| Newest | 08 | 07 | 06 | 05 | 04 | 03 | 02 | 01 |
15.05.2009
ИВАНОВ ВО КЛИН, СОВЕТНИЦИТЕ ВО ПЛОЧА
Додека Иванов бара компромис за името и влез во НАТО, неговите советници сметаат дека преговорите треба да прекинат и дека зачленувањето во алијансата не е приоритет.
Која ќе биде стратегијата на претседателот Ѓорге Иванов во спорот за името, ќе се бара ли разумен компромис или Македонија ќе ги прекине преговорите со Грција, кои се водат под покровителство на ОН? На ова прашање е тешко да се одговори, особено по дијаметрално спротивните изјави што ги дадоа претседателот Иванов и неговиот советник …
12.05.2009
Опозицијата не е заинтересирана за блокот на Црвенковски
ЕСЕНСКОТО СЦЕНАРИО САМО ЗА ДОМА
Најавите за есенско сценарио со кое ќе се урне Владата се за внатрепартиски потреби, за да се консолидира членството на СДСМ околу новото раководство кога на чело на партијата повторно ќе застане Бранко Црвенковски, сметаат политиколозите. Примопредавањето на претседателската функција меѓу Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов, кое е закажано за денеска, фактички ќе го означи и враќањето на Црвенковски во СДСМ, иако формално тоа ќе се случи по две седмици на конгресот на партијата…
(More…)
21.05.2009
НАСКОРО РЕШЕНИЕ ЗА ИМЕТО?
Нема рокови до кога треба да се реши спорот за името со Грција, но ќе биде подобро за сите ако компромисот дојде што поскоро, коментираат аналитичарите. Власта и дел од експертската јавност се согласуваат дека има зголемен притисок од меѓународната јавност и кон Грција и кон Македонија за брзо решавање на спорот…
11.05.2009
АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ ЌЕ ЈА БОЈКОТИРААТ ИНАГУРАЦИЈАТА НА ИВАНОВ?
Новоизбраниот претседател Ѓорге Иванов, веројатно, ќе ја преземе функцијата без присуство од партиите од албанскиот политички блок. Нова демократија денеска треба да одлучи, дали ќе се појави на свеченоста. Претседателот на ДПА Мендух Тачи веќе најави дека нема да присуствува на инаугурацијата, зашто нема за што да разговараат …
09.05.2009
Премиерот бега од реконструкција на својот кабинет ГИ ЧУВА МИНИСТРИТЕ КАКО СКУЛПТУРИ
Груевски досега ја одбегнуваше реконструкцијата поради компликуваните предоговарања, кои го следат ваквиот потег, но во сегашната политичка ситуација ваквиот потег е реалност, сметаат политичките аналитичари по се зачестените најави дека може да се очекуваат промени во владиниот кабинет. Тоа би бил прв ваков случај од доаѓањето на власт на Никола Груевски во 2006 година…
(More…)
07.05.2009
ОПАСНА ПОРАКА
Стојна Тодоровска
Успешен гест на премиерот Никола Груевски да ја покаже својата доминантна позиција во партијата, ВМРО-ДПМНЕ, но и подредената улога која новоизбраниот претседател Ѓорѓе Иванов ќе ја има по инаугурацијата. Вака, дел од експертската и од политичката јавност во земјава ја толкуваат анкетата што завчера ја објави Институтот за демократија, чиј основач е токму професор Иванов…
(More…)
06.05.2009
НЕВРАБОТЕНОСТА ПРАВИ ДРЖАВА СО НЕСРЕЌНИ ГРАЃАНИ
Европската комисија деновиве е загрижена заради големата невработеност во Македонија, која што заради рецесијата се предвидува да достигне официјални 35%. Но особено загрижува фактот дека над половината, или 54% од младите во државата се невработени. Сепак, мала е заинтересираноста за преквалификација, а психолозите велат дека сега невработените млади, во иднина ќе создадат слика на држава со несреќни граѓани.
Сликата која што ја објави Европската комисија за Македонија покажува голема невработеност која што се очекува да се зголеми заради ефектите на светската рецесија.
Ана Мицковска, психолог – аналитичар од Центарот за истражување и креирање политики, работи на испитување на психолошката состојбата кај младината во држава во која 54 проценти од нив се невработени?…
30.04.2009
КОЛКУ ВЛАСТА ГИ СЛУША ПОРАКИТЕ ОД БРИСЕЛ?
Според експертите, пораките од Брисел треба да се сфатат сериозно, а со политиката власта покажува дека не е доволно заинтересирана за препораките од меѓународната заедница. Тие велат, фокусот на власта врз сопствениот рејтинг наместо решавање на проблемите може да има негативни последици…
28.04.2009
МАКЕДОНИЈА СЕ ОДДАЛЕЧУВА ОД ЕУ?
