| Newest | 08 | 07 | 06 | 05 | 04 | 03 | 02 | 01 |

22.04.2010

САД И ЕУ НИ ОДБРОЈУВААТ

„Воспитната“ од меѓународната заедница до домашната елита за некои експерти е притисок и уцена, за други добронамерно предупредување до политичките елити навреме да се вратат на вистинскиот колосек

Заедничката порака на меѓународната заедница не е остра, туку доаѓа како резултат на вознемирувачките изјавите на одделни политичари и отсуството на вистински политички дијалог за спроведување на реформите. Вака вчера американскиот амбасадор Филип Рикер и евроамбасадорот Ерван Фуере ги објаснуваа …

(More…)

 

22.04.2010

КОГА НЕМА ЗА ШТО, ФАТИ СЕ ЗА УСТАВОТ

Македонија изминативе години во пет наврати направи 31 измена на Уставот – највисокиот акт на државата, темелот на државноста и правниот систем

ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја пренасочи јавноста од дебатата за „Скопје 2014“ и од притисокот за решение во спорот за името, ДУИ, пак, сака да го прикрие неуспехот за случајот “Сопот&рдљуо;, македонскиот јазик за албанските првоодделенчиња и Енциклопедијата. СДСМ се обидува да си го исчисти образот од криминалната приватизација за која синоним е нејзиниот лидер Бранко Црвенковски…

(More…)

 

12.04.2010

ПО ЕДНА ГОДИНА ИВАНОВ НЕ УСПЕА ДА ИЗЛЕЗЕ ОД СЕНКАТА НА ГРУЕВСКИ Претседателот во преголеми чевли

Ана Анастасовска

Речиси една година откако стапи на функцијата претседател на државата Ѓорге Иванов не успеа да дефинира посебен политички профил и индивидуалност што ќе му биде особено тешко да го изгради во наредните четири години, оценуваат политичките аналитичари. За една година Иванов во јавноста остана запаметен особено по неговите гафови, скандали и невидлив рејтинг, на сметка на што остануваат во сенка неговите дипломатски активности и придонеси …

(More…)

 

08.04.2010

ЈУНИ СТАНА НОВ ДЕКЕМВРИ

Временските рокови што се поставуваат за решавање на прашањето за името личат на отчукувањето на часовникот на телевизиските екрани за време на СМС-лицитациите

Да се искористи краткиот период од шест месеци за решавање на спорот за името за вашата држава да ги почне преговорите со ЕУ! Македонските власти во првата половина од 2010 година да го решат овој проблем, кој трае веќе 18 години. Колку побрзо се најде решение, толку подобро. До крајот на шпанското претседателство да се најде решение за името…

(More…)

 

07.04.2010

ПОДЕМ НА ОБЛОЖУВАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА

Во Македонија луѓето сакаат да се обложуваат.

Многумина од нив бараат и егзистенција во спортските обложувалници чии врати им беа ширум отворени, откако повеќе години немаше лото и бинго, игри на среќа организирани од државата.

Како во фабрика – но тоа е само полна обложувалница. Концентрацијата кај играчите е голема.

Не е лесно да се избере и претпостави кој натпревар од може да донесе поголем профит, доколку се погоди, нели?

Не сите посетители во обложувалниците се љубезни кон новинарите. Сепак, некои пасионирани играчи во следната обложувалница се поотворени за разговор…

(More…)

 

07.04.2010

НЕМА СТРАТЕГИЈА ЗА ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ

Македонија нема стратегија и концепт како да ги задржи високо образованите кадри, но и како да ги врати оние кои што веќе заминале.

Според студентите главната причина поради која заминуваат во странство е тешкото добивање на соодветна и добро платена работа.Македонија е една од ретките земји која има солиден високо образовен систем, но сепак има големо одлевање на мозоци.

(More…)

 

07.04.2010

РАЗВИВАЊЕ ПОЛИТИКИ НА ПРИЛИВ НА МОЗОЦИ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН

Македонија не само што нема стратегија за враќање на младите кои одат да студираат во странство и остануваат таму, туку со договорите, студентите се како „избркани“ од земјава

На дебатата се дискутираше како да се убедат младите и образовани кадри да се вратат во Македонија со што би придонеле за развојот на самата држава.

Според Неџад Мехмедовиќ од овој Центар за истражување, различни институции даваат различни информации за тоа колкав број на образовен кадар е заминат на студии во странство и колкав број од нив се вратиле дома..

