дијалог во државата
Собранискиот спикер Трајко Вељаноски утре третпат на координација ќе се обиде да го откочи политичкиот дијалог со опозицијата, нудејќи им решение за уставни измени што беа услов за враќање во Собранието. Тој вчера по неуспешниот негов втор обид, а петти на власта да ги врати пратениците на СДСМ, испрати лична порака до лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, да направи отстапка од планот за целосна блокада …
29.01.2011
СОБРАНИЕТО ОСТАНА БЕЗ ОПОЗИЦИЈА
Телевизијата имала само 130 илјади евра на блокираната сметка, која ќе се ослободела откако на неа ќе се соберат 4,4 милиони евра
Бојкотот на СДСМ е вовед во блага политичка криза, оценија аналитичарите
Најголемата опозициска партија СДСМ излегува од Собранието поради блокирањето на сметките на телевизијата А1 и на весниците „Време“, „Шпиц“ и „Коха е Ре“, најави лидерот на партијата Бранко Црвенковски…
20.01.2011
GRUEVSKI NË ALEANCË ME SHTETET DIKTATORIALE
“Qeveria e Maqedonisë vetëm me sy synon drejt Evropës, pasi me vepra duket se punon në kundërshtim me interesat e integrimit në Bashkimin Evropian dhe NATO, madje në këtë proces është shënuar regres”, deklaroi analisti i Qendrës për hulumtimin dhe krijimin e politikave, Bashkim Bakiu duke shtuar se nuk duhet të nënçmohet njohja e emrit kushtetues të Maqedonisë nga Zimbabve dhe Bolivia, por ky nuk duhet të jetë prioritet pasi këto vende, sidomos Zimbabve nuk janë në listën e shteteve me demokraci të konsoliduar, ndërsa Evropa bën çmos për të ndërruar regjimin e Mugabes…
11.01.2011
LOJA ME LIGJET E BE-SË
Elida ZYLBEARI
Qeveria planifikon të vazhdojë reformat në planin euro-integrues dhe se është miratuar Planin aksionar sipas të cilit do të miratohen mbi 60 ligje, si dhe rreth 450 akte nënligjore me parashenjë evropiane. Por, sipas njohësve të proceseve euro-integruese, dinamika e miratimit të ligjeve me parashenjë evropiane deri më tani ka paraqitur pasqyrën jo reale të situatës aktuale dhe përkushtim i pamjaftueshëm ndaj integrimeve, vërejtje e cila u shënua në raportin e KE-së, vitin që lamë pas. Dinamikë e njëjtë pritet edhe këtë vit, kanë tërhequr vëmendjen analistët…
05.01.2011
ТУТУНСКИ ПРОТЕСТИ ВО ПОЛИТИЗИРАНА КЛИМА
Протестите на македонските тутунари се радикализираа, откако на граничниот премин „Меџитлија“ кордон полицајци се судри со демонстрантите кои ја блокираа границата.
И додека тутунарите велат дека протестите се реакција на незадоволство од тоа како се откупува тутунот, политичките партии почнаа да ги етикетираат…
04.01.2011
НЕЗАДОВОЛСТВОТО ОД ПОЛИТИКИТЕ НА ВЛАСТА СЕ ЗГОЛЕМУВА
Љубиша Николовски
Незадоволството кај граѓаните од политиките на актуелната власт се зголемува, а тоа предизвикува пад на рејтингот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во анкетите.
За аналитичарите нормален феномен е намалувањето на разликите меѓу партиите од власта и опозицијата. Прашање на кредибилна агенција и методологија е која таа разлика ќе ја прикаже точно…
28.12.2010
Разнишана довербата во истражувањата на јавното мислење
ПАРТИСКИТЕ РЕЈТИНЗИ СЕ ПУМПААТ НАСИЛА
Ана Анастасовска
Рејтинзите на партиите и на политичарите за кои граѓаните се почесто слушаат не се целосно реални, тврдат аналитичарите, и оттаму не може со сигурност да се каже која политичка опција има поголема поддршка кај гласачкото тело. Тоа е така затоа што власта врши одреден притисок врз медиумите, кои се главниот креатор на јавното мислење, и што кај граѓаните постои страв слободно да го искажат својот став…
24.12.2010
ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА ЗА “ЕФЕКТИТЕ ОД ВИКИЛИКС”
520 тајни телеграми на американската амбасада во Скопје испратени до централата во Вашингтон е материјалот кој го поседува “Викиликс” за Македонија, од нив досега беа објавени само две.
Каков е ефектот на “Викиликс”, врз државата, е само дел од темите на кои се расправаше, на денешната панел – дискусијата…
17.12.2010
МАКЕДОНИЈА СТО ГОДИНИ ЗАД ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ
Skopje – Macedonia – from the common presentation of the IMF, WB and National Bank of Macedonia
Со сегашниот раст, на Македонија ќе и требаат осумдесетина години да го достигне економскиот стандард, проценуваат од Светската банка.
Колку време ќе и треба на Македонија да го достигне европскиот стандард? Песимистите, по „народски“ би одговориле: за сто години. Судејки по изјавата на Лилија Бурунчук од канцеларијата на Светската банка во Македонија, оваа констатација не е далеку од вистината…
17.12.2010
ДИК СО СТРАТЕГИЈА ПРОТИВ НЕПРАВИЛНОСТИТЕ ПРИ ГЛАСАЊЕТО
Во ЕУ Инфоцентарот денес беше презентирана завршната фаза на проектот „Мој глас- моја одлука“.