Неисполнувањето на реформите во правосудството, недоволното почитување на човековите права, како и неспроведувањето на одредени политички критериуми, според експертите се причините поради кои Македонија се оддалечува од евроатланските структури. Упатените во оваа област велат дека самите создаваме клима оти не сакаме да работиме по европските правила, отворајќи простор за нови, дополнителни критериуми за влез во Унијата…
24.04.2009
ЦРВЕНКОВСКИ И ГЕОРГИЕВСКИ ЗАЕДНО ПРОТИВ ГРУЕВСКИ И ЗА НОВО ИМЕ
Венцо Донев
Двата во минатото најекспонирани политички лика повторно се враќаат на политичката сцена во Македонија. Бранко Црвенковски како лидер на СДСМ и Љубчо Георгиевски како претседателски кандидат во најава и како неформален лидер на ВМРО-НП.
Претходно и двајцата најавија свое заминување од политиката. Георгиевски тоа го стори во 2003 година кога се повлече од лидерската функција во ВМРО-ДПМНЕ, а Црвенковски во 2004 година кога од функцијата премиер се кандидира за претседател …
22.04.2009
УСТАВНИОТ СУД ЦЕЛ НА ПАРТИСКИ ПРЕПУКУВАЊА
Секојдневните партиски препукувања за тоа кој е виновен што Уставниот суд ја укина одлуката за воведување веронаука во училиштата, е индиректен притисок врз работата на оваа институција, смета домашната експертска јавност. Ниту една партија не треба да се сомнева во независноста и авторитетот на Уставниот суд, вели аналитичарот Жидас Даскаловски од Центарот за истражување и креирање политики…
10.04.2009
Во Центар со Васко Ефтов…
09.04.2009
Ману
ДАСКАЛОВСКИ НАУЧНИК НА ГОДИНАТА
На политикологот Жидас Даскаловски вчера му беше доделена наградата за млад научник на годината во просториите на Македонската академија на науките и уметностите. Ова признание, кое традиционално го доделува фондацијата „Вика Поп Јорданова“, Даскаловски го доби за своите трудови и есеи од областа на политикологијата…
08.04.2009
ПО ИЗБОРИТЕ ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ПРЕИСПИТУВА
СДСМ се крсти во Бранко Црвенковски
Неуспехот на овие избори треба да дејствува освестувачки за опозицијата затоа што, во состојба на апсолутна власт, каква што сега добива ВМРО- ДПМНЕ, за државата е неопходна противтежа од силна опозиција, оценуваат политичките аналитичари. На СДСМ како водечка опозициска партија и се неопходни внатрешни реформи и нови кадри, а враќањето на Бранко Црвенковски може да придонесе да се врати довербата кај гласачите во партијата, сметаат стручњаците…
(More…)
06.04.2009
НЕЗАДОВОЛСТВОТО И СЛАБИТЕ КАНДИДАТИ ПРИЧИНА ЗА НИЗОК ОДЗИВ
Според експертите доминацијата на една партија на сите нивоа може да биде опасна, но не е недемократска се до моментот кога партијата има поддршка од граѓаните. Во незадоволството на граѓаните од политичките случувања и слабата понуда на кандидати за претседателски и локални избори, политичките аналитичари ја гледаат главната причина за слабиот одзив на гласачите…
06.04.2009
ОТКАКО ДРЖАВАТА ЈА ЕЛИМИНИРАШЕ КОНКУРЕНЦИЈАТА
Ивана БИЛБИЛОВСКА
Бизнисот со обложувалниците кај нас може да се подели на два периода, пред и по 2007 г. или до последните измени на Законот за игри на среќа, кои ги направи министерот за финансии Трајко Славески. Разликата е во тоа што ако претходно речиси секој можеше да влезе во овој бизнис, потоа и оние кои беа внатре – тешко можеа да функционираат…
03.04.2009
Предизборје со обвинувања, тешки зборови и со кривични пријави
БЛЕДА КАМПАЊА СО ЦРНИ ДАМКИ
Предизборните кампањи во вториот круг од претседателските и од локалните избори поминаа бледо, со меѓусебни обвинувања и со тешки зборови, засилени и со кривични пријави, оценуваат стручњаците. Според нив, кандидатите изгледале како да ги потрошиле идеите во првиот круг, па немајќи избор, на виделина ги изнеле валканите алишта. Тие тврдат дека неинвентивноста довела до тоа да се докажуваат кој е поголем патриот и кој мисли подобро на државата, а кој, пак, ја турка во изолација. Професорот Мерсел Биљали вели дека кандидатите се забораваат во тоа што го говорат, додека гласачите, пак, се помалку веруваат во нивните зборови…
(More…)
31.03.2009
Рејтинг:
ИВАНОВ АПСОЛУТЕН ПОБЕДНИК ВО ВТОРИОТ ИЗБОРЕН КРУГ
Пресметките на Рејтинг велат дека на изборите Иванов ќе освои 461.000 гласови, а Фрчкоски 315.000 гласови. Во првиот круг за Иванов се изјаснија 343.374 гласачи, а за Фрчкоски 200.316