(More…)

 

23.03.2010

РАЗЛИЧНИ ТОЛКУВАЊА НА ИЗЈАВАТА НА ДРУЦАС

“Република Северна Македонија“ е име што ги задоволува грчките барања. Ваквиот став на грчкиот заменик-шеф на дипломатијата, Димитрис Друцас, испорачан два дена пред средбата Груевски – Папандреу, се анализира различно во Скопје. Според професорот Мерсел Биљаљи, ова покажува дека Атина станала поконструктивна и оти не го оспорувала македонскиот идентитет…

(More…)

 

21.03.2010

ДВЕ ДЕЦЕНИИ ОД ПРВИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ

Македонија влегува во демократски нихилизам

Ана Анастасовска

Македонија годинава ќе ја одбележи дваесетгодишнината од одржувањето на првите повеќепартиски избори, период во кој свој белег оставија четири претседатели и шест премиери. Во Собранието е формиран посебен одбор за одбележување на овој јубилеј, но засега не се прецизирани деталите. Во овие дваесет години изборните процеси, наместо да напредуваат до степен на „шведски избори“, често ја уназадуваа државата, донесувајќи и многубројни критики од домашната и од меѓународната јавност. Се сменија и неколку изборни модели од мнозински, преку пропорционален и комбиниран до конечниот пропорционален модел на избори. Во целиот период на политичката…

(More…)

 

20.03.2010

ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР ПРЕТХОДНИЦА НА ПАРТИИТЕ

Политичките институти не прогнозираат избори, но велат дека политичките партии во последно време сé почесто им тропаат на нивните порти

Политичките партии ги пуштија невладините организации како претходница што треба да го измери пулсот на народот за евентуални предвремени парламентарни избори наесен. „Жртви на транзицијата“, „Архибригада“, „Разбуди се“, „Плоштад слобода“, „Деница“, „Сите за правично судење“, „Масо“ – како печурки никнуваат невладините организации што се диференцираат како провладини или опозициски…

(More…)

 

13.03.2010

РАМКОВНИОТ БЕЗ СИМБОЛИ

Креаторите на рамковниот договор Љубомир Фрчкоски и Владо Поповски се децидни дека промената на државните симболи не произлегува од рамковниот договор.

На Македонија и’ се потребни нови државни симболи што ќе ги одразуваат мултиетничкиот карактер на државата и времето по конфликтот во 2001 година, иако тоа не е обврска од Охридскиот договор, покажува анализата на владиниот Секретаријат за рамковен договор. Објаснувањето е дека само на тој начин етничките Албанци би ги почитувале и преку нив би се идентификувале со Република Македонија…

(More…)

 

13.03.2010

ВИСОК НАПОН И НИСКИ УДАРИ ВО ПАРТИСКИОТ ДУЕЛ

Александра М. Митевска

Наместо список со барања, „жртвите на транзицијата“ донесоа крава и теле пред седиштето на СДСМ, каде што протестираа против партискиот лидер Бранко Црвенковски. Ним, веројатно, им е јасно дека немаат што да бараат од поранешниот премиер, кој сега е опозиционер, па не располага со алатки што би можеле да го олабават социјалното незадоволство…

(More…)

 

06.03.2010

МЕДИУМИТЕ ГО ПРЕУВЕЛИЧУВАЛЕ ПРОБЛЕМОТ СО АЗИЛАНТИТЕ

Вакви се оцените на Александра Стиглмаер, експертка од „Европската иницијатива за стабилност“, која верува дека приказната со лицата што бараат азил ќе заврши за неколку недели Белгиските власти за неколку дена ќе почнат да ги враќаат српските и македонските државјани што побарале политички азил во Белгија, најави белгиската амбасадорка во Белград, Дениз де Хаувер..

(More…)

 

06.03.2010

По Белгија, наплив од барања за азил во Шведска и во Швајцарија РЕКАТА АЗИЛАНТИ НЕ СЕ ЗАПИРА СО ИНСПЕКТОРИ

Игор Чавески

Затворањето на туристичките агенции што вршеа транспорт на македонски државјани во Белгија со намера тие да побараа азил нема да даде никаков ефект бидејќи емигрантите пронаоѓаат нови начини и нови земји каде што можат да емигрираат, предупредуваат експерти. Откако белгиските власти најавија дека за неколку дена ќе почнат да ги враќаат емигрантите во Македонија и во Србија, медиумите во Швајцарија и во Шведска објавија дека нагло се зголемил бројот на барања за азил во нивните имиграциски служби..

(More…)

 

06.03.2010

САМО 6,6% ЗАМИНАЛЕ ВО ЕУ

Помалку од 7 проценти, поточно само 6,6 отсто од македонските граѓани патувале некаде во земјите на Европската унија по 19 декември минатата година по падот на визната либерализација, додека 93,4 отсто се изјасниле дека не патувале. Ова се резултати од анкетата што ја спроведе Центарот за истражување и креирање политики од Скопје. Анкетата е спроведена минатиот месец меѓу 1.100 испитаници. Целта на анкетата е да се утврди колку граѓаните ја искористиле можноста за патување без визи..

(More…)

 

06.03.2010

Македонски граѓани на азилантски гурбет

ШВЕДСКА НЕ Е СОЦИЈАЛНА УСТАНОВА, ПОРАЧАА ОД АМБАСАДАТА НА БРАНОТ АЗИЛАНТИ

Тамара Грнчароска

Македонските азиланти, освен на Белгија, атакуваат и на Швајцарија и на Шведска, каде што властите во изминатите два месеца забележале зголемување на бројот на баратели на азил од нашата земја. Канцеларијата на Федералната служба за миграција на Швајцарија информира дека само во февруари бројката на баратели азил од Македонија се искачилa на 166 лица, што е трипати повеќе отколку за целата 2009 година и деветпати повеќе од јануари оваа година..

