Јавен повик за изразување интерес на локални граѓански организации за учество во проект

Share This Post

ПОЗАДИНА

Центарот за истражување и креирање политики заедно со CARE International Balkans, го реализира проектот „Градење на здрави животни навики на момчињата во Гостивар и Ѓорче Петров“ со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

Целта на проектот е позитивно трансформирање на однесувањето кај младите момчиња со цел градење толерантни општества и превенција на врсничкото и родово базираното насилство. Кон оваа иницијатива се вклучени локалната власт и локалните граѓански организации кои ќе ги мобилизираат младите на возраст од 14-19 години за утврдување на приоритети и вклучување во креирање локална политика за млади низ едукативни работилници и кампањи во заедницата.

Конкретно проектот ќе придонесе кон:

  • Поголемо разбирање и подигање на свеста за насилството како научено мажествено однесување на балканските простори, кај момчињата, младинските граѓански организации и релевантните владини институции.
  • На национално ниво ​​прилагодување на пристапот на CARE за вклучување на млади мажи и момчињакако превентивен модел за родово базирано насилство кој ќе го предводат млади лица.
  • Зголемени капацитети на локалните граѓански организации за примена на пристапот на CARE за YMI Методологијата (Young Men’s Initiative) водејќи кон превентивен модел за родово базирано насилство.

ЦЕЛ

Целта на овој Повик за изразување интерес е да се идентификуваат потенцијалните граѓански организации заинтересирани да учествуваат во проектот и да ги реализираат предвидените активности на локално ниво.

ЗАДАЧИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ РЕАЛИЗИРА ИЗБРАНАТА ГРАЃАНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА

  • Учество во реализација на истражување по методот на партиципативно учење и акција со младите момчињата за да се утврдат димензиите на машкоста и перцепциите за насилство;
  • Учество во приспособување на Прирачникот М (за позитивно однесување на момчињата) на CARE – на национално ниво и развивање на програма за врсничка едукација;
  • Учество во процесот на проценка на потребите и учествуво во Обуката за Обучувачи која ќе биде спроведена од CARE;
  • Учество во адаптација на локалните младински клубови во општините учеснички во проектот и активно да учествуваат во основање на „Биди маж“ клубовите во Гостивар и Ѓорче Петров како безбеден простор за дијалог, критичко размислување и подигање на свеста кај младите луѓе;
  • Реализација на дваесет работилници (по 10 во една општина) во општина Гостивар и општина Ѓорче Петров за да го пилотираат „Прирачникот М“ (за позитивно однесување на момчињата);
  • За да бидат подобни за финансиска поддршка, активностите на граѓанските организации треба да бидат засновани на листата на активности содржана во Прирачникот М;
  • Да креираат и реализираат по една младинска кампања во општината да делување и да учествуваат во завршниот настан на проектот.

ПРИДОБИВКИ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ОД УЧЕСТВО ВО ПРОЕКТНИТЕ АКТИВНОСТИ

Преку вклучување во проектните активности Граѓанските Организации ќе имаат можност:

  • Да ги градат капацитетите и вештините кои што се неопходни работа со младите момчиња, за тие да можат да развијат здрави врски засновани на родова еднаквост, да го разберат нивниот физички, сексуален и емоционален развој како и да се осврнат на сите форми на насилство во нивниот секојдневен живот. Со тоа граѓанските организации вклучени во проектот ќе можат да воспостават силни врски со врсниците и младите момчиња за обезбедат ефикасно учество во предвидените работилници;
  • Граѓанските организации во рамки на проектните активности да креираат мрежа од граѓански организации и да бидат активни во градењето на поправедни родови ставови и однесувања меѓу младите со што ќе се намали и насилството меѓу момчињата кон девојчињата и врсничкото насилство (насилство од момчиња спрема други момчиња) во Македонија;
  • Да ги зголемат организациските капацитети и капацитети за спроведување на проекти на граѓанските организации преку индивидуална програмска и техничка поддршка, што ќе им овозможи да развијат понатамошни програми и да бараат понатамошна финансиска поддршка и по завршувањето на оваа проектна активност.

ВРЕМЕНСКА РАМКА, ЛОКАЦИЈА И БУЏЕТ

Се очекува ангажираните граѓански оргзанизации да започнат со активности во ноември 2022 година и да завршат со активностите до јули 2023 година. Локација на спроведување на активностите се општините Гостивар и Ѓорче Петров. Максималниот расположлив фонд за реализација на активностите изнесува 10.000 ЕУР.

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на јавниот повик имаат сите граѓански организации кои ги исполнуваат следниве услови:

  • Да се регистрирани во С. Македонија според Законот за здруженија и фондации (2010 г. Сл. Весник 52/10); пред 1ви ноември 2019 година;
  • Да делуваат на територијата на општините Ѓорче Петров и Гостивар, при што предност при доделувањето на грантови ќе имаат организации регистрирани во двете таргет општини;
  • Да имаат претходно искуство со работа со млади и/или во спроведување на проекти во областа на младински политики и/или родови прашања.

НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРИЈАВИ:

Заинтересираните граѓански организации можат да се пријават и да ја достават потребната документација по електронски пат на следните е-адреси:

Крајниот рок за поднесување пријави е 24.10.2022 година. 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ИНТЕРЕС СЕ: