| Newest | 08 | 07 | 06 | 05 | 04 | 03 | 02 | 01 |

14.10.2008

СТРАНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ ЈА ЗАОБИКОЛУВААТ МАКЕДОНИЈА Тепихот фати пајажина

Македонската дипломатска активност со месеци се намалува, особено на билатерален план, што ја води земјава во постепена изолација, предупредуваат домашни експерти. Се поретки се посетите на шефови на држави или на влади по покана на нашите челници. Ако не се сметаат мултилатералните средби, како самитите или средбите на министри во Охрид, македонските политичари речиси и немаат дипломатски контакти со светот. Редовните посети на Брисел, поврзани со евроинтегративните процеси, и на Њујорк, поврзани со преговорите за името, не можат да ја заменат редовната дипломатска активност и градењето поблиски односи со други држави, предупредуваат експерти за дипломатија. Шефот на државата Бранко Црвенковски и …

(More…)

 

14.10.2008

Македонија меѓу ветувањата и реалноста ВЛАДАТА УВЕРУВА ДЕКА ВЕТУВАЊАТА ЌЕ БИДАТ ИСПОЛНЕТИ, ЕКСПЕРТИТЕ РЕЗЕРВИРАНИ

По најавите за изградба на елитната населба Сончев град во општината Сопиште и информациите од неколку скопски општини за градење на стокатници, од владата уверуваат дека ветувањата ќе бидат исполнети во предвидениот рок. Откако земјиштето беше префрлено во сопственост на израелската IBC компанија која …

(More…)

 

13.10.2008

АМБАСАДИТЕ И ПОНАТАМУ НОНШАЛАНТНИ

СПОГОДБАТА ЗА ВИЗНО ОЛЕСНУВАЊЕ СЕ ТРЕТИРА НЕСЕРИОЗНО

Искуството на Сања Костовска со Чешката амбасада е само еден од многуте примери дека олеснување на визен режим за Македонците има, но за жал само на хартија.

Како истражувач во НВО кој често патува таа побарала годишна, но добила само четиридневна виза. И покрај тоа што ги исполнува сите предвидени услови, за Честите потпишаната Спогодба е несериозен документ. Тие си имале посебна визна политика. – Јас се обидов да им објаснам и се повикав на член 5 од Спогодбата согласно кој јас имам право да добијам повеќекратна годишна виза, но …

(More…)

 

11.10.2008

СТРАНСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ СЕ ЕДНОГЛАСНИ ДЕКА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА Е АВТЕНТИЧНА

Во време кога Македонија бие битка да го докаже својот национален суверенитет и интегритет, повеќе од никогаш е време да докажеме дека македонската нација го стартува својот животен век заедно со сите светски нации на почетокот на 18 век – едногласно заклучуваат историчарите од целиот свет кои присуствуваат на меѓународниот собир „македонскиот идентитет низ историјата“…

(More…)

 

10.10.2008

КАДЕ СЕ ИЗГУБИ НАУЧНАТА И КРИТИЧКАТА МИСЛА?

Зад гласноста на хорот (разни манифестации, платени кампањи), сепак, имаме тивка држава

Се’ поголемото отсуство на јавното мислење преку отворени расправи, трибини и емисии станува загрижувачко. Дебата нема ни во медиумите, ни во институциите, ни во граѓанскиот сектор. Во реалноста постои чувство на една голема празнина на јавно кажаниот збор, која се’ повеќе се отвора, за сметка…

(More…)

 

08.10.2008

ДЕМАРКАЦИЈА НА ГРАНИЦАТА СО КОСОВО, ВО СКОПЈЕ И ПРИШТИНА ОЦЕНУВААТ: Инцидентот со уривањето на граничните камења нема да има влијание врз процесот на демаркација

Ниту македонската ниту косовската полиција за сега не се занимаваат со инцидентот за кој беше известено преку медиумите дека се случил на македонско-косовската граница. Македонската полиција не регистрирала …

„Прво да се добијат официјални и конкретни податоци за тоа што се случило и оттогаш да се пристапи кон решавање на проблемот, односно да се утврди бројот на пограничните семејства коишто имаат проблем со демаркацијата на границата и да се пристапи кон решавање на тој претпоставувам имотно – правен спор,“ вели Костовска…

(More…)

 

07.10.2008

ИМЕТО НА НАШИТЕ КАВГИ

Што носат драматичните концепциски разлики во државниот врв околу излезната стратегија за проблемот со името

Ретко кој очекува дека на понеделничката средба лидерите на четирите најголеми политички партии во земјава заедно со претседателот на државата ќе постигнат консензус околу ставот за спорот со името со Грција. Министерот за надворешни работи, на пример, уште во саботата, беше убеден дека дискусиите на …

(More…)

 

07.10.2008

Марија Ристевска од центарот за истражување и креирање политики вели дека сите истражувањана граѓаните на македонија покажуваат дека поддршката во полза напризнавањето на Косово расте. Според нејзините анализи, непостојат индиции дека при таков исход, Македонија би имала некакви негативни политички или безбедносни импликации, дури и во поглед на добрососедските односи со Србија…

(More…)

 