Стратегијата на Државната изборна комисија против семејно гласање и гласање во име на друг е поддржана од Европскиот инструмент за демократија и човекови права. Проектот е имплементиран од Центарот за истражување и креирање политики од Скопје, во партнерство со Женската граѓанска иницијатива АНТИКО.
Проектниот координатор, Марија Ристеска, објасни зошто оваа конференција беше најавена како донаторска…
17.12.2010
ПРЕЗЕНТИРАНА СТРАТЕГИЈАТА ПРОТИВ СЕМЕЈНО ГЛАСАЊЕ И ГЛАСАЊЕ ВО ИМЕ НА ДРУГ
Државната изборна комисија (ДИК) во соработка со Центарот за истражување и креирање политики денеска организираше донаторска конференција за презентација на стратегијата против семејно гласање и гласање во име на друг.
Целта е да им се презентира оваа стратегија на донаторите како единствена заинтересирана страна кои досега биле активни во ова поле и да се влијае на остварувањето на политика против семејното гласање и гласањето …
17.12.2010
СТРАТЕГИЈА ПРОТИВ СЕМЕЈНО ГЛАСАЊЕ
Државната изборна комисија (ДИК) во соработка со Центарот за истражување и креирање политики вчера организираше донаторска конференција за презентација на стратегијата против семејно гласање и гласање во име на друг.
Целта е да им се презентира оваа стратегија на донаторите како единствена заинтересирана страна кои досега биле активни во ова поле и да се влијае на остварувањето на политика против семејното гласање и гласањето…
17.12.2010
ДИК „СТРАТЕГИСКИ“ ЌЕ СЕ БОРИ ПРОТИВ СЕМЕЈНОТО ГЛАСАЊЕ
Државната изборна комисија, во соработка со Центарот за истражување и креирање политики, вчера организираше донаторска конференција за презентација на Стратегијата против семејно гласање и гласање во име на друг. Целта е да им се презентира оваа стратегија на донаторите како единствена заинтересирана страна кои досега биле активни во ова поле и да се влијае на остварувањето на политика против семејното гласање и гласањето во име на друг, јави МИА…
11.12.2010
ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ИЗБОРИ НЕ СЕ ПАМЕТНО РЕШЕНИЕ
Груевски треба да се загрижи затоа што има голем број граѓани незадоволни од политиките на ВМРО-ДПМНЕ / Црвенковски треба да се грижи затоа што незадоволните воопшто немаат намера да гласаат за СДСМ
Ако власта сега распишеше предвремени избори, ќе немаше голем ќар од нив. Според анкетите, сегашната коалиција повторно ќе остане на кормилото на државата. Негативните „придобивки“ би биле забавени евроинтеграциски процеси и нови тензии. Ова го вели Жидас Даскаловски, доктор на политички науки, аналитичар од Центарот за истражување и креирање политики, откако ВМРО-ДПМНЕ ја одби иницијативата на СДСМ …
10.12.2010
ОПОЗИЦИЈАТА НЕ СЕ ОТКАЖУВА
Можеби Владата на Никола Груевски е легална, но нема легитимитет, затоа со сите демократски средства ќе вршиме притисок за предвремени избори, велат во СДСМ
Опозицискиот СДСМ нема да се откаже од намерата да предизвика предвремени избори, независно од завчерашната одлука на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ да не го прифати неговото барање за распуштање на парламентот. Во партијата на Бранко Црвенковски велат дека „Владата на Никола Груевски можеби е легална, но нема легитимитет, затоа со сите демократски средства ќе вршиме притисок …
24.11.2010
POLL FINDS MACEDONIANS NOSTALGIC FOR COMMUNIST ERA
A majority of Macedonians believe they lived better during the country’s communist period, a recent survey from a Skopje-based think tank finds.
More than 60 per cent of the respondents strongly agreed that during the communist Yugoslav period they enjoyed greater personal freedoms, the economy was stronger and their living standard was higher. Only about 20 per cent of those queried disagreed with these statements.
The Centre for Research and Policy Making carried out the poll, which includes …
24.11.2010
МНОЗИНСТВОТО ГРАЃАНИ ВЕЛАТ: ПОДОБРО СЕ ЖИВЕЕШЕ ВО СОЦИЈАЛИЗМОТ
Македонците се југоносталгичари. Анкетите покажуваат дека повеќе од две третини од нашите граѓани низ насмевка се присетуваат на поранешната држава тврдејќи дека тогаш имале повеќе лична слобода, економијата била посилна и генерално се живеело …
24.11.2010
ЈУГОНОСТАЛГИЈА
Дури 60 отсто од граѓаните во Македонија сметаат дека во комунизмот имале поголеми лични слободи и права. Власта треба да се замисли пред таквата перцепција, велат експертите.
Во комунизмот, македонските граѓани имале повеќе лични слободи, отколку денес. Југоносталгични Македонци, наспроти Албанци кои се покритични за времето на комунизмот. Ова го покажуваат резултатите од анкетата што ја спроведе Центарот за истражување и креирање политики. Дури 60 отсто од граѓаните одговориле дека во времето на комунизмот имале поголеми лични слободи. Бројот на оние со спротивен став е двојно помал…
24.11.2010
MAKEDONCI JUGONOSTALGIČARI
Više od polovine građana Makedonije žali za Jugoslavijom, pokazalo je istraživanje Centra za istraživanje i kreiranje politika.
Prema ovom istraživanju, čak 64,6 odsto anketiranih odgovorilo je da su jugonostalgiračari.
