Бриф 10: Локален економски развој во општина Неготино
Во локалната администрација на општина Неготино има вкупно 47 вработени, од кои 22 жени и 25 мажи. Што ја прави општината родово еднаква во поглед на вработените. Советот на општина Неготино го сочинуваат вкупно 15 члена, од кои 5 се жени додека 10 се мажи. Иако во Советот на општина Неготино членуваат повеќе мажи, по избортие во 2021, за претседателка е поставена жена. Дел од администрацијата на локално ниво и одделни претставници во Совет на општина, членови на КЕМ немаат слух за родовата еднаквост и спороведување на програмата за родова рамноправност.