03.10.2008

Реакции по старо – новиот предлог од Србија

ПОДЕЛБА НА КОСОВО ЌЕ ГИ НАМНОЖИ ПРОБЛЕМИТЕ

Нашите активности ќе бидат во согласност со ставовите на ЕУ и на НАТО, велат владини извори

За Владата, Република Македонија нема ништо со евентуалната поделба на Косово и тоа е внатрешно прашање на друга држава

Република Македонија нема ништо со евентуалната поделба на Косово. Тоа е внатрешно прашање на друга држава, велат владини извори по најавите на српскиот претседател Борис Тадиќ дека таквата можност „ја остава на маса“ ако пропаднат сите други можности за решавање на косовскиот проблем…

(More…)

 

30.09.2008

Македонија – Косово, експертите со став: ПОДДРШКАТА ЗА ПРИЗНАВАЊЕ РАСТЕ, А МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ЈА ЗАГУБИ ПОДДРШКАТА ЗА УСТАВНОТО ИМЕ ОД СРБИЈА

Образложението е познати и властите го повторуваа повеќе пати, Македонија во поглед на признавањето на Косово ќе се води од националните интереси во смисла на нерешените прашања со Косово, пред се демаркацијата на границата, како и одржувањето на добрососедските односи со Србија, а поради нејзината новоустановена политика на прекинување на дипломатските односи со сите земји кои го признале Косово…

(More…)

 

23.09.2008

ПОРАКИТЕ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ОЦЕНЕТИ КАКО НЕСЕРИОЗНИ За Груевски нема бегање од името

Пораката што премиерот Никола Груевски му ја упати на шефот на државата Бранко Црвенковски, да се врати од Њујорк со решение за спорот со името, е несериозна, оценуваат политичките аналитичари и ја толкуваат како обид на Владата на Груевски да ја прикрие сопствената немоќ за решавање на едно такво суштинско прашање за Македонија. – Тој што е на власт има многу одговорности и не може да ги користи само привилегиите на власта. Со ваквата изјава Груевски испраќа порака до меѓународната заедница дека како држава не сме сериозни во водењето на преговорите со нашиот јужен сосед и дека не ни е важно дали ќе се реши спорот со името. Оттаму, Македонија порачува дека не е заинтересирана за евроатлантските интеграции бидејќи, според Владата, постои алтернатива за нив – оценува…

(More…)

 

22.09.2008

ПРЕМИЕРОТ ГРУЕВСКИ ВЧЕРА РЕЧЕ ДЕКА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИМА ПРИЛИКА ВО ЊУЈОРК ДА ДОЈДЕ ДО РЕШЕНИЕ ЗА ИМЕТО Премиерот бега од одговорноста, оценуваат експертите

Министерот за надворешни работи Милошоски денеска замина за Њујорк каде што на годишното собрание на Обединетите Нации веке три дена приствува и престедателот Црвенсковски. Заминувањето на Милошоски кој во петокот се сретна и со Бакојани беше неизвесно до последен момент. Премиерот Груевски вчера најавуајки го неговото заминување истакна дека Црвенковски ќе има прилика во Њујорк да дојде до некое решение и како што рече да и го понуди на јавноста во Македонија. Дел од домашните налаитичари кометирајки ја оваа изава на премреот велат …

(More…)

 

18.09.2008

ДО КОГА ДУИ ЌЕ МОЛЧИ ВО ВЛАДАТА?

ДУИ немо ги гледа настаните околу Македонија и не реагира на потезите на Груевски

Каде е Демократската унија за интеграции и нејзиниот лидер Али Ахмети? Новата Влада на премиерот Никола Груевски го тера вториот месец, во кој јавноста е буквално бомбардирана со проектите од програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Преродба во сто чекори – надградена …

(More…)

 

18.09.2008

МАКЕДОНИЈА – ЕУ, ЕКСПЕРТИТЕ СО СПРОТИВЕН СТАВ ОД ВЛАДАТА Македонија заостанува во спроведувањето на потребните реформи за членство во ЕУ

До каде сме со исполнувањето на политичките и економските критериуми во согласност со Спогодбата за стабилизација и асоцијација? Токму за тоа денеска и утре ќе дискутираат македонските и претставниците на Европската комисија во Скопје. Од секторот за евроинтеграции велат дека се задоволни од динамиката со која се спроведува спогодбата и оти ќе бараат отпочнување на втората и последна фаза за реализација на истата…

(More…)

 

01.09.2008

ЦРВЕНКОВСКИ „ЌЕ СЕ КАНДИДИРА ЗА ЛИДЕР НА СДСМ“

Социјал-демократскиот сојуз на Македонија ќе го одложи изборот на партиски лидер до мај 2009, за да може да се кандидира и Бранко Црвенковски.