“Većina anketiranih građana izjavila je da su imali više slobode u komunizmu”, rekao je predstavnik Centra Atanas Vangeli. Prema njegovim rečima, to su izjavili Makedonci i Srbi koji žive u Makedoniji, dok njihovo mišljenje ne dele etnički Albanci. “Albanci se u velikom broju ne slažu da su živeli bolje u komunizmu”, dodao je Vangeli…
24.11.2010
VEĆINA MAKEDONACA JUGONOSTALGIČARI
Više od polovine građana Makedonije žali za Jugoslavijom, pokazalo je istraživanje Centra za istraživanje i kreiranje politika.
Prema ovom istraživanju, čak 64,6 odsto anketiranih odgovorilo je da su jugonostalgičari. “Većina anketiranih građana izjavila je da su imali više slobode u komunizmu”, rekao je predstavnik Centra Atanas Vangeli. Prema njegovim rečima, to su izjavili Makedonci i Srbi koji žive u Makedoniji, dok njihovo mišljenje ne dele etnički Albanci…
24.11.2010
ŽAL ZA JUGOSLAVIJOM OSEĆA 65% MAKEDONACA
Više od polovine građana Makedonije žali za Jugoslavijom, pokazalo je istraživanje Centra za istraživanje i kreiranje politika.
Prema ovom istraživanju, čak 64,6 odsto anketiranih odgovorilo je da su jugonostalgiračari. “Većina anketiranih građana izjavila je da su imali više slobode u komunizmu”, rekao je predstavnik Centra Atanas Vangeli. Prema njegovim rečima, to su izjavili Makedonci i Srbi koji žive u Makedoniji, dok njihovo mišljenje ne dele etnički Albanci…
24.11.2010
QYTETARËT E MAQEDONISË NOSTALGJIK PËR KOMUNIZMIN
“Perceptimi i qytetarëve lidhur me barazinë gjinore, ajo që vërehet tek të gjitha bashkësitë etnike qoftë tek shqiptarët apo maqedonasit ose grupet tjera etnike është mentaliteti patriarkal se femrat nuk duhet të kyqen në armatë e kështu me radhë” tha Bashkim Bakiu nga Qendra për hulumtim dhe hartim të politikave…
24.11.2010
Qytetarët lakmojnë komunizmin
Cilësia e jetesës, ekonomia dhe liritë personale gjatë periudhës së komunizmit ishin më në nivel, ndërkohë gjinia femërore tani më tepër shprehet kundër abortit, të rinjtë janë për mësim fetar dhe është krijuar një opinion se martesat në mes komunitetit gej, nuk duhet të legalizohen. Këto janë vetëm disa nga përgjigjet që janë dhënë gjatë anketës së realizuar nga Qendra për hulumtim dhe hartim të politikave.”…
24.11.2010
ПОЛА МАКЕДОНИЈА ТАГУВА ПО ЈУГОСЛАВИЈА
Повеќе од пола Македонија тагува по Југославија. Ги влече носталгијата по минатиот режим, тогаш живееле подобро, економски биле посигурни, а се чувствувале и послободни.
До вакви резултати дојде Центарот за истражување и креирање политики, од чија анкета произлезе дури 64,6 отсто од испитаниците одговориле дека се југоносталгичари. Мислењето со Македонците и Србите кои живеат во Македонија не го делат етничките Албанци…
02.11.2010
БРИСЕЛ ЌЕ НИ ДАДЕ ПОВЕЌЕ НЕГАТИВНИ ОЦЕНКИ ОД ЛАНИ
Една недела пред објавување на годишниот извештај од Европската комисија, некои познавачи анализираат дека документот ќе биде реален, но без дозата на оптимизам што провејуваше минатата година.
Македонија годинава ќе се соочи со повеќе критики од Европската комисија во споредба со лани, оценуваат некои од познавачите, една недела пред објавувањето на годишниот извештај за напредокот на земјава од Европската комисија…
01.11.2010
ИЗВЕШТАЈОТ ВЕРНО ЌЕ КОНСТАТИРА ПРОГРЕС, СТАГНАЦИЈА И МАЛКУ РЕГРЕС
Го слушав вицепремиерот Васко Наумовски, кој вели дека 95 проценти од законите се усвоени, тоа е добра новост. Но треба да се гарантира и нивно спроведување, бидејќи реално напредокот ќе се цени врз основа на реализираното, вели Шлумберже
Францускиот амбасадор во земјава Жан Клод Шлумберже, минуциозно ги следи состојбите во сите сфери кај нас. Неговите оцени главно ги рефлектираат ставовите и на Европската Унија. Шлумберже од позицијата на дипломатски преставник на една од најмоќните земји во ЕУ говори за тоа каков очекува да биде извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, која е позицијата на Франција во спорот за името …
28.10.2010
ПОЛИТИЧАРИТЕ КАКО ЅВЕЗДИ ОД САПУНСКИТЕ СЕРИИ
Сапунскиот пристап од сериите сé почесто се пресликува и во политиката. Сé поважни стануваат формата, ефектот што ќе се постигне, медиумската привлечност и спектаклот, а сé помалку е битна содржината, велат познавачите, коментирајќи го настапот на домашните политичари .