Најголем дел од граѓаните се согласуваат со ставовите кои претседателскиот кандидат Горѓе Иванов ги искажал во петочната телевизиска дебата со неговиот противнк Љубомир Фрчкоски. Од 1080 анкетирани граѓани од страна на агенцијата Рејтинг, во текот на изминатиот викенд, 55 отсто не ја следеле воопшто телевизиската дебата, делумно или во целост ја гледале 45 отсто, од кои најголем број биле пензионери. 24 отсто се согласуваат со ставовите на Фрчкоски, 12 со ставовите на Фрчкоски, а 5 отсто не се согласуваат ниту со едниот ниту со другиот претседателски кандидат…
30.03.2009
ИЗБОРИ 2009
Намален е интересот на граѓаните да излезат на гласање во вториот круг на претседателските избори
Поради намалениот интерес на граѓаните да излезат на гласање во вториот круг на претседателските избори неизвесно е исполнувањето на потребниот цензус од 40 процени. Експертите ги повикуваат политичките партии без разлика дали нивниот кандидат не влегол во вториот круг да побараат од граѓаните да излезат да гласаат…
30.03.2009
БЕЗ ДОБАР ПАЗАР НЕМА ЦЕНЗУС
Сунчица Стојановска
Ќе биде проблем да се достигне цензусот за избор на претседател во вториот круг ако гласачите на Имер Селмани и на Љубе Бошкоски не излезат да гласаат или не го дадат гласот за Ѓорге Иванов или за Љубомир Фрчкоски, покажуваат пресметките врз основа на бројот на гласови што ги освоија кандидатите и партиите во првиот изборен круг. За да се исполни цензусот потребни се околу 720.000 гласа – бројка што тешко ќе се достигне без Иванов и Фрчкоски да се испазарат за гласовите на другите кандидати, кои отпаднаа од претседателската трка…
28.03.2009
„ТРЕТИОТ ПАТ“ ПРЕД НОВ КРСТОПАТ
Сунчица Стојановска
Граѓаните на Македонија имаат очајна потреба од нова политичка опција што ќе ги замени „вечните“ СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, и покрај потребата, тоа во скоро време нема да се случи затоа што големите партии не дозволуваат ривалство, а новите политички субјекти што се појавуваат не нудат ништо различно од веќе видените програми ниту им успева да се профилираат како сериозни граѓански партии, велат политичките аналитичари…
26.03.2009
ИЗВЛЕЧЕНИТЕ ПОУКИ ПРИЧИНА ЗА ФЕР ИЗБОРИ
Според експертите, мирните избори се резултат на напорите на владата и другите релевантни институции, како и сигналите од меѓународниот фактор дека мирни избори се обврзувачки
Изборите во првиот круг беа регуларни од причина што сите субјекти кои учествуваат во политичкиот процес извлекоа поуки од минатите избори и од консеквенците кои доѓаат. За да се овозможат безбедни, слободни и фер услови и во вториот изборен круг …
24.03.2009
ГЛАВНИТЕ АКТЕРИ НА ИЗБОРИТЕ ВО ТРКА ПО ГЛАСОВИТЕ
Претстои уште недела во која кандидатите ќе се обидат да ги освојат гласовите на граѓаните. Пораката од Брисел останува, потребни се фер избори за евро атлантската иднина на Македонија
Откако полуфиналето го помина во фер и демократска атмосфера, Македонија се подготвува за финалето на претседателските и локалните избори. Главните актери на терен по нови гласови, старо-нови ветувања и обиди да се придобијат неопределените гласачи, изборни математики и прогнози за можните резултати..ете така изгледа македонското секојдневие…
24.03.2009
СЕЛМАНИ ГИ СРУШИ ЕТНИЧКИТЕ И ПАРТИСКИТЕ БАРИЕРИ
Нема гласачко место на кое не се гласало за Селмани. Редниот број 1 го заокружувале и Македонците, но и Албанците кои инаку гласаат за другите албански партии.
Околу 56.000 гласа од освоените 150.000 ги дале неалбанци, во најголем дел Македонци, но и Роми, Бошњаци, Македонци-муслимани и Турци.
„Селмани беше единствениот којшто понуди обединувачка порака, тој имаше доста позитивна кампања, самиот слоган сугерираше промени, сугерираше будење, сугерираше нови вредности“, изјави Марија Ристеска, политички аналитичар…
(More…)
20.03.2009
IVANOV AHEAD IN MACEDONIAN ELECTION
Polls & Research
Gjorgje Ivanov leads all of his rivals in Macedonia’s presidential race, according to a poll by the Centre for Research and Policy Making. 23.1 per cent of respondents would vote for the candidate of the Internal Macedonian Revolutionary Organization – Democratic Party for Macedonian National Unity (VMRO-DPMNE)…
19.03.2009
ЌЕ ИМА ЛИ ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО?