Тогаш завршува и неговиот мандад како претседател на државата. Партиското раководство на опозициската партија одлуката ја донесе едногласно на состанокот кој траеше до доцна во неделата…

(More…)

 

30.08.2008

СЕ ЗГОЛЕМУВА ПРИТИСОКОТ ЗА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОТ Со НАТО не храбрат, со НАТО не плашат

Изјавата и пораката на американската амбасадорка во заминување, Џилиен Миловановиќ, дека на Македонија и претстои црна иднина ако наскоро не стане членка на НАТО, е всушност дел од грчкиот и од американскиот притисок за побрзо решавање на проблемот со името и ставање крај на спорот кој трае петнаесетина години. Ова се дел од толкувањата на македонските аналитичари и познавачи на политичката практика кај нас. Спротивно на црните толкувања на одредени поединци, дека на Македонија …

(More…)

 

25.08.2008

ГРАЃАНИТЕ НЕ САКААТ ОБИЧНИ НЕШТА

Македонија се дави во политика

Секојдневниот живот на Македонците е преокупиран со политика, сметаат аналитичарите и тврдат дека секое дете знае кои се и како се викаат премиерот и претседателот и меѓу кои партии се води најголемата политичка битка. Пензионерите многу добро се запознаени со зголемувањето на пензиите и со намалувањето на цените на лековите, а луѓето кога ќе се видат со пријателите постојано зборуваат и се нервираат околу дневната политика…

(More…)

 

21.08.2008

ОДНОСИТЕ ВЛАСТ – ОПОЗИЦИЈА И НАТАМУ „ЗАТЕГНАТИ“

Попустливоста на тие што имаат поголема моќ единствено решение, оценуваат експертите

По се изгледа тешко е да се верува дека судирот-власт опозиција од пред одморите ќе има среќен крај како што најави разврската од пред дваесетина дена кога по аболицијата на Зоран Заев опозицијата реши да се врати во парламентот. Лутите противници ја продолжуваат битката и во овој дух се очекува да продолжи нивната работа и на првата седница по одморите закажана за 25 август а …

(More…)

 

17.08.2008

SHQIPTARËT PASIV NË PROBLEMET E VENDIT

Shkup, 17 gusht – Raportet e fundit midis kryeministrit Nikolla Gruevski dhe presidentit Branko Cërvenkovski, i cili ka paralajmëruar se do të kthehet në Lidhjen Socialdemokrate të Maqedonisë, kanë shkaktuar reagime dhe komente të ndryshme si nga analistët politik, ashtu edhe nga partitë e ndryshme politike. Ish-ministri i Punëve të Jashtme, Sllobodan Çashule thotë se këto thellime midis dy institucioneve më të rëndësishme shkojnë vetëm në dobi të qarqeve antimaqedonase, të cilët nuk ia duan të mirën Maqedonisë. “Presidenti dhe Qeveria, në vend që të zgjidhin problemet, ata gjithnjë e më shumë formojnë kriza, duke harruar se pushteti ekzekutiv duhet ti zgjidh problemet dhe jo të thellojë ato. Me një sjellje të tillë, ne nuk mund të trajtohemi si shtet serioz, i cili pretendon që një ditë të jetë anëtare e plotfuqishme e NATO-s dhe Bashkimit Evropian”, ka thënë Çashule. Ai i ka komentuar edhe deklaratat e fundit të Cërvenkovskit se pas përfundimit të mandatit, në mënyrë aktive do të kthehet në LSDM. “Një hap i tillë është e pritur, pasi vet Cërvenkovski deri më tani ka pastruar terrenin. Pa marrë parasysh komentet rreth abolimit të kryetarit të Strumicës, Zoran Zaev, ky akt ishte më së shumti si një akt diskriminues apo një mënyrë – më e butë e eliminimit nga gara për postin e kreut të LSDM-së. Është e qartë se Cërvenkovski tanimë dy personat më interesant, Zoran Zaevin dhe Vllado Buçkovskin, të cilët mund ti jenë konkurrencë serioze, i ka gjunjëzuar. Që të dy akuzohen për keqpërdorime të detyrës së tyre”, ka thënë Çashule. Ndërkohë, politikologu nga Qendra për Hulumtime dhe Krijim të Politikave, Bashkim Bakiu vlerëson se kryeministri edhe kryetari i shtetit duhet të mbajë qëndrim dhe të mbrojnë interesat e qytetarëve, e jo të mbrojë partitë prej të cilave ato janë zgjedhur. “Në këto momente është me rëndësi për Maqedoninë të qetësohen raportet midis institucioneve më të larta, pasi Maqedonia deri në shtator duhet të kryejë detyrat e parashtruara nga BE”, mendon Bakiu.

(More…)

 

13.08.2008

НАСЛЕДСТВОТО НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР

Рамковниот договор со кој се оконча воениот судир во Македонија од 2001 година го издржа тестот на времето и ја трансформира земјата во успешно мултикултурно општество.

Документот кој значеше гарант за малцинствата дека ќе ги уживаат јазичните и останатите права еднакво како и мнозинското население, беше потпишан на 13-ти август пред седум години.