Премиерот Никола Груевски и неговиот претходник Љубчо Георгиевски во еден викенд, независно еден од друг, дадоа две изјави со иста порака, во кои побараа повеќе суштина, а помалку формализам – едниот во грчко-македонските преговори, а другиот во однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ…
01 tetor 2010
KOSOVA – VENDI MË I IZOLUAR NË EVROPË
Qendra për Politika dhe Avokim (QPA) e mbështetur nga Fondacioni Kosovar për Shoqëri të Hapur (KFOS) , të premten organizoi në Prishtinë konferencën “Roli dhe kontributi i shoqërisë civile në procesin e integrimeve evropiane dhe liberalizimin e vizave” ku përveç organizatave jo qeveritare të Kosovës morën pjesë edhe organizatat nga Shqipëria dhe Maqedonia si dhe përfaqësues të rrjetit të organizatave evropiane Euclid me seli në Londër…
21.10.2010
МАКЕДОНИЈА СЕ НАЈДЕ ЗАД НАМИБИЈА ПО БУЏЕТСКА ТРАНСПАРЕНТНОСТ
Глобално истражување покажа дека македонската влада не сака да дели многу информации околу трошењето на буџетските пари
Владите на Гватемала, Јордан и на Намибија се потранспарентни во трошењето на парите од буџетот отколку Владата на Македонија. Според резултатите од светското истражување „Индекс на буџетска транспарентност“, на земјава за 2010 година и се дадени 49 отсто, од можни 100 отсто транспарентност. Во 2008 година нашата земја доби оценка …
21.10.2010
БУЏЕТСКАТА ТРАНСПАРЕНТНОСТ СЕ НАМАЛУВА, НО ЈА ИМА
Буџетската транспарентност во Македонија годинава е оцената со 49 проценти, што во однос на просечниот резултат од 94 земји опфатени со истражувањето е повисока, но во споредба со просечниот резултат од балканските земји е пониска. Истражувањето за индексот на буџетската транспарентност го спроведува Меѓународното буџетско партнерство, а го презентираше Центарот за истражување и креирање политики. Во однос на лани кога буџетската транспарентност изнесувала 54 проценти, забележан е пад од пет проценти…
21.10.2010
ПОЛОВИНА БУЏЕТ ЕНИГМА ЗА ЈАВНОСТА
Транспарентноста на буџетот од 2009 година е само 49 отсто од можни 100, што е пад од 5 отсто во споредба со на буџетот во 2008 година, покажува „Индексот на буџетска транспарентност“…
21.10.2010
ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ТРАНСПАРЕНТНОСТА
Владата се понејасно зборува за Буџетот
Буџетот во Македонија е транспарентен 49 проценти, што е за пет проценти помалку од лани, кога отвореното владино информирање за Буџетот изнесуваше 54 проценти, покажуваат резултатите од светското истражување „Индекс на буџетската транспарентност“ на организацијата „Меѓународно буџетско партнерство“. Истражувањето било спроведено во 94 земји во светот и во него се наведува дека Македонија спаѓа во земјите во кои владата, сепак, и обезбедува на јавноста информации за државниот буџет и за финансиските активности, но таа отвореност опаднала во споредба со …
21.10.2010
ПРОПАГАНДА, НЕГИРАЊЕ ИЛИ НОВ ПОГЛЕД
Домашните историчари имаат поделени оцени за новопромовираниот Речник на историјата на Република Македонија на бугарскиот автор Димитар Бечев. За едни неговите тези се нов, свеж поглед, за други се повторно негирање на македонскиот идентитет
Реакции на речникот на Бугарскиот историчар …
20.10.2010
BUXHETI JOTRANSPARENT
Zejnulla VESELI
Në Maqedoni është uluar transparenca buxhetore, që nënkupton se qytetarët gjithnjë e më pak kanë qasje se si harxhohen paratë shtetërore. Transparenca buxhetore e Maqedonisë këtë vit është vlerësuar 49 për qind dhe krahasuar me rezultatet e vitit të kaluar, bëhet fjalë për një ulje prej 5 për qind. Këto janë rezultatet të hulumtimit të Partneritetit Ndërkombëtar Buxhetor të realizuar në 94 vendeve evropiane të prezantuar nga Qendra për e përfshira në hulumtim është më i lartë, ndërkaq krahasuar me vitin e kaluar kur transparenca buxhetore ka arritur 54 për qind këtë kemi rënie prej pesë për qind. Kështu tregon rezultatet e fituara nga hulumtimi për indeksin e transparencës buxhetore që e zbaton Partneriteti ndërkombëtar buxhetor, ndërsa u prezantuan nga Qendra për hulumtim dhe krijim të …
20.10.2010
ПАД НА БУЏЕТСКАТА ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА
Буџетската транспаретност во Македонија за 2010 е 49 отсто, од можни 100 отсто, што земјата ја става во категоријата на земји каде Владите сепак и обезбедуваат на јавноста информации во врска со владиниот буџет и финансиските активности, покажуваат резултатите од светското истражување “Индекс на буџетската транспарентност“.
Во 2008 година буџетската транспарентност изнесување 52 отсто…
20.10.2010
ЦИКП: ПАД НА БУЏЕТСКАТА ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА ЗА ПЕТ ПРОЦЕНТИ
Владата обезбедува информации во врска со владиниот буџет и нејзините финансиски активности, но не е целосно во согласност со правилата на добро владеење и добро управување со јавните пари, сметаат од Центарот за истражување и креирање на политики…
20.10.2010
МАКЕДОНИЈА ИМА НЕТРАНСПАРЕНТЕН БУЏЕТ
Паѓа буџетската транспарентност во Македонија. Од 54 проценти за буџетот за 2008, на 49 проценти во 2010 година. Подобар резултат од нас имаат речиси сите балкански земји а полош само Босна и Херцеговина. Словенија има…
20.10.2010
БУЏЕТСКАТА ТРАНСПАРЕТНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА ГОДИНАВА ПОМАЛА ОД ЛАНИ
Македонија е земја во која сепак на јавноста и се даваат информации во врска во владиниот буџет и финансиските активности, се наведува во истражувањето за индексот на буџетската транспаретност што го спроведува Меѓународното буџетско партнество.