Најавената посета на грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани веднаш по изборите во земјава, како и писмото кое македонскиот шеф на дипломатијата Антонио Милошоски го испрати до својата колешка, а во кое Македонија бара позитивен дух во меѓусебните билатерални односи, не значи интензивирање на преговорите со Грција Домашните експерти не се оптимисти дека спорот со името ќе се реши брзо. „Може реално да се очекува општо подобрување на климата при преговорите. Ќе видиме како ќе се одививаат кај нас работите после изборите, можеби избори ќе се случат исто и во Грција. Може ќе треба да ги чекаме резулатите и од тие избори.“Изјави аналитичарот Илија Талев…
17.03.2009
АНКЕТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКИ
СЕЛМАНИ ПРОТИВКАНДИДАТ НА ИВАНОВ ВО ВТОРИОТ КРУГ!?
Кој ќе се трка со Ѓорѓи Иванов во вториот круг од претседателските избори?
Ако вчерашната анкета на Агенцијата Рејтинг, покажуваше дека Фрчковски има поголеми шанси од Селмани, а завчерашната анкета на Институтот за демократија, мртва трка меѓу Селмани и Фрчковски, последната денешна анкета на Центарот за истражување и креирање политики, покажува дека Селмани е сигурен патник во вториот круг…
17.03.2009
НАРОДОТ СЕ’ ПОМАЛКУ СЕ ПАЛИ НА ИЗБОРИ
Големите политички идеи се потрошија, а граѓаните не веруваат во празните ветувања на политичарите, па затоа се зголемува бројот на неопределени избирачи, а се намалува присуството по партиски митинзи
Големите политички идеи се потрошија, македонските граѓани политички созреваат, се зголемува нивото на нивната политичка култура, па се’ помалку или воопшто не веруваат во празните ветувања на политичарите…
17.03.2009
ЃОРГЕ ИВАНОВ И ИМЕР СЕЛМАНИ ПРОДОЛЖУВААТ ВО ВТОРИОТ КРУГ
Ако наместо Селмани, Фрчкоски влезе во вториот круг заедно со Иванов, тогаш 28,7 проценти би гласале за Иванов, наспроти 14,2 отсто за Фрчкоски
Според последната анкета на Центарот за истражување и креирање политики кандидатите Ѓорге Иванов и Имер Селмани остануваат во претседателската трка со највисоки и најстабилни рејтинзи. Последните резултати од анкетата на ЦИКП, спроведена во период од 14-16 март, покажуваат дека Иванов и Селмани ќе бидат кандидатите кои влегуваат во вториот круг…
17.03.2009
КАМПАЊИТЕ МАЛКУ ВЛИЈААТ НА ГЛАСАЧИТЕ
До денот на изборите нема веќе објавување анкети. Во сите убедливо води Иванов
Оливера Војновска
Агенциите за испитување на јавното мислење ги објавија последните анкети и од утре, па до денот на гласањето – недела, 22 март, нема да можат да објавуваат истражувања поврзани со изборите. Оние што се занимаваат со вакви анализи не гледаат ништо проблематично во законското ограничување – пет дена пред избори да не се објавуваат анкети. Иако додаваат дека анкетите не би смениле нешто спектакуларно во расположението на граѓаните…
16.03.2009
МАКЕДОНИЈА БИ ЗАГУБИЛА СО РЕГИОНАЛЕН ПРИСТАП ЗА ЕУ ИНТЕГРАЦИИТЕ
Според експртите на краток рок, клучно за евро интеграциите е организирањето фер и демократски избори. На долг рок, клучен е индивидуалниот пристап на ЕУ
Осцилациите на европското расположение за проширување, како резултат на светската економска криза и сеуште неизвесната судбина на Лисабонскиот договор од една страна, и лошите односи меѓу соседите на Балканот од друга, во моментов клучно влијаат врз евро интеграциските процеси, коментираат експертите…
14.03.2009
СПОРТСКОТО ОБЛОЖУВАЊЕ СТАНА НАЦИОНАЛНА ЕУФОРИЈА
Пола Македонија се обложува
Според една анализа на Центарот за истражување и креирање политики од Скопје, во 2006 година постоеле само 79 обложувалници во Македонија, а годинава нивниот број е десет пати поголем и според некои проценки достига до 770 . Лани кон крајот на ноември Македонија беше првпат спомната во светски познатата економска ревија “Форбс”, но не на форбсовата листа на милијардери туку поради фактот што сиромашната држава е претворена во една голема спортска обложувалница, во која голем дел од населението, не знаејќи како да се справи со галопирачките трошоци за живот, а во услови на огромна невработеност, излезот го бара и во спортското обложување…
(More…)
13.03.2009
ИВАНОВ И СЕЛМАНИ ВЛЕГУВААТ ВО ВТОР КРУГ
Граѓаните ќе го избираат идниот претседател меѓу Ѓорге Иванов и Имер Селмани, покажуваат резултатите од последната анкета на Центарот за истражување и креирање политики. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и на Нова Демократија веќе еден месец остануваат во претседателската трка со највисок рејтинг. Според последното испитување спроведено од 7 до 9 март, 23,1 отсто од 1.000 испитаници се изјасниле дека ќе гласаат за Иванов на изборите кои ќе се оддржат на 22 март годинава. За Селмани …
13.03.2009
ИВАНОВ И СЕЛМАНИ И НАТАМУ СО НАЈГОЛЕМ РЕЈТИНГ
Кандидатите за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, и на Нова демократија, Имер Селмани, остануваат со највисоки шанси во трката за шеф на државата, констатира Центарот за истражување и креирање политики, повикувајќи се на последната анкета на јавното мислење, спроведена од 7 до 9 март меѓу 1.100 испитаници. Од двете последни анкети на Центарот, исто така, произлегува дека бројот на неопределените е висок и оти благо се зголемува и бројката на оние кои нема да гласаат…
12.03.2009
МЕЃУНАРОДНИОТ ФАКТОР ИНТЕРВЕНИРА ЗА ФЕР ИЗБОРИ
Според политиколозите негативната кампања ги бранува страстите кај партиските симпатизери. Затоа, велат тие, меѓународниот фактор овој пат интервенира превентивно и промовира позитивна кампања.