(More…)

 

06.03.2010

САМО 6,6 ОТСТО ЈА ИСКОРИСТИЛЕ ВИЗНАТА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА

Од воведувањето на визната либерализација на 19 декември минатата година, во некоја од земјите-членки на Европската Унија патувале само 6,6 отсто од граѓаните на Македонија, покажува анкетата на Центарот за истражување и креирање политики. Дури за една третина од граѓаните, односно 30,1 отсто кои не успеале да ја почувствуваат корисноста од слободното патување во Европа, главна причина била недостигот од финансиски средства. Приближно за уште толку (27,8 отсто) причината била немање нов, биометриски пасош..

(More…)

 

05.03.2010

МАКЕДОНЦИТЕ НЕ ПАТУВААТ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Двојно повеќе Албанци од Македонци патуваат во земјите на Европската Унија откако падна шенгенскиот ѕид – покажува анкетата на Центарот за истражување и креирање политики. Од 42 проценти што патувале во Европа пред 19-ти декември, изминативе три месеци само 6 насто од македонците ги преминале европските граници..

(More…)

 

05.03.2010

САМО 6,6 % ОТПАТУВАЛЕ ВО ЕУ

Само 6,6 проценти од населението патувало во земјите од ЕУ по укинувањето на визите, покажало испитувањето на центарот за истражување и креирање политики.

Третина од граѓаните кои не патувале, како главна причини за тоа го навеле недостатокот на финансиски средства, но речиси исто толку само затоа што не успеале да извадат биометриски пасош.

По падот на визната бариера во ЕУ повеќе патуваат етничките албанци, за разлика од претходно кога процентуално повеќе патувале Македонците…

(More…)

 

February 2010

NIMIKIISTA JA ETNISET JДNNITTEET JARRUTTAVAT MAKEDONIAN KEHITYSTД

Kansainvдlisissд yhteyksissд – kuten olympialaisissa – makedonialaiset edustavat maataan nimellд FYROM (Former Yugoslavian Republic of Macedonia). Kreikka katsoo Makedonian nimen kuuluvan yksinoikeudella …

(More…)

 

28.02.2010

VETËM 10 PËR QIND E QYTETARËVE KANË UDHËTUAR NË VENDET E BE-SË

Mbi 90 për qind e qytetarëve të Maqedonisë akoma nuk kanë udhëtuar në asnjë vend të zonës Shengen me gjithë liberalizimin e vizave. Këtë e dëshmojnë rezultatet e anketës së fundit të Qendrës për hulumtimin dhe krijimin e politikave. Sipas anketës, që nga heqja e vizave më 19 dhjetor, vetëm 10 për qind e qytetarëve kanë udhëtuar jashtë vendit, kurse këtë 10 përqindsh e kanë përbërë kryesisht personat nga mosha 26-35 vjeçare…

(More…)

 

28.02.2010

Укинувањето на визите неискористено

За повеќе од 90 проценти од македонските граѓани визната либерализација не е доволен мотив за да отпатуваат во некоја од европските земји.

Падот на шенген е недоволно искористен е резултатот од анкетата на центарот за истрчување и креирање политики.

25 проценти од испитаниците како главен фактор за тоа го навеле немањето финансиски средства. За разлика од слабиот број на туристички патувања …

(More…)

 

24.02.2010

САМО 5 ОТСТО ОД ГРАЃАНИТЕ ПАТУВАЛЕ ВО ЕУ

Над 90 отсто од граѓаните не патувале во европските држави, покажуваат резултатите од анкетата на Центарот за истражување и креирање политики. Како причини за неизлегувањето надвор од земјата биле наведени немањето пари (околу 25 отсто) и немањето нов пасош.

Мнозинството од граѓаните по визната либерализација не отпатувале во ниту една земја на ЕУ. Над 90 отсто не ја искористиле таа можност, покажуваат резултатите од анкетата на Центарот за истражување и креирање политики…

(More…)

 

12.02.2010

ВИСОКОНАПОНСКИ ПОЛИТИЧКИ НАБОЈ

За дел од креаторите на јавното мислење, зад политичкиот набој на јавната сцена се крие борбата за политички поени, додека други веруваат дека актуелната ситуација се случува затоа што во Македонија секое прашање се политизира и не постои чувство за дијалог

Радикализирана реторика, жестоки кавги, меѓупартиски препукувања во кои се вклучени аналитичари, уметници, архитекти и невладини организации, сомнителни трибини и меѓусебни поделби. На јавната сцена постои голем политички набој што произлегува од вриење на меѓупартиските, меѓуетничките и меѓучовечките односи…

(More…)

 

11.02.2010

LANGUAGE CONFLICT INVADES CLASSROOMS IN MACEDONIA

Sinisa-Jakov Marusic

As the rushed attempt to get Albanian first-graders speaking the main language ignites a boycott in schools, the government’s handling of this sensitive issue is coming under fire…

(More…)

 