Што се измени од тогаш па до денес?…

(More…)

 

12.08.2008

НАПЛИВ ОД (НЕ)ВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ

Лесно и многу брзо дел од невладините организации ги идентификуваа своите интереси како идентични со оние на власта. Повеќе годишната пракса во која со секоја смена на главните политички лидери единствено се менуваа нивните гласноговорници од граѓанскиот сектор овојпат е многу поочигледна и поотворена. Во име на народот се туркаат иницијативи, критики, но и обиди за дискридитирање на опозицијата. Дали една невладина организација се користи за политички цели најлесно се открива преку нејзината работа односно дали таа се јавува контонуирано или излегува само за некоја конкретна цел, вели политикологологот Жидас Даскаловски…

(More…)

 

12.08.2008

ПРОДОЛЖУВААТ НЕДОРАЗБИРАЊАТА МЕЃУ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА И НА СОБРАНИЕТО СТРАДААТ ЕВРО АТЛАНТСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ, ОЦЕНКА НА АНАЛИТИЧАРИТЕ

Домашните експерти сметаат дека недоразбирањата меѓу шефот на државата Бранко Црвенковски и собранискиот спикер Трајко Вељановски околу уставноста на процедурата со која беа донесени спорните закони е резултат на минималната комуникација меѓу овие две институции која во последно време велат, станува се понервозна.

(More…)

 

12.08.2008

ПОЛИТИЧКА ЗЛОУПОТРЕБА НА ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР Невладини, а провладини

Невладините организации личат на гласноговорници на политичките партии од власта и од опозицијата. Место да ја извршуваат основната задача за која се формирани, а тоа е зајакнување на граѓанскиот сектор, тие се претворени во приврзоци на партиите кои ги искористуваат за дневно-политички интереси, коментираат познавачите на политичките случувања во земјава. Според нив, дејствувањето на невладиниот сектор како политички мегафон на партиите не се случува само сега туку тоа влече корени од пред петнаесетина години, кога кај нас масовно почнаа да се формираат многубројни невладини организации. Професорот Јове Кекеновски смета дека политичките партии во континуитет ги искористуваат невладините организации …

(More…)

 

12.08.2008

СОБРАНИЕТО ШТАНЦУВА ЗАКОНИ КАКО „БРЗ ВОЗ“!

Експертите предупредуваат дека е недозволиво парламентот да гласа закони со таква леснотија Новиот парламент за еден месец усвои 168 закони (55 од нив ги изгласа двапати), го донесе новиот собраниски Деловник и направи ребаланс на буџетот. Законите поминаа мазно и без никаква расправа, главно по итна постапка. Речиси половината од проектите добија собраниска верификација без учество на опозицијата…

(More…)

 

25.07.2008

ВЛАСТА САМА ЌЕ ГЛАСА ВЛАДА

Владејачките партии на 26 јули за прв пат во поновата македонска историја без гласовите на опозиција сами ќе си ја изгласаат новата влада. Правните експерти и политиколозите се единствени во ставот дека така не може и не смее да функционира ниту еден парламент. Според нив, наместо владата да практикува демократија, таа манифестира моќ и политичка ароганција. – Демократијата е во регресија, а главниот проблем е тоа што и власта и опозицијата се гледаат како непријатели наместо како политички конкуренти, кои треба…

(More…)

 

22.07.2008

СЕ ПОВЕЌЕ ГРАЃАНИ БИ ГО МЕНУВАЛЕ ИМЕТО ЗА ВЛЕЗ ВО НАТО

Една анкета на Центарот за истражување и креирање политика минатата недела мина речиси незабележано во македонската јавност. Според истражувањето на јавното мислење што го спровела оваа невладина организација, во земјава драматично расте бројот на граѓаните кои би се согласиле Македонија да го промени името за да влезе во НАТО. За разлика од март годинава, кога 83 проценти од испитаниците на истото прашање се изјасниле негативно, во јули 52,7 отсто рекле дека не се согласуваат со промена на името, наспроти 36 проценти кои би прифатиле такво нешто и 11 проценти кои не знаеле да одговорат. Во април годинава, 60 отсто од испитаниците не се согласувале за било каква промена на името. Според првиот човек на Центарот Жидас Даскаловски, ваквата промена во расположението се должи на два фактори….

(More…)

 

19.07.2008

SHQIPTARËT DUAN NATO-N, S’KANË GAJLE PËR EMRIN Mbi 52 për qind e qytetarëve maqedon janë kundër anëtarësimit në NATO nëse kjo kushtëzohet me ndërrimin e emrit, ndërsa 95 për qind e shqiptarëve kanë mendim të kundërt. Qytetarët janë kundër ndërrimit të emrit kushtetues të Maqedonisë, nëse një gjë e tillë kërkohet si kusht për anëtarësimin e vendit në NATO. Këto të janë dhënat e anketës së fundit e realizuar nga Qendra për hulumtim dhe krijim të politikave. Në pyetjen se a pajtoheni që Maqedonia të ndërrojë emrin që të bëhet anëtare e NATO-s…

(More…)

 

18.07.2008

АНКЕТА: ДАЛИ СЕ СОГЛАСУВАТЕ МАКЕДОНИЈА ДА ГО ПРОМЕНИ СВОЕТО ИМЕ ЗА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА НА НАТО?

Дали се согласувате Македонија да го промени своето име за да стане членка на НАТО. На ова прашање на Центарот на истражување и креирање политика поставено во анкета во јуни дека не се согласуваат одговориле 52,7 проценти од македонските граѓани што покажува намалување на бројот на граѓани кои одговориле дека се против промена на името во споредба со …

(More…)

 

07.07.2008

„ГАНС ЕНД ЛАЈОНС“ ГО ВРАЌА ЦРВЕНКОВСКИ МЕЃУ РОЗИТЕ?