Иако даде позитивни оценки за кампањата на државно ниво, таму каде што мислеше дека е потребно евроамбасадорот Ерван Фуере, притрча да помогне. Им понуди вино и риба на кандидатите за градоначалник на Струмица и ги натера да си ветат…
12.03.2009
ИВАНОВ И СЕЛМАНИ ЌЕ СЕ ПЛАСИРААТ ВО ВТОРИОТ КРУГ
Се поизвесно е дека во вториот круг од претседателските избори ќе се тркаат Ѓорѓе Иванов и Имер Селмани.
Последната анкета на Центарот за истражување и креирање политики покажува висока предност на Имер Селмани во однос на кандидатот на СДСМ Љубомир Фрчкоски. 13,3 проценти од испитаниците се изјасниле дека ќе гласаат за Селмани, а 9,7 проценти за Фрчкоски…
(More…)
12.03.2009
НАЈСТАБИЛНИ РЕЈТИНЗИТЕ НА ИВАНОВ И СЕЛМАНИ
Кандидатите за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов и на Нова демократија Имер Селмани остануваат со највисоки шанси во трката за шеф на државата.
Констатира Центарот за истражување и креирање политики повикувајќи се на последната анкета на јавното мислење спроведена од 7. до 9. март меѓу 1.100 испитаници…
(More…)
12.03.2009
ЃОРГЕ ИВАНОВ И ИМЕР СЕЛМАНИ ВО ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ТРКА СЕ СО НАЈВИСОКИ И НАЈСТАБИЛНИ РЕЈТИНЗИ
На десет дена пред изборите кандидатите Ѓорге Иванов и Имер Селмани во претседателската трка се со највисоки и најстабилни рејтинзи. Според најновата анкета на центарот за истражување и креирање политики овие двајца кандидати ќе влезат во вториот круг…
10.03.2009
КОЈ ЌЕ СЕ ТРКА СО ИВАНОВ ВО ВТОРИОТ КРУГ
Александра Митевска
Фрчкоски, Бошкоски и Селмани имаат најголеми шанси, а од тоа кој ќе му биде ривал на Иванов ќе зависи поведението на гласачкото тело.
При „нормална“ мобилизираност на гласачкото тело на левицата, кандидатот на СДСМ и на НСДП не би требало да ја заврши битката во првиот круг, иако е можен …
05.03.2009
ВЛАДАТА ПОТРОШИЛА 17,5 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА РЕКЛАМИ?
Владата, минатата година, потрошила околу 17 и пол милион евра за реклами и со тоа станува втор најголем огласувач, веднаш по Т-Мобиле, велат податоците на агенциите за истражување на медиумскиот пазар. Овие податоци не ги опфаќаат рекламите во странските медиуми, како што беше кампањата Инвестирајте во Македонија…
03.03.2009
РАЗЛИЧНИ ПОКАЗАТЕЛИ ВО АНКЕТИТЕ
За само десетина дена анкетарите објавија рејтинзи на претседателските кандидати кои значително се разликуваат
Оливера Војновска
Во пресрет на изборите во јавноста речиси секојдневно почнаа да се објавуваат анкети за популарноста на претседателските кандидати, партиите и нивните лидери, при што паѓа в очи шаренилото на поддршката што тие ја добиваат во различните сондажи на јавното мислење. Ваквите податоци потоа се предмет на меѓупартиски препукувања, се свикуваат специјални прес-конференции, реагираат партиските штабови, кандидатите…
03.03.2009
СПОРЕД НАЈНОВАТА АНКЕТА ЃОРЃИ ИВАНОВ ФАВОРИТ, ИМЕР СЕЛМАНИ НАЈАВУВА „ОБАМИЗАЦИЈА“ НА МАКЕДОНИЈА?!
Имер Селмани ја добива и поддршката од македонските гласачи. Дали е тоа најава за нова распределба на гласовите, кои досега се даваа единствено според политичкото убедување?
Најновата анкета ја потврдува фаворитската позиција на Ѓорѓи Иванов во претстојната претседателска трка. Според „Центарот за креирање политики“, за него би гласале триесет насто од избирачите. Втор е Имер Селмани, со околу деветнаесет насто, а трет е Љубомир Фрчковски, за кого би се изјасниле 15.6 насто од избирачите…
02.03.2009
МОЖЕН ЛИ Е МАКЕДОНСКИ ОБАМА?