Буџетската транспаретност во Македонија годинава е оцената на 49 проценти што во однос на просечниот резултат од 94-те земји опфатени со истражувањето е повисока, но во споредба на просечниот резултат од балканските земји е пониска. Во однос на лани кога буџетската транспаретност изнесувала 54 проценти забележан е пад …
20.10.2010
ЦИКП: ПАД НА БУЏЕТСКАТА ТРАНСПАРЕНТНОСТ ОД 54% НА 49%
Пад на буџетската транспарентност до Македонија од 54% во 2008 на 49% годинава, покажаа резултатите од истражувањето на Центарот за истражување и креирање политики.
Во извештајот за буџетската транспарентност се забележува дека предлог буџетот на владата и придружните документи не се доволно јасни, не постои пред-буџетска изјава, не постои граѓански …
20.10.2010
И НИЕ ПРИДОНЕСОВМЕ ДА СИ СОЗДАДЕТЕ ДРЖАВА
Бугарскиот историчар Димитар Бечев денеска во Скопје го промовира Речникот на македонската историја, кој ќе биде единствениот референтен документ од овој тип во официјалната листа на историски речници во Европа и ќе го афирмира македонскиот идентитет како производ на 1944 година
Етничките Македонци се словенски народ и се тесно поврзани со соседните Бугари и Срби. Најголем дел славомакедонци се православни христијани, додека кај Албанците доминираат муслимани-сунити. Денешната држава Република Македонија е позната како Вардарска Македонија. Македонскиот идентитет е формиран по 1944 година, а Античките Македонци се населението на некогашната античка Македонија…
20.10.2010
АЛЕКСАНДАР БИ МОЖЕЛ ДА БИДЕ МАКЕДОНСКИ, СРПСКИ ИЛИ БУГАРСКИ
Македонската историја е испреплетен со најразлични контроверзии но и со факти кој не можат да се негира.
Никој не може да го оспорува македонскиот идентитет и јазик, но исто така не смее да се бега од реалноста, дека во создавањето на македонската свест во четириесеттите години придонеле и Србите и Бугарите.
Зависно од историскиот период терминот Македонец може да има повеќе значења. Не може да се негира дека Македонија има заедничката историја со некои од соседите, ќе констатира Димитар Бечев авторот на книгата „Историски македонски речник“…
(More…)
20.10.2010
НОВ КОНТРОВЕРЗЕН РЕЧНИК ЗА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА ОД БУГАРСКИ АВТОР
Македонија е српски продукт… македонскиот идентитет е формиран по Втората светска војна со помош на комунистичка Југославија. Гоце Делчев е резултат на бугарското образование.
Васка Илиева и Никола Бадев не се Македонци, но популарни пејачи од Македонија и Бугарија. Ова се дел од тезите во македонската историја, кои ги пласира бугарскиот истражувач и докторант на Оксфорд…
13.10.2010
КАНАЛ 5 И А1 ВО БИТКА ДО ИСТРЕБУВАЊЕ
Војната не се води поради концепти, туку поради владините реклами
Светлана Унковска
Медиумската војна меѓу Канал 5, Сител и МТВ од една страна, и медиумите на Велија Рамковски – А1, „Време“ и „Шпиц“ од друга страна, е тема со која деновиве се отвораат вестите и се полнат насловните страници. Тоа што граѓаните се сведоци на примитивизмот на медиумите е исклучиво резултат на уште попримитивната битка …
30.09.2010
ПОЛИТИЧАРИ ИМА, ЛИДЕРИ НЕМА
Се губи довербата во политичките лидери, особено кон лидерот на опозицијата, сметаат аналитичарите
Оливера Војновска
Двете последни испитувања на јавното мислење, на весникот „Дневник“ (што ја спроведе „Рејтинг“) и на ИРИ, покажаа големо разочарување од тоа како се движи државата, пред се’, на економски и социјален план. Но, наспроти тоа што од анкетите се гледа незадоволството од политиката на Владата, од нејзините демократски капацитети и доминира перцепцијата дека сега се живее полошо од пред четири години кога се случи смената на власта, сепак, се’ уште првото место е неприкосновено за владејачката ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер, премиерот Никола Груевски…
03.09.2010
ФОРМАЛНО ПРИСУТНА, А ФАКТИЧКИ ОТСУТНА
Експертите велат дека она што од нас го бара Европската Унија е дијалог на политики, а не политички дијалог, како што тоа го интерпретираат политичките партии. Тоа значи дека оној што ги предлага политиките треба да се консултира со сите релевантни актери во процесот на креирање…
31.08.2010
FARSA ME LIGJET EVROPIANE
Duke pasur parasysh faktin se Qeveria e Maqedonisë, integrimet në BE i konsideron si prioritet kryesor dhe se anketat e ndryshme në vend tregojnë se mbi 60 për qind e qytetarëve e mbështesin këtë proces, Parlamenti si prezantues i zërit të qytetarëve ka për detyrë miratimin e ligjeve në harmonizimin e plotë të legjislaturës së vendit me atë të Bashkimi Evropian (BE). Zëdhënësi i Parlamentit, Todor Pendarov ka thënë se nga gjithsej 106 ligje …
30.08.2010
EUROSKEPTICIZMI, FAJTOR QEVERIA
Qytetarët e Maqedonisë gjithnjë e më tepër janë skeptik rreth anëtarësimit të vendit në Bashkimin Evropian (BE). Kjo tregon se simpatia ndaj BE-së, gjithnjë e më tepër po zvogëlohet. Në një anketë të realizuar nga “Eurobarobetër” numri i qytetarëve të Maqedonisë të cilët mendojnë se anëtarësimi i vendit në BE, do të jetë i dobishëm arrin rreth 60 për qind dhe është më i ulët se në anketën e kaluar për 6 për qind…
30.08.2010
ВЛАСТА ВО ДРУШТВО, ОПОЗИЦИЈАТА СОЛО
Александра М. Митевска
Две-три коалиции и многу „слободни стрелци“. Таква понуда се очекува да добијат граѓаните на следните парламентарни избори за кои опозицијата верува дека ќе се случат наскоро, и покрај тактизирањата на партиите од власта со изборниот термин…
23.08.2010
КОЛКУ СЕ КОРИСТИ АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК ВО ОПШТИНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА?