Ако новата коалиција функционира добро и се следи досегашната практика, реално, опозицискиот претседателски кандидат ќе нема многу шанси, смета политикологот Дане Талевски

Новата владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе има влијание и врз претседателските избори, а актуелниот шеф на државата Бранко Црвенковски најверојатно ќе чека до последен момент за да одлучи дали воопшто ќе се кандидира за втор претседателски мандат, сметаат политичките аналитичари што ги …

(More…)

.

27.06.2008

ЦРНИТЕ ЛИСТИ СЕ ЗНАК ЗА ГЛАСАЧИТЕ И ЗА ПОЛИТИЧАРИТЕ

Изминативе седум години политичари на ДУИ и на ДПА се најдоа на црните листи, но во исто време беа и во собраниските клупи

Чест гостин во американската амбасада иако им е на црната листа: Мендух Тачи

Да си заминат од политиката политичарите што со …

(More…)

.

21.06.2008

МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ГО ПРИЗНАЕ КОСОВО

Дали Македонија треба да го признае Косово како независна држава? Одговор на ова прашање во Скопје се обидоа да дадат домашни и експерти од соседството. Генерален впечаток е дека Владата нема ништо против признавањето на независноста на Косово, но, дека чека соодветно време. Оценката на експертите е дека Македонија ќе има бенефит од признавањето на Косово, зашто така Албанците и Македонците во земјава ќе се обединат по неколку стратешки проекти…

(More…)

.

21.06.2008

MAQEDONIA TA NJOHË KOSOVËN

Përvoja nga vendet tjera të rajonit tregon se reagimi i Serbisë nuk do të jetë serioz nëse Maqedonia njehë pavarësinë e Kosovës, thotë profesori i UEJL, Leon Mallazogu.

Analistët e vendit dhe ata kosovarë konsiderojnë se Maqedonia do të duhet menjëherë pa humbur kohë që të pranojë pavarësinë e Kosovës. Rizvan Sulejmani thotë se me një akt të tillë nuk do të shkaktohej destabilizim i …

(More…)

.

15.06.2008

LA MACEDONIA ALLO SPECCHIO I Dopo gli incidenti di due settimane fa, in Macedonia si torna a votare in molti collegi. La situazione politica letta da Zidas Daskalovski, docente di scienze politiche all’Università di Skopje e presidente dell’Institute for Research and Policy Making, e da Daut Dauti, analista ed editorialista

Queste elezioni sono state descritte da più parti come le peggiori che la Macedonia abbia mai avuto. Quali conseguenze potrebbero portare sul piano interno e su quello internazionale? …

(More…)

.

10.06.2008

МАКЕДОНИЈА НА ПОПРАВЕН ИСПИТ ПРЕД СВЕТОТ

Според аналитичарите, гласањето в недела мора да биде достоинствено без ниту еден инцидент

Прегласувањето речиси на 200 гласачки места на кои минатиот пат имаше проблематични избори е шанса за Македонија да ја поправи грдата слика што му ја испративме на светот. В недела државата треба да покаже дека институциите функционираат на целата…

(More…)

.

06.06.2008

ПРЕДСРОЧНИЯТ ВОТ ЕДВА ЛИ ЩЕ ПРОМЕНИ СТАТУКВОТО В МАКЕДОНИЯ

КАК СЕ СТИГНА ДО СЕРИОЗНИТЕ ИНЦИДЕНТИ В ДЕНЯ НА ИЗБОРИТЕ?

По време на предизборната кампания имаше сблъсъци между албанските партии, атентати, палене на щабове и пр. Още тогава държавата трябваше да арестува виновните. Това не беше направено и се стигна до инциденти по време на самите избори. Има и една жертва. Това като цяло рисува много лоша картина за Македония. Независимо къде се случват инцидентите – дали в македонската или в албанската …

(More…)

.

02.06.2008

ПОСЛЕДИЦИ ОД ЛОШИТЕ ИЗБОРИ? Голема единица меѓу деветте оценки

Вчерашните изборни инциденти, кои доведоа до една жртва, неколку повредени лица и прекин на гласањето во триесетина избирачки места, ќе се одразат негативно врз Македонија и ќе ги загрозат нејзините евроатлантски аспирации, оценуваат експертите. – Не чека исклучително лош извештај од Европската комисија и од ОБСЕ во насока на тоа дека Македонија имаше немирни, нефер и …

(More…)

.

30.05.2008

Много шум за избори

ПРЕДСРОЧНИЯТ ВОТ ЕДВА ЛИ ЩЕ ПРОМЕНИ СТАТУКВОТО В МАКЕДОНИЯ

Изборите не са универсален лек за решаване на политически кризи на Балканите – това най-вероятно ще докаже в неделя и Македония. Въпреки че премиерът Никола Груевски се надяваше с предсрочния вот да получи абсолютно мнозинство в парламента, допитванията показват, че по-скоро ще му се наложи да се изправи отново пред старите проблеми…

(More…)

.