04.02.2010

АНАЛИТИЧАРИ – ПОСТОИ ВЛОШУВАЊЕ НА МЕЃУЕТНИЧКИТЕ ОДНОСИ

Додека Груевски и Ахмети и јавно признаваат дека односите во владината коалиција понекогаш не функционираат, дел од домашните аналитичари оценуваат дека токму политичарите со впечатокот на несогласување кој го оставаат во јавноста се едни од виновниците за влошените меѓуетнички односи. Во последниов период пак, политичарите од двете најголеми заедници јавно се препукуваа најмногу околу одлуката да се учи македонскиот јазик од прво одделение, а потоа и за предвидената израдба на црква на плоштадот во Скопје, но не и на џамија. Марија Ристевска од Центарот за истражување и креирање политики вели дека одлуките мора да се носат откако политичарите претходно ќе се консултираат и договорат за нивната прифатливост од заедниците…

(More…)

 

04.02.2010

ВЛАСТА СИ ИГРА СО МЕЃУЕТНИЧКА ПИРОТЕХНИКА

Две недели и само десетина работни дена беа потребни за нови меѓуетнички тензии што доведуваат до тепачки во училиштата меѓу Албанците и Македонците. Конфликтите меѓу учениците се одраз на чувствителноста на меѓуетничките односи и, според експертите, се резултат на лошото менаџирање на политичарите со проекти во сферата на образованието. Воведувањето на македонскиот јазик за првачињата Албанци и бојкотот на наставата само се надоврзаа на неколкуте претходни потези на власта кои ја зовреа состојбата меѓу двете најголеми етничките заедници…

(More…)

 

03.02.2010

НОВ ИНЦИДЕНТ МЕЃУ МАКЕДОНЦИТЕ И АЛБАНЦИТЕ ВО ТЕТОВСКА ГИМНАЗИЈА Бојкотот ги зовре тензиите

Валентина Стојанчевска

Петмина малолетни Албанци вчера нападнале и претепале ученик Македонец од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, што уште повеќе ги зголеми меѓуетничките тензии во земјава. Нападите на меѓуетничка основа, во која најчесто жртви се учениците Македонци, зачестија особено по последните проблеми во образованието и се закануваат да излезат од контрола. Во петокот беше претепан еден ученик од втора година, а тензии имаше и во скопското Средно медицинско училиште „Панче Караѓозов“…

(More…)

 

03.02.2010

АНАЛИТИЧАРИТЕ НЕ СЕ ВООДУШЕВИЈА ОД НОВАТА КОАЛИЦИЈА Опозицискиот фронт со лесна артилерија

Ана Анастасовска

Многу врева за ништо, е накратко коментарот на аналитичарите за формирањето на новиот опозициски фронт и за неговата цел, да ја урне политиката на Никола Груевски и да го симне од власт. Фронтот од 12 партии на чело со СДСМ, кој завчера беше промовиран со зурли и со тапани и со југоносталгичарска иконографија, според аналитичарите, во основа не се разликува многу од коалицијата „Сонце“ која пред две години на парламентарните избори ја водеше Радмила Шекеринска како тогашен лидер на СДСМ, а која доживеа огромен пораз од ВМРО-ДПМНЕ…

(More…)

 

30.01.2010

ПРАТЕНИЦИТЕ СЕ ДОБРИ САМО ЗА ФАЌАЊЕ СЕИР

Статисти, циркузанти, гладијатори. Забавувачи кои од Собранискиот канал прават политичко реално шоу. Ваква е перцепцијата на македонските граѓани за пратениците кои ги изгласаа на последните избори. Македонските пратеници се добри само за фаќање сеир и за гласање по партиски диктат, анализираат експертите.

Дури шестина од пратениците во македонското собрание никогаш не дискутирале во собраниската сала. Половина тоа го сториле еднаш до два пати, покажаа податоците за активноста на народните избраници “Мој пратеник“. Се работи за редовен шестмесечен извештај на собраниските служби кои квантитивно ја мерат активноста на пратениците. Според бројките, само 25 пратеници редовно присуствувале на пленарните седници на Собранието во периодот од јули до декември…

(More…)

 

27.01.2010

ВО ВОЈНАТА СО АНКЕТИТЕ ГИНЕ ВИСТИНАТА

Анкетари велат дека збунетоста на граѓаните за анкетите преминува во бес, па многумина одбиваат да одговараат на телефонските повици на прашања како на пример ако утре се одржат избори, за кој политичар ќе гласате.

Една фантомска агенција за испитување на јавното мислење обвинува друга агенција дека е фантом, дека не е релевантна, дека фабрикува резултати поволни за партијата до која е блиска. Терминот „фантомски“ и блискоста до политичарите сами си ги препишаа токму агенциите, особено откако во последните месеци се појавија куп институти, анкети и анкетари што го испитуваат расположението на јавноста и го прикажуваат како точен податок…

(More…)

 

27.01.2010

МЕЃУПАРТИСКИ БИТКИ СО АНКЕТИ

Истражувањата на јавното мислење повторно ги исконфронтираа ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ влезе во конфронтација со социјалдемократскиот институт „Прогрес“, кој во декември лиферуваше анкета според која се намалува разликата во рејтинзите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Кристина Рунчева, во улога на модератор на вчерашната трибина „Методологијата на анкетите“, што ја организираше десничарскиот институт „Павел Шатев“, оцени дека новоформираните субјекти го доведуваат во прашање кредибилитетот на етаблираните и докажани агенции за испитување на јавното …