Според анкетите расте поддршката на еден од албанските кандидати кај македонските гласачи. Според аналитичарите тоа е резултат на незадоволството од поделбите во македонскиот блок.
Применувањето на мека реторика, наспроти изразувањето на цврсти националистички ставови…
28.02.2009
ВМРО-ДПМНЕ ги губи симпатиите
Оливера Војновска
Само за два месеца се стопија речиси десет проценти од рејтингот на владејачката партија
Популарноста на ВМРО-ДПМНЕ почнува да оди по надолна линија, тоа го покажуваат последните испитувања на јавното мислење, според кои, само за два месеца се стопија речиси десет проценти од рејтингот на владејачката партија…
28.02.2009
ГЛАСАЧИТЕ ГИ НАДМИНУВААТ ЕТНИЧКИТЕ СТЕРЕОТИПИ
Успешното спроведување на рамковниот договор веќе дава позитивни сигнали дека кај некои гласачи се надминати етничките бариери и се подготвени да гласаат за кандидат од друга заедница, сметаат експертите
Претстојните претседателски избори може да претставуваат пресвртница со која првпат во Македонија ќе се случи припадници на еден етнички корпус да гласаат за кандидат од друга заедница. Високиот рејтинг што претседателскиот кандидат на Нова демократија Имер Селмани го има во речиси сите истражувања покажува дека дел од гласачите Македонци се подготвени да…
27.02.2009
ИВАНОВ И СЕЛМАНИ СО НАЈВИСОК РЕЈТИНГ
Според оваа анкета, драматично е намалена поддршката на процесите за влез ЕУ и НАТО
Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, ја има довербата од 30,5 отсто од граѓаните, а веднаш зад него е кандидатот на Нова демократија Имер Селмани со 18,8 отсто…
26.02.2009
Анкета: Паѓа ли рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ?
Доколку утре се одржат парламентарни избори, според анкетата на Центарот за истражување и креирање политики, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 30,9 отсто од испитаниците, за СДСМ 19,7, а за ЛДП 1,5 отсто од испитаниците.
Во претходна анкета, пред еден месец, направена од американскиот републикански институт ИРИ, ВМРО-ДМНЕ имаше поддршка од 38%, додека СДСМ имаше поддршка од само девет проценти.
Од партиите од албанскиот блок за ДУИ би гласале 11,9 отсто, за Нова Демократија 8,9, а за ДПА 3,5 отсто …
(More…)
26.02.2009
СПРОВЕДЕНО ИСТРАЖУВАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ТЕЛО ОД ЦЕНТАРОТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКИ
Според последното истражување на гласачкото тело спроведено од центарот за истражување и креирање политики, кандидатите Ѓорѓе Иванов и Имер Селмани имаат најстабилни и сигурни рејтинзи кои им гарантираат трка и во вториот круг.
На прашањето – за кого ќе гласате на следниве претседателски избори – 30, 5% од испитаниците се определиле за Иванов, 18, 8% за Селмани, 15, 6% за Љубомир Фрчкоски, 10, 9% за Агрон Буџаку, 5, 6% за Нано Ружин, за независниот кандидат Љубе Бошковски 4, 4% и 2, 7% од испитаниците се определиле за Мируше Хоџа…
24.02.2009
МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЕКОИ ИЗБОРИ ПОД ПРИТИСОКОТ ТИЕ ДА БИДАТ РЕГУЛАРНИ, НО И ПОКРАЈ СЕ ИНЦИДЕНТИТЕ СЕ ПОВТОРУВААТ
Кому му одговараат континуираните изборни насилства?
Во пресрет на претседателските и локалните избори земјава е под притисокот да организира регуларно гласање, барање што изрично ни го испорачува меѓународната заедница како клучен критериум за натамошните евро-атлантски интеграции на државата. Истиот апел ни се испорачува речиси пред секои изборни циклуси. Партиите во меѓувреме потпишуваат кодекси во кои се обврзуваат на регуларни избори, оддржуваат серија т.н.,,конструктивни“ лидерски средби, но…
23.02.2009
АНКЕТИТЕ ГО ЗАГРИЖУВААТ ШТАБОТ НА ВМРО-ДПМНЕ
Бошковски поголема мака од Фрчкоски
Тони Ангеловски
По најновите анкети, кои покажаа дека Љубе Бошковски ќе откине добар дел од гласовите на десницата, владејачката партија се повеќе го насочува вниманието кон дискредитација на овој кандидат, велат експертите, кои ги следат претседателските избори. Според анкетите, доколку Иванов остане во вториот круг да се натпреварува со Фрчкоски, поголемиот дел од гласачите на Бошковски би гласале за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ…
(More…)
22.02.2009
ДВОЈАЗИЧНОСТ ВО ПРЕГОВОРИТЕ СО ГРЦИЈА!?