30.05.2008

Промовирана книгата

„ДИЈАГНОСТИЧКО СРОДНИ ГРУПИ И НЕПЛАТЕНАТА РАБОТА НА НЕГА ШТО ЈА ВРШАТ ЖЕНИТЕ“

Скопје, 28 мај (МИА) – Центарот за истражување и креирање политики и Фондот за жени на ОН – УНИФЕМ во соработка со Министерството за здравство и граѓанските организации ЕСМА од Шуто Оризари, ОЖО Свети Николе и АУРЕОЛА од Струга, денеска во Скопје ја промовираа книгата „Дијагностичко сродни групи и неплатената работа на нега што ја вршат жените“…

(More…)

.

28.05.2008

Промовирана книгата

„ДИЈАГНОСТИЧКО СРОДНИ ГРУПИ И НЕПЛАТЕНАТА РАБОТА НА НЕГА ШТО ЈА ВРШАТ ЖЕНИТЕ“

Центарот за истражување и креирање политики и Фондот за жени на ОН – УНИФЕМ во соработка со Министерството за здравство и граѓанските организации ЕСМА од Шуто Оризари, ОЖО Свети Николе и АУРЕОЛА од Струга, денеска во Скопје ја промовираа книгата „Дијагностичко сродни групи и неплатената работа на нега што ја вршат жените“…

(More…)

.

27.05.2008

РУШИТИ И СЕЛМАНИ ОД ДПА СО СПРОТИВНИ ИЗЈАВИ

Имер Селмани: ВМРО-ДПМНЕ ни е стратегиски партнер

Македонскиот министер за образование и функционер на владејачката Демократската партија на Албанците Сулејман Рушити, за БиБиСи рече дека неговата партија нема да инсистира на учество во идната влада, доколку на вонредните избори в недела не освои најголем број гласови од етничките Албанци…

(More…)

.

25.05.2008

ПАЃА РАСПОЛОЖЕНИЕТО НА ГРАЃАНИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО НАТО!?

Последната анкета на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии од Љубљана покажува дека само 66 проценти од населението сака Македонија да влезе во НАТО по ветото во Букурешт. Според експертите, падот на расположението на граѓаните се должи на силната желба за зачувување на идентитетот.

Жидас Даскаловски – Тоа се должи на тоа што ѓраѓаните не сакат да си ја продадат душата на ѓаволот Македонецот издржал се и сешто и не би го продал идентитетот туку така. . .

(More…)

.

25.05.2008

Ја поминавме ли црвената линија во преговорите со Грција за спорот за името – трибина на „Платформа“

По Букурешт, Македонија се наоѓа во деликатна фаза: да го реши проблемот со името со Грција или да влезе во изолација. Доведени сме пред ѕид, и тоа пред ѕидот за влез во НАТО и ЕУ. Кои се излезните опции?. На оваа тема дискутираа учесниците на дебатата „Преговори за спорот со Грција, демистификација и излезни опции“ на Центарот за истражување и креирање политики и Платформа…

(More…)

.

25.05.2008

ТРИБИНА ЗА СПОРОТ СО ИМЕТО

Македонија нема капацитет уште долго време да го држи отворен проблемот со Грција за името, предупредуваат експерти по меѓународно право, историчари, професори.

Во оваа фаза од преговорите, од круцијална важност е зачувувањето на идентитетот и зачувувањето на уставното име во меѓународна употреба.

Ако успееме во битката, тогаш најмалку ќе биде важно како Грците ќе ни се обраќаат. Дел од учесниците на трибината посветена на спорот со јужниот сосед се со став дека без да бидеме подготвени на компромис, не треба да се седнува на преговарачка маса…

(More…)

.

23.05.2008

ПАРТИИТЕ АНГАЖИРААТ СТРАНЦИ, НО СО МЕРА Лидери засега не увезуваме!

Голем дел македонски политичари, кои се дел од коалициите, се длабоко компромитирани и непопуларни, па затоа бараат поддршка од странски политичари, коментираат аналитичарите по информациите дека речиси сите политички партии ангажираат угледни странски политичари и интелектуалци во кампањите. Странци се појавуваат на митинзите и во спотовите на партиите. Пратениците од европската десница, Рикардо Вентра и Марчело Вернола, од партијата Форца Италија на премиерот Силвио Берлускони, му дадоа поддршка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски…

(More…)

.

21.05.2008

ПОПУЛИСТИЧКИ МЕТОДИ ИЛИ ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ПРЕДИЗБОРНА ПРОГРАМА

Гласачи се ќаруваат и по пазари и продавници Носителите на листи од коалициите “Сонце и “За подобра Македонија” и партиите на Албанците ДУИ и ДПА, реализираат директни средби со граѓаните. Ваквиот начин на работа не му е туѓ ниту на претседателот Бранко Црвенковски. Како дел од кампањата за време на претседателските избори во 2004 и тој шеташе по пазари и играше оро во општините кои беа дел од неговата агенда…

(More…)

.

20.05.2008

ПАРТИИТЕ ВООПШТО НЕ СЕ ИСТАКНАА СО ИНВЕНТИВНОСТ Добриот слоган далеку се слуша

Слоганите на политичките партии во оваа изборна кампања не се доволно силни и инвентивни, немаат подлабока симболика и не рефлектираат политичка енергија, се согласуваат повеќето политички аналитичари. Причината за ова тие ја бараат во краткото време за подготовка на кампањите. – Слоганот на коалицијата „За Македонија заедно“, „Македонија знае“, е сличен на слоганот со кој ВМРО-ДПМНЕ излезе на изборите во 2006 година, „Главата горе“ и ја содржи истата порака, да и се даде повторно доверба на владата…

(More…)

.

19.05.2008

ИЗБОРИТЕ НЕМА ДА ЈА РЕШАТ КРИЗАТА ВО СОБРАНИЕТО

Се очекува ВМРО-ДПМНЕ да победи, но не толку колку што очекува, велат аналитичарите

Новиот парламент во Македонија ќе биде со исти политички бои како и претходниот состав, но и со исти победници како и во 2006 година, прогнозираат политичките аналитичари. Тоа значи дека изборите нема да ја решат кризата во Собранието. Извесно …

(More…)

.

13.05.2008

„ИНЦИДЕНТИТЕ ЈА ЗАГРОЗУВААТ ЕУ ИДНИНАТА“

По вчерашната порака на европските амбасадори во Македонија дека Европа е сериозно загрижена за иднината на земјата по серијата оружени инциденти, експерти велат дека се работи за порака која е отворена и не е завиена во дипломатски речник.

Се вели дека ЕУ дипломатите и самите се изненадени од појавата на насилство во изборниот процес и делувале превентивно. БиБиСи зборуваше со Марија Ристевска од Центарот за истражување и креирање политики, според која и меѓународната заедница е затекната од ваквиот почеток на кампањата…

(More…)

.

12.05.2008

ТРИБИНА „ШТО ПО ВЕТОТО ЗА ВЛЕЗ ВО НАТО“ Изборите се чекан во грчки раце

Ако до самитот во Букурешт времето работеше за нас, по грчкото вето работите се променија на наша штета и ставени сме во позиција да немаме друга алтернатива освен наоѓање компромисно решение за името. Партиите не треба да го злоупотребуваат овој проблем за дневно-партиски интереси. Прашањето за референдум во време на избори не треба да се вади на дневен ред…

(More…)

.

11.05.2008

ШТО ПО ГРЧКОТО ВЕТО ВО БУКУРЕШТ – ЦЕНТАР ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКИ

Во изборната кампања политичарите да прецизираат што подразбираат под промена на името – побара професорката Гордана Силјановска на денешната дебата организирана од центарот за истражување и креирање политики, на тема – ,,Што треба да направи Македонија по грчкото вето во Букурешт,,. Силјановска вели дека компромис мора да има, но прашањето дали сте за промена на името, според неа, содржи многу други прашања…

(More…)

.

11.05.2008

ЕКСПЕРТИТЕ ДЕБАТИРАА

ШТО ПО ГРЧКОТО ВЕТО?

Преговорите мораат да продолжат зошто компромисот со Грција е неминовен, но некој треба да му објасни и на народот дека Уставното името мора да се промени. Експертите по иницијатива на Центраот за истражување и креирање политики и Македонската аилјанса , дебатираа што треба Македонија да направи по грчкото вето?..

(More…)

.

11.05.2008

ПОТРЕБНА Е ЕДИНСТВЕНА СТРАТЕГИЈА ЗА ИМЕТО

На Македонија и е потребна единствена стратегија во преговорите за името со Грција.

Сите државни и политички актери мора да се сплотат и да формираат еден штаб, во кој ќе бидат вклучени домашни и странски експерти, предлагаат дипломатите како идни активности што треба да се преземат…

(More…)

.

11.05.2008

СПОРОТ СО ИМЕТО ТРЕБА ДА СЕ РЕШИ ШТО ПОСКОРО, СМЕТААТ АНАЛИТИЧАРИТЕ

Со распишувањето на предвремените избори Македонија го загуби најдоброто време за решавање на прашањето околу името со Грција. Ваквата оценка ја дадоа учесниците на дебатата “Што треба да стори Македонија по грчкото вето во Букурешт“. Според нив, Македонија ја загуби шансата да ја искористи американската поддршка по ова прашање, а се покажа дека премиерот Груевски не беше искрен со граѓаните кога рече …

(More…)

.

07.05.2008

ПАРТИИТЕ ГИ ПОДГОТВИЈА ИЗБОРНИТЕ ПРОГРАМИ Ветувања според сечиј мерак Македонија членка на НАТО и на ЕУ, намалена невработеност, подобра економска и социјална клима, се само дел од работите со кои политичките партии ќе се обидат да ги привлечат граѓаните на претстојните избори. Аналитичарите очекуваат дека двете најголеми коалиции, на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, ќе бараат гласови од сите слоеви во општеството бидејќи едните сакаат да освојат 61 пратеник во Собранието, а другите …

(More…)

.

06.05.2008

АНКЕТА: ПРВО ДЕМАРКАЦИЈА, ПА ПРИЗНАВАЊЕ НА КОСОВО

Мнозинството граѓани на Македонија сметаат дека прво треба да се обележи границата, па потоа да се признае независноста на Косово.

Ова го покажува најновото испитување на јавното мислење, спроведено од Центарот за истражување и креирање политики со седиште во Скопје.

Според резултатите од анкетата, 55% се изјасниле дека прво треба да се обележи границата, па да се признае Косово…

(More…)

.