(More…)

 

27.01.2010

ФАБРИКУВАНИТЕ АНКЕТИ СЕ ШТЕТНИ ЗА ОПШТЕСТВОТО

Партиите не треба да се раководат од популарноста на определени мерки во политиката и од тоа дали со нивното спроведување ќе им се зголеми или намали рејтингот, туку доследно да ги спроведуваат реформите зацртани во нивните програми, порачаа дел од учесниците на вчерашната трибина „Методологија на анкетите“, што ја организираше Институтот „Павел Шатев“. Жидас Даскаловски од Институтот за истражување и креирање политики оцени дека сите партии треба да се раководат врз концепти на развој, врз анализи што се направени пред да дојдат на власт и да ги спроведуваат дури и на штета на сопствениот рејтинг…

(More…)

 

27.01.2010

РЕЈТИНГ НА ТУЃ ГРБ

Јасминка Догова Рејтингот на институцијата Претседател на држава се должи, пред се, на силните претседатели, кои имаат авторитет и можат да бидат еден вид контрола на партијата што ги кандидирала, што беше случај со првите двајца претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски. Но, тоа не е случај и со претседателот Ѓорге Иванов, кој, практично, досега не промовираше свој личен став и не успеа да излезе од сенката на премиерот Никола Груевски. Ако ваквата ситуација продолжи и понатаму, ќе дојде до промена на политичката историја на Македонија и до ситуација во која едно лице, а тоа е премиерот Никола Груевски, ќе влијае на сите текови во општеството, што е невообичаено. Ова е коментарот на политикологот Жидас Даскаловски од Центарот за истражување и за креирање политика…

(More…)

 

26.01.2010

КОЈА АНКЕТА ЗА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ Е НАЈТОЧНА?

Откако по кој знае кој пат предизвикаа полемики и обвинувања меѓу политичарите, анкетите и испитувањата на јавното мислење денеска тема за дебата и на преставниците на институтите кои ги спроведуваат. На трибината организирана од Институот Павел Шатев, близок до ВМРО-ДПМНЕ, се дебатираше и за релевантноста на испитувањата кои ги спроведува Институтот Прогрес, кој пак е близок до нивните политички ривали…

(More…)

 

26.01.2010

ГО МЕНУВА ЛИ ВЛАСТА КУРСОТ КОН ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ ?

Љубиша Николовски

Откако прашањето за името во спорот со Грција стана услов за влез во ЕУ и НАТО, тоа ги подели политичките опции на две. На ортодоксни и на сколастици.

Односно на оние кои безрезервно се за членството на Македонија во европските и евроатлантските структури и на оние кои се сомневаат дека тие организации такви какви што се треба да и бидат политички приоритет на Македонија. Желбата за влез во ЕУ и НАТО можеби е голема, но е илузија, смета Жидас Даскаловски…

(More…)

 

26.01.2010

КОЛКУ СЕ РЕЛЕВАНТНИ АНКЕТИТЕ ЗА ПОЛИТИЧАРИТЕ?

Факти за популарноста на партиите и политичарите или наместени бројки за рејтинзи. Анкетарите поделени во мислењата за точноста на испитувањата на јавното мислење. Речиси сите агенции се поврзуваат со некоја политичка партија, дури и самите се спротивставуваат чија е поточна, сметаат познавачите. ,,Фабрикуваните анкети носат повеќекратна штета бидејќи од една страна се губи довербата на граѓаните во истражувањето на јавното мислење, а од друга страна се нарушува рејтингот на агенциите кои ги спроведуваат анкетите рече Владимир Божиновски од Институтот за демократија…

(More…)

 

13.01.2010

МАКЕДОНИЈА ВО 2009. „ДЕЛУМНО СЛОБОДНА“ ЗЕМЈА

Тројка за политичките и тројка за човековите прва. Со вакви оценки Македонија и 2009 тата ја помина како делумно слободна земја според степенот на демократија.

Во извештајот на Фридом Хаус стои дека годинава што измина бележи тренд на подобрување на политичките и човековите права, но не доволно за да преминеме од делумно во целосно слободни.

Образот ни го обелиле локалните и претседателски избори. Оценети како фер и демократски, Фридом Хаус ги посочува како најголем придонес за македонската демократија во изминатата година…

(More…)

 

09.01.2010

ЕУ ЌЕ ГО РУШИ МИТОТ: “ЖЕНА ЗА ПО ДОМА – МАЖОТ НА РАБОТА”

Економската криза ќе го сруши митот “Жена за по дома – мажот на работа”. Новоизбраниот претседател на ЕУ бара активирање на стопанскиот потенцијал на понежниот пол.

Економскиот раст, Европа ќе го подига преку вклучување и рамноправност на жените. На ова тема првите луѓе на ЕУ ќе разговараат на вонредна средба која Ромпој ја закажа за во февруари.

Прогнозите се дека доколку жените бидат подеднакво застапени во бизнис секторот, кога би работеле со полно, наместо со скратено работно време и кога нивната продуктивност би била еднаква како на мажите, Бруто домашниот производ би се зголемил …

(More…)

 

30.12.2009

НЕМА БРЗО ДА ГО РЕШИМЕ СПОРОТ И ДА ДОБИЕМЕ ДАТУМ

На прашањето дали за шест месеци ќе се реши спорот за името и ќе добиеме датум за преговори со ЕУ, повеќето пратеници дадоа неодреден одговор, додека професоритеи аналитичарите одговорија негативно

Дали за шест месеци ќе се реши спорот за името и Македонија ќе добие датум за преговори со Европската Унија? Нема ниту еден позитивен одговор во минианкетата на „Нова Македонија“! Прашањето им го поставивме и на пратениците, и на аналитичарите. Повеќето од нив дадоа неодреден одговор – и „да“ и „не“. Народните избраници од редовите на опозицијата топката ја префрлаат кај премиерот Никола Груевски, кој го обвинуваат дека не ги кажува црвените линии и оти смета дека со изолирана Македонија полесно се владее. Оние од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, сметаат дека одговорот на нашата анкета лежи во рацете на Атина…

(More…)

 

23.12.2009

ЕКСПЕРТИТЕ, ВО ДЕМОС ГЛЕДААТ КОНКУРЕНЦИЈА НА СДСМ

Црвенковски не ги прифаќа провладините анкети за рејтингот на партијата дека неговата СДСМ трипати заостанува зад владината ВМРО-ДПМНЕ. На новогодишната забава порача дека СДСМ станува се посилна партија и оти во 2010 година ќе жнее нови успеси. Скапи се забавите во време на криза коментираат во ВМРО-ДПМНЕ – загрижено. Во исто време паралелно со забавата на СДСМ, дел од сегашните и екс сопартијци организирани во ДЕМОС со дебата – 5-те стереотипи на македонската политика. Го промовираше Срѓан Керим, човекот кој според анкетите за време на претседателските избори котираше највисоко кај македонските граѓани…

(More…)

 

22.12.2009

ОТВОРЕН САМО ЗА НОЌНО ШОУ

Интервју за медиум на кој ќе се поставуваат само договорени прашања, одбегнување соочувања каде што може да се случи нешто неочекувано, настапи во доцни вечерни часови пред камерите на емисии што најчесто ги следи само определена публика… Тоа е начинот на кој веќе долго функционираат релациите на македонскиот премиер Никола Груевски со медиумите и јавноста…

(More…)

 

Novembar.2009

BIJELI SCHENGEN ZA SREDNJU KLASU

Predsjednik Centra za istrazivanje i kreiranje javnih politika iz Skoplja profesor dr Zidas Daskalovski ocijenio je u razgovoru za Evropski puls da ce vizna liberalizacija najvise obradovati srednju klasu …

(More…)

 

17.12.2009

A NEW ITINERARY FOR THE BALKANS

By Toby Vogel

The EU’s decision to lift visa restrictions for citizens of three countries of the former Yugoslavia is a major step forward.

This weekend the European Union will do something that many people in the Balkans thought impossible: it will open its borders to visitors from three countries of the former Yugoslavia. As of 19 December, citizens of Macedonia, Montenegro and Serbia will no longer have to obtain a visa for visits of less than three months to the Schengen area of border-free travel…

(More…)

 

17.12.2009

Анализа на центарот за истражување и креирање политики

НЕМА ЖЕНА ГРАДОНАЧАЛНИК

Над 50 отсто од бројот на вработени во државната администрација во Македонија се жени, но ако подетаљно се анализира, ќе се види дека тие најчесто се наоѓаат на пониски позиции од мажите. До овој заклучок дошол Центарот за истражување и креирање политики, кој неодамна направи анализа за родовата еднаквост во Македонија. Спо­ред оваа анализа, запрепастувачки е и фактот што во Македонија нема жена градоначалник, исто како во 1996 година. Жените се соодветно застапени само во Собранието на Македонија, додека во Владата тие …

(More…)

 

17.12.2009

ШЕСТ СЦЕНАРИЈА ЗА ШЕСТЕ МЕСЕЦИ

Сепак кај европарламентарците, македонските пратеници, професорите по меѓународно право и грчките аналитичари постои дилемата дали воопшто Скопје и Атина ќе успеат за неколку месеци да го решат прашањето за кое не можат да се договорат 18 години.

ЕУ да биде тивок посредник за решавање на спорот за името, САД да ги притиснат Македонија и Грција да постигнат решение, Груевски и Папандреу да договорат рамка за решавање на спорот, или нашата држава да стави на маса предлог за решение на прашањето, по хрватскиот рецепт…

(More…)

 

16.12.2009

OПОЗИЦИЈАТА ЗАСТАПУВА ГРЧКИ ИНТЕРЕСИ

Слаѓана Васовиќ Божиновска

Вака премиерот Груевски ја коментираше изјавата на лидерот на најголемата опозициона партија, Бранко Црвенковски дека македонскиот дел од вината за неуспехот на состанокот на министрите лежи кај Премиерот Груевски. Од друга страна експертите не можат да препознаат ниту план ниту конкретна стратегија и јасно дефинирани позиции што понатаму..