Апсурдно е тврдењето на Мендух Тачи дека впишувањето на придавката македонски во графите за јазик и националност во ОН би било противуставно, став на дел од експертите по меѓународно право.
Согласно меѓународно прифатената практика за земји со унитарно уредување, логично е и во двете графи да стои македонски, велат тие…
(More…)
20.02.2009
ИМЕТО ЈА ПОДЕЛИ МАКЕДОНИЈА И ЕТНИЧКИ
Истражувањето на Европскиот фонд и на Галуп покажа дека дури 69 отсто од Албанците во Македонија сметаат дека земјава треба да го смени името за да влезе во НАТО и во ЕУ, а од Македонците – само 3 отсто
Двата паралелни света на Македонците и на Албанците во Македонија стануваат уште поочигледни, сметаат експертите повикувајќи се на последната анализа на Европскиот фонд за Балкан и Галуп Европа…
19.02.2009
ГРУЕВСКИ РЕТЕРИРА
Благица ИВАНОВА За едни се реалност, а за други се предизборен трик завчерашните симултани изјави на премиерот Никола Груевски и претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов, чии ставови беа поразлични од вообичаената официјална владина политика. По одлуката да ги преименува скопскиот аеродром, автопатот Скопје -Гевгелија и скопскиот стадион во „Александар Македонски“ и „Филип Втори“, премиерот Груевски се огради од тезите дека владата ја промовира и протежира античката историја и ликови и изјави дека во земјава живеат Македонци…
(More…)
18.02.2009
НЕМИРИТЕ НЕ НАЈАВУВААТ МИРНИ ИЗБОРИ
Експертите предупредија политичарите да ги смират страстите и инсистираат МВР да ги санкционира полицајците ако учествувале во меѓупартиски пресметки. Инцидентите меѓу активистите на ДУИ и ДПА ја вжештија атмосферата десетина дена пред почетокот на изборната кампања, особено откако партијата на Мендуух Тачи ги обвини ДУИ и тетовската полиција дека на градскиот стадион во Тетово претепале нивни членови и симпатизери…
16.02.2009
ВО ПРЕСРЕТ НА ПОЧЕТОКОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА КАМПАЊА ПОДНЕСЕНИ КАНДИДАТУРИТЕ ДО ДИК Презентирање на личните способности или фокусирање на противкандидатите?
На полноќ истече рокот за поднесување листи на кандидати за претседател за градоначалници и за советници во општините и во градот Скопје до Државната изборна комисија…
13.02.2009
ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ КАМПАЊИ ВО АМЕРИКАНСКИ ФИЛМ
Сунчица Стојановска
Кандидатите за претседател на државата влегоа во кампања различна од кампањите за досегашните претседателски избори. Користејќи го времето до 2 март, официјалниот почеток на изборната трка, кандидатите се среќаваат со земјоделци, невладини организации, бизнисмени…. групи на кои шефот на државата не може да им помогне со надлежностите што му ги дава Уставот. За изборите на 22 март се применуваат најмодерни методи за водење кампања, што е голема разлика од минатите изборни циклуси…
13.02.2009
ПОЧНА ПОДЕЛБАТА ЗА ДА СЕ “ЗАГЛАВАТ” ИЗБОРИТЕ
Кој ќарува од рамковизацијата
Во исто време додека албанските политичари ја пренагласуваат можноста од апартхејд во Македонија, паралелните македонски и албански институции, стопански комори, бизнис-лоби групи, здруженија на писатели, стоматолози, доктори, музичари, научници, историчари не му пречат никому. Прашање е дали навистина партиите се свесни дека ваквите сценарија во предизборен период комбинирани со ситуацијата …
13.02.2009
ВЕРОНАУКАТА НА НОВИ ИСКУШЕНИЈА
Жаклина Хаџи-Зафирова
ЛДП го прозва претседателот Црвенковски зошто го потпишал указот за веронауката
Либерално-демократската партија побара политичка одговорност за веронауката, прозивајќи го притоа шефот на државава, Бранко Црвенковски, зошто го потпишал указот за веронауката. „Горди сме што ја оспоривме оваа одредба, но и тажни што бевме единствени што застанавме во од…
13.02.2009
ДИГИТАЛЕН ЛЕПАЧ НА ПЛАКАТИ – НОВА ЗАДАЧА ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПАРТИИ Коментари на текстови на Интернет сајтовите за влијание врз јавното мислење
Во последниве неколку денови интернет-адресите на медиумите се преплавени со коментари со кои се величи или се навредува одредена политичка опција. Напливот на коментари од божемни редовни читатели, кои одат во прилог на некоја партија е најизразен кај медиумите кои на интернет изданијата, под новинарските текстови ги објавуваат и коментарите на читателите…
12.02.2009
ЌЕ ПРЕОВЛАДУВА ПОЗИТИВНА КАМПАЊА
На помалку од три недели од официјалниот старт, за јавноста се уште е енигма каква кампања ќе водат претседателските кандидати. Нивните штабови и партиите што ги поддржуваат – тактизираат и не ги откриваат своите адути со кои ќе се обидат да ги ловат гласовите од македонскиот електоратот.