Две години, по донесувањето на законот за употреба на јазиците во Македонија, во редовите на албанскиот партнер во Владата, но и меѓу аналитичарите зачестуваат оценките дека спроведувањето на тој законски акт оди бавно.
Челните луѓе на Демократската унија за интеграција во последниве денови го реактуелизираа прашањето на официјалната употреба на албанскиот јазик, со посочување дека се преземаат веќе и конкретни мерки на тој план…
20.08.2010
PROVOKIMET ALLA GRUEVSKI
Sipas analistëve politikë, sërish po provokohen raportet ndëretnike të cilat edhe ashtu kanë qenë në pikën kritike, derisa kryeministri Gruevski po e shfrytëzon këtë vetëm për përfitime politike
Raportet ndëretnike vazhdojnë të provokohen nga ana e Qeverisë aktuale. Botimi dhe tërheqja e librit “Shoqëria” për klasën e pestë, ku janë shfaqur fotografi të profetit Muhamed, “Shkupi 2014”, Enciklopedia kontroverse, maqedonishtja që në klasën e parë, benificionet vetëm për nënat nga Maqedonia Lindore, janë vetëm disa nga projektet e Qeverisë së kryeministrit Nikolla Gruevski, të cilat kanë acaruar marrëdhëniet ndëretnike në Maqedoni…
18.08.2010
EKSPERTËT: BOJKOTI I PDSH-SË NGA PARLAMENTI, REZULTON TË JETË I KOTË
PDSH me status-kvo sa i përket dobive apo humbjeve pas njw viti bojkotim të parlamentit. Kështu shprehen për Alsat-M, ish deputeti Naser Zyberi dhe Bashkim Bakiu nga Qendra për hulumtim dhe hartim të politikave. Sipas tyre, PDSH do të përfitonte më shumë nëse për të gjitha politikat diskriminuese, siç shprehen ata, do të reagonin në institucionin ligjdhënës, me çka do të demonstronin opozitë konstruktive dhe do të ishin korrektor i të gjitha …
13.08.2010
AHMETI: SHQIPTARË EDHE NË POSTET MË TË LARTA
Më 13 gusht mbushen nëntë vjet nga nënshkrimi i Marrëveshjes së Ohrit në Maqedoni që i dha fund konfliktit të armatosur mes forcave qeveritare maqedonase të sigurisë dhe guerilasve shqiptarë.
Me këtë rast duke folur për programin Zigzag të BBC-së, Ali Ahmeti, kryetar i partisë Bashkimi Demokratik për Integrim, që në vitin 2001 ishte në ballë të Ushtshtrisë Çlirimtare Kombëtare, tha se kjo forcë politike kërkon që 13 gushti të shpallet festë shtetërore…
05.08.2010
НОВО МАСЛО ВРЗ МЕЃУЕТНИЧКИОТ ОГАН
Предлогот на некои политичари-Албанци и невладини организации за прослава на наводниот ден на ослободувањето на Скопје од Албанците во 1912 година, по урнек на Илинден, не само што ги подели историчарите туку ги судри и албанските интелектуалци
Копањето по античките корени во историјата од страна на …
05.08.2010
ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО ИЛИ НИВНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ ?!
Разговорите за името треба да прекинат а Македонија притоа да остане конструктивна пред меѓународниот фактор. Ова се некои од идеите промовирани денеска на дебатата за името на која интелектуалци и политичари блиски на националната опција бараа грешки во досегашната политика и бараа начин како да се надмине ќорсокакот во преговорит со Грција.
05.08.2010
ЕКСПЕРТИ – ЗА ИМЕТО НЕМА ПРЕГОВОРИ!