(More…)

 

16.12.2009

ЖЕНИТЕ СЕ ПОПРИСУТНИ ВО ПОЛИТИКАТА И ВО ДРЖАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА, НО НЕ НА ВИСОКИ ФУНКЦИИ

Скопје, 16 декември (МИА) – Учеството на жените во политиката на парламентарно ниво бележи определен напредок, но нивното учество на највисоките функции во извршната власт е на многу ниско ниво, покажуваат анализите што деенска ги презентира Центарот за истражување и креирање политики…

(More…)

 

16.12.2009

ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА ЖЕНА-ГРАДОНАЧАЛНИК

Во Македонија иако жените се соодветно застапени во Собранието, но во Владата не заземаат значајни функции.

Слична е и состојбата со градоначалничките места каде состојбата е иста како во 96-тата со ниту една жена градоначалник.

Над 50 проценти од државната администрација се жени, сепак тие не поставени на одговорни функции.

Ова се резултатите од анализата на Центарот за истражување и креирање на политиките за родовата …

(More…)

 

12.12.2009

САМО ЗАЕДНИЧКА ПЛАТФОРМА НÈ СПАСУВА ОД ГРЦИТЕ

Македонците се строго против какво било менување на името, па макар тоа и да е услов за влез во НАТО и ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ, исто како и опозицијата, зборува за некаква црвена линија околу идентитетот и јазикот, но таквата позиција не е премногу јасна околу евентуалната промена на името за меѓународна употреба зборувајќи за некаков разумен компромис. За СДСМ, пак, примена на меѓународното име не е никаков проблем. Партиите ќе мора да изнајдат начин да се усогласат доколку сакаат државата да ја искористи шансата од дополнителни шест месеци…

(More…)

 

08.12.2009

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ НАЈАВИ НОВА ДОКТРИНА – ЕВРОСКEПТИЦИЗАМ?

Одлука на надеж или континуирано блокирање на евроатлантскиот пат на Македонија. Наспроти можните емоционални реакции на кое не е имуно и државното раководство, аналитичарите со прагматични сугестии.

„Шпанија нема да биде многу заинтересирана да има ангажман во Балканот, и доколку има ќе биде поврзан со Косово, со прашања кои директно ја тангираат нејзе. За Македонија и за Грција многу е побитно од решавање на името и одблокирање, за Македонија и Грција да почнат да развиваат блиски соседски односи“, изјави Никола Сталески, центар за истражување и креирање политики…

(More…)

 

28.11.2009

ШТО ПО МИНИСТЕРСКИОТ СОСТАНОК ВО БРИСЕЛ?

Слаѓана Васовиќ Божиновска

До 7 декември ќе се слушнат повеќе варијанти околу можниот исход од состанокот на министерскиот совет. Аналитичарите не очекуваат меѓуетнички проблеми поради визната либерализација.

Во Македонија постои консензус за евроинтеграциите на меѓупартиско ниво како и висок процент на поддршка кај граѓаните. Оттаму и декемвриската одлука е доведена на ниво на прашањата или-или. По четиригодишното стагнирање во кандидатскиот статус, значаен исчекор очекуваат и европските дипломати и политичарите од внатре. Албанскиот фактор во и надвор од владејачката коалиција …

(More…)

 

28.11.2009

СРЕДБАТА НЕУСПЕШНА, ЕКСПЕРТИТЕ СО НОВИ ПРЕДЛОЗИ

Љубиша Николовски

На седми декември Македонија нема да добие вето, но нема да добие ниту датум за преговори, тврдат експертите по вчерашната средба Папандреу-Груевски.

„Не очекувам вето, или ќе биде игнорирана нашата ситуација или ќе биде одложена за некои други времиња на пролет“, рече Жидас Даскаловски, Центар за креирање политики…

(More…)

 

Fall 2009

MACEDONIA: CHALLENGES AHEAD

Contrary to other successor states of the former Yugoslavia, Macedonia has achieved independent statehood and democratic consolidation without major warfare. As with a number of other countries in Eastern Europe, Macedonia’s reforms in the last 15 years have been focused simultaneously on two issues—state building and setting up the legal base for a functioning market economy…

(More…)

 

27.11.2009

ПАЗАРОТ НА ТРУД БАРА ИНФОРМАТИЧАРИ

На пазарот на труд во Македонија од високообразованите кадри најмногу се бараат информатичари, но нив најмалку ги има.

Во истовреме, постои инфлација на учители. Маја Блажевска беше на презентацијата на резултатите од истражувањето „Како до поквалитетно високо образование“ за да ги истражи за БиБиСи што се случува со понудата.

Младите кои имаат завршено информатичка технологија, финасии и бизнис се најбарани на македонскиот пазар на трудот…

(More…)

 

26.11.2009

НАД 50% НАЈРАБОТОСПОСОБНАТА ПОПУЛАЦИЈА ПОВЕКЕ ОД ДВЕ ГОДИНИ Е БЕЗ РАБОТА

Марина Узунов

54% од населението кое е на возраст помеѓу 15-24 години е невработено. Најголем број од штотоку дипломираните студенти немаат ни одговорност, ни работни навики -покажа студијата на центарот за истражување и креирање политки. “Догорочната невработеност кај младите е исто така висока.