29.04.2008

АНКЕТА НА ЦИКП: ВМРО-ДПМНЕ 26.1 ОТСТО, СДСМ 12.1, ДУИ 10.7, ДПА 7 ОТСТО

Скопје, 29 април (МИА) – Според анкетата на Центарот за истражување и креирање на политики (ЦИКП) на предвремените парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 26.1 отсто од испитаниците, за СДСМ 12.1 отсто, за ДУИ 10.7 отсто, за ДПА 7 отсто, за ниту една партија 1.5 отсто, за ЛДП 0.4 отсто, за НСДП 1, за ПДП 0.2 отсто, неопределени се 13.3 отсто, а додека 27.7 отсто не сакале да одговорат…

(More…)

.

29.04.2008

АНКЕТА: ВМРО 26,1%, СДСМ 12,1%, ДУИ 10,7%, ДПА 7%

Според анкетата на Центарот за истражување и креирање на политики (ЦИКП), на предвремените парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 26,1% од испитаниците, за СДСМ 12,1%, за ДУИ 10,7%, за ДПА 7%.

Дека нема да гласаат за ниту една партија се изјасниле 1,5%, за ЛДП 0,4%, за НСДП 1%, за ПДП 0,2%, неопределени се 13,3%, а додека 27,7% не сакале да одговорат…

(More…)

.

29.04.2008

АНКЕТА- ДПМНЕ ПОВТОРНО ВО СИЛНО ВОДСТВО

26.1 процент за ВМРО ДПМНЕ, 12.1 процент за СДСМ – ова е поддршката од граѓаните за двете најголеми политички партии според најновата анкета на Центарот за истражување и креирање политики. Убедливото водство владејачката партија го задржува и според оваа анкета. ДУИ води пред ДПА со 10.7, наспроти 7% поддршка. Рејтинзите на останатите политички партии не ја надминуваат единицата…

(More…)

.

21.04.2008

И СПОРЕД АНКЕТАТА НА ЦИКП ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ!

23, 7 отсто од 1100 испитаници се изјасниле дека својот глас ќе го дадат за партијата на сегашниот премиер Никола Груевски, а за СДСМ би гласале 12,3 отсто од анкетираните

Најголем дел од граѓаните на претстојните предвремени парламентарни избори би гласале за ВМРО-ДПМНЕ. Ова го покажуваат резултатите од последната анкета на Центарот за истражување и креирање политики спроведена на 12 и 13 овој месец. 23, 7 отсто од 1100 испитаници се изјасниле дека својот глас ќе го дадат за партијата …

(More…)

.

19.04.2008

РЕЧИСИ ПОЛОВИНА ОД МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ СЕ ПРОТИВ ОДРЖУВАЊЕТО НА ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ИЗБОРИ

Последната анкета на центарот за истражување и креирање политики покажува дека речиси половина од македонските граѓани не се за предвремени избори. На прашањето – дали се согласувате да има предвремени избори во Македонија – 47,4 проценти рекле дека се ПРОТИВ, 38,6 отсто се изјасниле – ЗА, а 14 проценти …

(More…)

.

16.04.2008

NAME TALKS RESUME

Poll indicates softer stance in FYROM over possible change

The Macedonia name issue is expected to return to the top of the political agenda today as United Nations mediator Matthew Nimetz will hold talks in the Former Yugoslav Republic of Macedonia (FYROM) before coming to Athens in search of a solution to the dispute.

Diplomatic sources in Athens have said they are not expecting this round of visits by Nimetz to lead to any breakthrough and that it is simply likely to serve as a confirmation that negotiations are still alive after Greece decided to veto FYROM’s bid to join NATO earlier this month…

(More…)

.

16.04.2008

МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ИМЕТО

Мнозинството (60 проценти) од граѓаните на Македонија не се согласуваат со промена на уставното име како услов за членство во НАТО. Но, 36 проценти, пак, сметаат дека треба да се промени името за земјата да влезе во НАТО, покажа анкетата на Центарот за истражување и креирање политики од Скопје…

(More…)

.

15.04.2008

60% ОД ГРАЃАНИТЕ ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ИМЕТО ЗА НAТО

Шеесет проценти од македонските граѓани се против промена на уставното име во замена за членство во НАТО. 36 проценти се изјасниле дека се за промена во корист на членство. Ова се резултатите на анкетата на Центарот за истражување и креирање политики, направен на репрезентативен примерок од 1.100 испитаници…

(More…)

.

15.04.2008

ПО ДЕБАКЛОТ ВО БУКУРЕШТ ПРОМЕНА НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ – ПРОТИВ СМЕНАТА НА ИМЕТО СЕГА СЕ 60% ИСПИТАНИЦИ

Драстична промена на јавното мислење во Македонија по неуспехот на самитот на НАТО во Букурешт – расте бројот на граѓани кои прифаќаат компромис за името за земјава да влезе во алијансата. Наспроти 83-те проценти од граѓаните кои пред самитот беа против промена на името како услов за зачленување во Алијансата, сега откако Македонија не успеа да ја добие поканата, тој процент е намален на 60. 36 отсто прифаќаат промена на името за Македонија да влезе во НАТО, 4 проценти не дале одговор…

(More…)

.

| Newest | 08 | 07 | 06 | 05 | 04 | 03 | 02 | 01 |