Македонија не само што треба да ги прекине преговорите со Грција, туку никогаш и не требаше да ги започне. 20 години на неуспешни преговори и бескрајните барања на Грција покажуваат дека решение за проблемот околу името е невозможно. Доколку Македонија прифатеше промена на името, ова ќе значеше капитулација а не компромис – ова беа дел од оцените и констатациите на учесниците на трибината за преговорите околу името со Грција, организирана од Центарот за истражување и креирање на политики и Македонското движење за човекови права од Торонто и Мелбурн…
05.08.2010
ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ГРЦИЈА, БАРА ДИЈАСПОРАТА И ДЕЛ ОД ИНТЕЛЕКТУАЛЦИТЕ
Македонија треба да ги прекине разговорите за разликите околу името со Грција. Разговорите се претворија во уцена и диктат од грчка страна, смета дел од македонската дијаспора и учесниците на денешната тибина под наслов „Дали…
04.08.2010
SHTETËSIA SI NISMË LEGALE
Sipas analistëve një ide e tillë e intelektualëve shqiptar është hap i zemërgjerësisë politike në aspekt të integrimit shpirtëror të shqiptarëve kudo që janë. Kjo ide, bile sipas tyre, është juridikisht e lejueshme dhe nuk ndeshet me sistemet juridike dhe normat e Unionit Evropian
Kërkesa e intelektualëve shqiptarë adresuar te kreu i Shqipërisë Bamir Topi, për t’u pajisur të gjithë shqiptarët me shtetësi është komentuar edhe nga ana e analistëve. Sipas tyre, kjo nismë është për t’u përshëndetur dhe është e lejueshme juridikisht. Një nismë e tillë është mirëpritur edhe nga Lëvizja Qytetare “Zgjohu”…
02.08.2010
ANKETA PËR “LARJEN E TRURIT”
Bashkim Bakiu, nga Instituti për hulumtime strategjike dhe krijimin e politikave, thotë se hulumtime në krijimin e opinionit publik mund të bëjnë vetëm institute të specializuara e jo organizata të ndryshme joqeveritare dhe institute inekzistente të cilat shumë lehtë mund të manipulohen nga subjekte dhe grupe të ndryshme politike …
05.07.2010
Потребни се меѓуетнички предизборни коалиции
Радикалните реторики на партиите од двете најголеми етнички заедници негативно влијаат врз демократијата и меѓуетничките односи. Умерениот однос веројатно треба да се бара преку системски решенија, како на пример нов изборен модел, смета аналитичарот Жидас Даскаловски…
02.07.2010
SHQIPTARËT S’KANË DURIM PËR EMRIN
Bashkim Bakiu nga Qendra për krijimin e politikave, thotë se integrimi i Maqedonisë në BE nënkupton përmbushjen e disa kritereve, respektivisht respektimin e të drejtave të pjesës jo-maqedonase, implementimin e plotë të Marrëveshjes së Ohrit dhe heqjen dorë nga projektet njetnike, siç ishin Enciklopedia, Shkupi 2014, maqedonishtja për nxënësit shqiptarë…
30.06.2010
ФРИДОМ ХАУС: СИЛНО ПОЛИТИЧКО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МЕДИУМИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
Билјана Лајмановска
Слободата на медиумите во Македонија е оценета како исклучително лоша во најновиот извештај на “Фридом хаус”. Земјата и натаму има сериозен проблем со независноста на медиумите, “кои се соочуваат со политички притисок и политичко влијание со оглед на тоа што сопствениците на одредени медиуми се истовремено и претседатели на политички партии”, пишува во извештајот…
30.06.2010
ФРИДОМ ХАУС СО ПРОСЕЧНА ОЦЕНКА ЗА ДЕМОКРАТСКИОТ РАЗВОЈ ВО ЗЕМЈАТА
Фридом хаус во новиот извештај повторно и даде на Македонија просечна оценка за демократскиот развој, а најлоши беа оцените за ситуацијата со медиумите во земјата
Според извештајот во кој највисоката оценка која може да се добие е 1, Македонија незначително ја подобрила оценката од претходната година од 3.86 на 3.79. Фридом хаус истакнува најголема загриженост за проблемите со независноста на медиумите и политичките притисоци кои се вршат врз нив…
24.06.2010
„НЕ Е СЕ‘ ЦРНО ВО МЕЃУЕТНИЧКИТЕ ОДНОСИ ВО МАКЕДОНИЈА“
Што вели експертската анализа за меѓуетничките односи во Македонија, произлезена од анкета со илјада испитаници од сите етникуми и од сите региони и спроведена во септември 2009 година, промовирана неодамна во Тетово?
Анализата за меѓуетничките односи е промовирана неодамна во рамки на најновото издание на публикацијата „Граѓански засновани анализи“
22.06.2010
ПРОДОЛЖЕНА АГОНИЈА СО ИМЕТО
Нема политичка атмосфера, а кај власта не постои политичка волја да го реши спорот за името ниту до самитот на НАТО во ноември. Секој нов рок е само купување време и подготовка за избори, што од друга страна значи продолжување на агонијата кај граѓаните и во државата, кои подолг период ќе останат надвор од евро-атлантските структури, сметаат експертите…
18.06.2010
ЧЛЕНСТВО И ИМЕ ВО ИСТ ДЕН
Македонија да се согласи да го смени своето име и да внесе промени во Уставот и веднаш да ги почне преговорите за члество во Европската Унија, но промените да влезат во сила и да станат ефективни на денот кога земјата ќе се приклучи кон Унијата. Ова е „соломонското решение“ што го содржи анализата на Иницијативата за европска стабилност (ЕСИ)…
18.06.2010
МЕДИУМИТЕ НА ОТСТРЕЛ
Светлана Унковска
Во најмала мера скандалозно звучеа нападите на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кон одделни медиуми со кои тој се занимаваше на прославата на 20-годишнината од формирањето на партијата. Кога лично од премиерот ќе се слушнат зборови како „партиски мегафони“, „медиумски јастреби“ и жестоко ќе се нападнат некои медиуми затоа што не му се по волја, што треба да се очекува од оние што во последно време слободно шират омрази, повикуваат на линч и хајка
07.06.2010
СОБРАНИСКАТА КОНТРОЛА ВО ЌОР-СОКАК
СДСМ бара поединечните ревизорски извештаи кои власта со амандмани ги спречи да бидат разгледувани од пратениците, да бидат прегледани на некоја надзорна расправа, ВМРО-ДПМНЕ не дава. Власта вели дека надзорните расправи со кои Собранието проверува како се спроведуваат законите во пракса, за оваа година веќе се распоредени, а и опозицијата не присуствува на координации на кои се договарале …
31.05.2010
A E DËSHIRON VMRO-JA EVROPËN?