Кај оние од 25- 29 години, статистиката покажува дека 74% се невработени повеќе од две години, а оние од 30-34 години дури 83% се невработени околу две години” изјави Ана Мицковска Ралева…

(More…)

 

25.11.2009

ASNJË GRUA NUK ËSHTË KRYETAR KOMUNE NË MAQEDONI

Pushteti lokal shumë pak i kushton vëmendje barazisë gjinore. Kështu tregojnë rezultatet nga hulumtimi i realizuar në 4 komuna Tetovë, Prilep, Ohër dhe Komunën Qendër të Shkupit nga OJQ “Tani”. Kjo, sipas tyre më së miri mund të vërehet nga fakti se në Maqedoni nuk ka asnjë grua që ka fituar postin e kryetarit të komunës…

(More…)

 

24.11.2009

KEQKUPTIME PËR VIZAT: LIRI UDHËTIMI, JO E DREJTË PUNE

Një numër i konsiderueshëm i qytetarëve të Maqedonisë heqjen e vizave e sheh si shans të mirë për të udhëtuar lirshëm në BE. Në mungesë të informacioneve, ata mendojnë se do të kenë mundësinë edhe të punësohen në BE…

(More…)

 

24.11.2009

ОДНОСИТЕ МЕЃУ СРБИЈА И МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА СЕ НАРУШАТ?

Марија Митевска

Дел од српската меѓународна политика, вака стручната јавност ја оценува изјавата на српскиот претседател Тадиќ, дека Србија нема да ги нарушува односите со Македонија, но оти никогаш нема да го признае договорот за демаркација на границата со Косово.

Односите помеѓу Србија и Македонија нема да се нарушат, велат дел од експертите по изјавата на српскиот претседател Борис Тадиќ, дека неговата земја никогаш нема да го признае договорот за демаркација на границата помеѓу Македонија и Косово…

(More…)

 

21.11.2009

МАКЕДОНЦИТЕ ЛИДЕРИ ВО ОБЛОЖУВАЊЕ

Марија Митевска

Според едно истражување на интернет пребарувачот ,,Гугл” Македонците се светски прваци во спортско обложување. Стручната јавност објаснува дека обложувањето е најголемо во земји со висока невработеност, каде луѓето се надеваат дека преку обложување ќе се ,,збогатат”.

За дваесет денари уплата до триста илјади денари добивка. Ова го нудат спортските обложувалници низ земјава за сите оние кои сакаат на брз и лесен начин да заработат некој денар. Од фудбал, кошарка, ракомет, па се до формула, хокеј, тенис во билтените има избор на натпревари од најразлични спортови. Се нудат и разни видови на игра да погодите како ќе заврши некој натпревар, колку голови ќе паднат…

(More…)

 

22.11.2009

НА ГОТОВС НЕКОЛКУ СЦЕНАРИЈА

Македонија има стабилна влада, политика и економија што не се во криза. Предвремени избори се карактеристични во кризни ситуации, особено кога Владата нема поддршка или го губи мандатот што го добила. Затоа, од политичка гледна точка, предвремените избори се непотребни. Од финансиска гледна точка, тие се скапа алатка. Од аспект на јавното управување, искуството покажа дека може да ги уназадат реформските процеси, вели Марија Ристеска од Центарот за истражување и креирање политики …

(More…)

 

21.11.2009

НЕПРИСТОЕН ПРЕДЛОГ И ИЗБОР

Republic of Македонија

Барањето Македонија да се негира себеси, всушност е без преседан и без какво било оправдување. Всушност, „спорот“ околу името е еуфемизам за грчките приговори, понекогаш директни и отворени, а понекогаш индиректни и прикриени, кон самото постоење на македонската држава и нација. Грчките позиции се јасни, таму со чест на исклучоци, не постои различно мислење од нужноста за разнебитување …

(More…)

 

18.11.2009

Проблемите со грција пак ги растрчаа политичките партии Ветото ветува избори

Последните грчки барања во спорот за името, како и неизвесноста од резултатот на седницата на Советот на министри, која ќе се одржи на 7 декември во Брисел, се повеќе ги хранат шпекулациите за предвремени парламентарни избори напролет в година. Македонија се наоѓа во иста позиција како таа пред Букурешкиот самит кога земјата беше блокирана од Грција за членство во НАТО. Компромис за името не се постигна до Самитот, заканите од јужниот сосед се интензивираа од ден во ден, а низ македонските улици се организираа протести за зачувување на уставното име на Македонија…

(More…)

 

14.11.2009

ЗОВРИВА ПОЛИТИЧКАТА АРЕНА ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА 7 ДЕКЕМВРИ

Александра М. Митевска

Куриозитет е што предизборната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, иако има апсолутно мнозинство во парламентот, е осамена во тврдиот став за името.

Жолтата зграда на владејачката ВМРО-ДПМНЕ деновиве е единственото партиско седиште обвиткано со привиден мир, наспроти очигледно зовриената атмосфера во која другите субјекти на политичката сцена го одбројуваат времето …

(More…)

 

| Newest | 08 | 07 | 06 | 05 | 04 | 03 | 02 | 01 |