Ќе преовладува позитивната кампања, затоа што граѓаните веќе научија да препознаат содржина и понуда, во однос на демагошката презентација, вели професорката на Правниот факултет Тања Каракамишева…
11.02.2009
ИЗУЧУВАЊЕТО ИСТОРИЈА НА РЕЛИГИИ Е НАЈДОБРА ОПЦИЈА
Веронауката повторно во центарот на вниманието. 20.000 петтооделенци во државава започнаа со изучување на веронауката и предметот запознавање со религиите. Гостин во вестите беше Ана Мицковска, магистер по образование на Универзитетот „Кембриџ“, активна во Центарот за креирање политики. Потребна ли е веронауката во македонските училишта? Центарот веќе направи анализа. Што покажа тоа истражување?…
(More…)
09.02.2009
СЕМЕЈНО ГЛАСАЊЕ – ПРЕКРШУВАЊЕ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА
Со семејното гласање најмногу се обесправуваат жените, а меѓу главните виновници за оваа негативна појава се политичките партии кои не преземаат ништо.
Ова се заклучоците од кампањата „Мојот глас, моја одлука“, спроведена од Центарот за креирање политики и невладината „Антико“.
„Граѓаните сметаат дека токму политичките партии се главни виновници за генерирање на овој проблем од чиста некоја своја пресметка на сигурни гласови во некое место што би им овозможило сигурна победа“, изјави Сања Костовска…
(More…)
09.02.2009
„МОЈОТ ГЛАС-МОЈА ОДЛУКА“
СЕМЕЈНОТО ГЛАСАЊЕ И ГЛАСАЊЕ ВО ИМЕ НА ДРУГ Е ПРЕКРШУВАЊЕ НА ОСНОВНИТЕ ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Семејното гласање и гласање во име на друг претставува антидемократска и негативна појава која овозможува да се прекршуваат основните човекови права на неколку категории граѓани, рече Ѓунер Небиу, претседателка на женската граѓанска иницијатива „Антико“ на денешната промоција на проектот „Мојот глас-моја одлука“ – анализа на проблемот на семејно гласање и гласање во име на друг…
09.02.2009
ПАРТИИТЕ ВИНОВНИ ЗА СЕМЕЈНОТО ГЛАСАЊЕ
Политичките партии се главни виновници за семејното гласање – ова го покажува анализата на центарот за истражување и креирање политики. Испитаниците вклучени во 14-те фокус групи истакнале дека преку групното гласање во руралните средини некои партии обезбедуваат сигурна победа. Од центарот велат оти проблемот дополнително го усложнува и неефикасноста на државните институции…
09.02.2009
ИЗБОРИ: МОЈОТ ГЛАС-МОЈА ОДЛУКА
Главни виновници за семејното гласање и гласањето за друг се политичките партии, кои влијаат на одредени лица за да ги реализираат сопствените партиски интереси, собирање на што повеќе гласови.
Ова го покажала анализата направена од Центарот за истражување и создавање политики заедно со Иницијативата на жени „Антико“ …
09.02.2009
СЕМЕЈНОТО ГЛАСАЊЕ И ГЛАСАЊЕ ВО ИМЕ НА ДРУГ Е ПРЕКРШУВАЊЕ НА ОСНОВНИТЕ ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Скопје, 9 февруари (МИА) – Семејното гласање и гласање во име на друг претставува антидемократска и негативна појава која овозможува да се прекршуваат основните човекови права на неколку категории граѓани, рече Ѓунер Небиу, претседателка на женската граѓанска иницијатива „Антико“ на денешната промоција на проектот „Мојот глас-моја одлука“ – анализа на проблемот на семејно гласање и гласање во име на друг…
09.02.2009
НОВИОТ УСТАВ НА ЕУ И ГО ЗАПИРА ВЕТОТО НА ГРЦИЈА
Александар Божиновски
Лисабонскиот договор, подготвен во 2007 година, кој лани беше одбиен од Ирска, предвидува примањето нови членки да биде со мнозинство гласови на членките на ЕУ, односно се суспендира правото на вето. Лисабонскиот договор се смета за нов устав на Унијата. Со него се редефинираат односите меѓу членки те, односно ЕУ станува поцентрализирана во управувањето и, како што веруваат мнозинството членки, поефикасна…
07.02.2009
Саботна анализа – нови поделби меѓу Македонците АНТИЧКИ МАКЕДОНЦИ ИЛИ СЛОВЕНИ, ПАТРИОТИ ИЛИ ПРЕДАВНИЦИ?
Словени или антички Македонци? Оваа дебата околу потеклото на нацијата е актуелна речиси една година. Во последно време таа добива на жестина, па се добива впечаток дека и општеството почнува да се дели на поддржувачи или противници на некоја од тезите за корените на Македонците. Атмосферата ја вжештуваат и преименувањата, Филип 2 на патишта, најавата дека и реновираниот скопски стадион ќе го носи неговото име, очекувањата дека на Градскиот плоштад ќе биде ставен споменик на Александар Македонски…