Afrim TANALLARI
Gjashtëmbëdhjetë dhe shtatëmbëdhjetë qershori do të jenë data historike për Maqedoninë apo do të përsëritet katër prilli i Bukureshtit, kur vendi përjetoi veton greke. Këshilli Evropian (KE) do të debatojë për Maqedoninë për arsye se është obligim i marrë nga presidenca paraprake suedeze e Bashkimit Evropian dhe do të vendos fatin për Maqedoninë se a do ti ndajë datë për fillimin e bisedimeve me Bashkimin Evropian (BE). Mandati i presidencës Spanjollë me BE skadon më 30 qershor…
27.05.2010
ПО ЗАКАНИТЕ ЗА ПОДЕЛБА ВО НАЈГОЛЕМАТА ПАРТИЈА НА АЛБАНЦИТЕ Фракциите не виреат кај Али Ахмети
Ана Анастасовска
Ставот на потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи, дека голем дел од членството и од функционерите на партијата се подготвени да ја напуштат коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ уште во јуни, е политичка игра и обид за пазарење со коалицискиот партнер, оценуваат аналитичарите и опозицијата. Според нив, практиката кај нас покажала дека партиите дејствуваат како султан-партии и дека, сепак, на крајот конечниот збор го има лидерот, во случајов, Али Ахмети…
(More…)
24.05.2010
MOSZGJIDHJA E EMRIT TË MAQEDONISË MUND TË PRODHOJË KRIZË INSTITUCIONALE
Shkup, 24 maj- Kanë mbetur edhe tri javë nga Samiti i Bashkimit Evropian (BE) në të cilin Këshilli i Ministrave i BE-së duhet të marrë vendimin nëse do t’i jepet Maqedonisë data për fillimin e negociatave apo jo. Sipas zhvillimeve dhe sinjaleve që vijnë nga institucionet shtetërore, Maqedonia edhe kësaj radhe do të ndëshkohet me “karton të kuq” nga Brukseli. Edhe pse diplomatë perëndimorë thonë se Komisioni Evropian (KE) raportin për Maqedonisë do ta shkruaj; deri në ditët e fundit dhe rol vendimtar do të ketë Samiti i ardhshëm, i cili do të mbahet më 2 qershor në Sarajevë, një gjë e tillë…
19.05.2010
ДЕЈТОН ЗА ИМЕТО – МАНДАТОТ НА НИМИЦ ИМ БИЛ ПРЕМНОГУ МЕК
Спорот за името да се решава во посредништво на евродипломат со силен но временски ограничен мандат, кој ќе им помогне на Скопје и на Атина во рок од неколку месеци да се договорат за еден од трите предлози што ќе ги даде Метју Нимиц. Ваквата идеја на еврокомесарот Штефан Фуле деновиве му ја предложиле европски дипломати, кои веруваат дека мандатот на Нимиц е премногу мек
Посредникот за името Метју Нимиц да стави на маса три предлози за името што се најмногу прифатливи за Скопје и за Атина, а потоа еден од тие предлози да се избере за ново име на Македонија со посредништво на силен европски дипломат…
19.05.2010
ДУИ СЕБИЧНО ГО ПРИСВОЈУВА БАДЕНТЕР
Со гарантирани места за помалите етнички заедници ќе профункционира мултиетничкото општество. Тоа е цел и на Охридскиот договор, кој неправедно се толкува како договор само меѓу Македонците и Албанците
Партиите на Албанците немаат ексклузивно право врз Бадентеровиот принцип на гласање. Таканареченото „двојно гласање“ е воспоставено да ги штити правата на сите заедници, а не само на албанската…
10.05.2010
Експертите поделени за можното одложување на датум за преговори со ЕУ
Процесот на интеграција на Македонија не може и не смее да биде оставен на волјата на ЕУ и на земјата претседавач. Секој изгубен момент е поразителен за иднината на земјата.
Експертите со поделени мислења по најавата за можно одложување на датум за старт на преговори со ЕУ за некои подобри времиња.
Изјавата на Милошоски ја отсликува реалната слика…
10.05.2010
Опозицијата со критика за ставот на Милошоски за добивање датум за влез во Европската унија
Евентуална нова блокада од Грција не треба да ја обесхрабрува Македонија и да ја пасивизира со чекање подобри времиња.
Ако Владата има индикации дека земјава нема наскоро да добие датум за преговори тогаш е потребна дипломатска офанзива и јасна стратегија на алтернативен метод за членство во ЕУ.
– Треба да се види каков ќе биде исходот од тужбата пред меѓународниот суд на правадата и да се лобира кај европските земји…
10.05.2010
СЕ ОТКАЖА ЛИ МАКЕДОНИЈА ОД ПРЕГОВОРИ ЗА ЕУ ГОДИНАВА?
Премиерот Груевски контра министерот Милошсоки – не смета дека решението за името ќе се одложи за 2011-та. Милошоски вчера на партиската трибина изјави дека почетокот на преговорите треба да се очекува за време на претседавањето на следните земји, кои имаат одредена наклонетост кон Македонија.
– Дали се оддалечуваме од решение за името и се откажуваме од 2010-та?…
03.05.2010
ПРИСУСТВО НЕЗАДОЛЖИТЕЛНО, 2.400 ЕВРА – СИГУРНО
Проблемот не е само во лошите навики на македонските пратеници, кои функционираат според онаа „клати врата, земај плата“, туку и во тоа што нема системско решение што ќе ги натера народните избраници да внимаваат како се однесуваат во парламентот и како да си ги заработат парите…