07.06.2007
This year, the 33rd meeting of G8 Heads of State and Government is being held in Heiligendamm, a German Seaside resort at the Baltic coast. However, the pictures of breath-taking landscapes and sights are replaced with the pictures of highly secured yet at the same time, luxurious ‘prison facility’ from a standpoint of nobility and high society meeting place. Given this context, the leaders of US, Russia, Great Britain, France, Japan, Germany, Canada and Italy, as well the President of the European Commission are sheltered by 16.000 policemen and 12 kilometers long and 2.5 meters high steel fence topped with barbed wire, video monitors and sensors to detect movement. The amount of money spent for securing the three days summit is topping astonishing €100m. To unpack this paradox, one of the main issues on the agenda is financial aid to the states of Africa to institutionalize good governance through the establishment of the rule of law and free market.
In addition to this topic, other global issues—like climate changes and protection of the environment, lightening of world market regulations and the abolition of obsolete trade barriers and customs regulations, better regulation of hedge funds and financial markets—are being discussed. Unquestionably, the most important one of all is expected to be the historical accord on Germany’s vision (backed up by the EU leaders at the summit) for solving global warming. Instead, the summit is characterized by dispute between the U.S President George W. Bush and President Vladimir Putin of Russia over the US missile defence shield and the EU – US dispute over the concept of solving the global warming question.
The submitted German proposal is based on a so-called ‘stabilization’ goal of preventing global temperatures from rising by more than 2 degrees. This kind of measures introduces concrete limits of carbon-dioxide levels in the atmosphere which are compatible to the EU strategy for combating climate changes with precise commitments. In contrast, just couple of days before the summit, Mr. Bush himself proposed a series of meetings on climate change issue involving the world’s top 15 carbon-dioxide emitters like the actual member states of G-8, the emerging Asian powers India, China and South Korea as well as Brazil, Mexico, South Africa and Australia. A major part of the countries involved already responded warmly to the American suggestion.
Source: BBC, June 06, 2007
In particular, the emerging economies—China for example, which puts its fast growing economy in front of the environment—which favor the looser, US approach to the question of global warming. Be that as it may, in line with the historical trend, events on the ground, notably in the G-8 arena, have been and still are prolonging the globally important question of climate change.
Source: Wikipedia
The second issue that will put a mark on this event is the US-Russia dispute over the US missile defence shield. Adding to this, the US is planning to install part of the shield on the territory of former Soviet satellite states, now NATO members, Poland and the Czech Republic. To be more precise, the US is talking about installing 10 interceptors in Poland and radar unit in the Czech Republic. This kind of action in the nearest Russian neighborhoods is seen by President Putin as a direct threat beside the assurances given from his American counterpart that it was ‘purely defensive measure aimed not at Russia but at true threats’, Iran in first instance. According to Mr. Putin—the manifested imperialistic US foreign policy—Russia has to react in a proper way. In the run up to the summit, the Russian President himself said that Moscow could aim nuclear weapons at targets in Europe as part of retaliatory steps if Washington proceeds building its defence shield on European soil. In addition, Russia’s deputy prime minister and potential successor to Mr. Putin next year announced that they have successfully tested a new intercontinental ballistic missile capable of caring multiple warheads as a response to the American defence shield. Their possible deployment location is the Russian enclave of Kaliningrad known for its remoteness to Russia’s mainland however, very important for its strategic position in Europe. Taking into consideration the abovementioned disputes and the rhetoric used, the question that comes up in my mind is: are we facing a new, modified Cold war era?
In conclusion, Bush’s new climate leadership in combination with President Putin words echoing the Cold war, spiced with the Kosovo issue and Iran’s nuclear program and we have the needed components for one exciting summit. Furthermore, these gatherings are increasingly becoming a political circus instead of opportunity to tackle thorny question on global scale.
Нова студена војна. Откривајќи ја вистинската агенда на самитот на Г-8
Оваа година, 33-тиот состанокот на лидерите на осумте најразвиени земји (самитот на Г-8) се одржува во германското летувалиште Хеилигендам на брегот на Балтичкото море. Сликата на идилично крајбрежно место е заменета со сликата на високо обезбедувам но, истовремено и луксузен ‘затвор’ посебно од аспект на калибарот на неговите посетители. Имено, станува збор за лидерите на САД, Русија, Велика Британија, Франција, Јапонија, Германија, Канада и Италија, како и претседателот на Европската Комисија коишто се заштитени од страна на 12 километарска ограда опремена со камери, сензори за движење и бодликава жица и 16 илјади полициски офицери. Сето ова, чини огромни средства. Сумата потрошена за обезбедување на тродневниот самит изнесува изворедни 100 милиони евра. Парадоксот да биде поголем, една од главните теми на овогодинешната агенда е директна финансиска помош за спроведување на реформи во Африка.
Се разбира дека покрај оваа тема, на масата во Кемпински Гранд Хотелот ќе се најдат и други глобално релевантни теми како што се климатските промени, глобалното затоплување, заштитата на животната средина итн. Но, наместо донесување на историски договор базиран на германската визија (подржан од земјите-членки на ЕУ) за решавање на проблемите со глобалното затоплување, состанокот на Г-8 ќе биде обележан со несогласувањата меѓу Американскиот претседател Џорџ Буш и Рускиот Претседател Владимир Путин во врска со американскиот ракетно-одбранбен штит; и меѓу Г-дин Буш и Европската Унија за концептот за намалување на глобалното затоплување.
Поднесениот предлог од страна на Германија се базира на т.н. ‘стабилизациона’ цел за превенција од глобално зголемување на температурите за не повеќе од 2 степена, зголемување кое според научниците го преставува безбедносниот лимит кој доколку е надминат може односно ќе предизвика катастрофални промени. Оваа мерка преставува воведување на брзи и конкретни лимити за нивото на емисија на штетни гасови во атмосферата и е во согласност со стратегијата на ЕУ за борба со климатските промени со конкретни обврски. Меѓутоа, само неколку дена пред почетокот на самитот Претседателот Буш истапи со свој пакет на предлози за преговори за намалување на глобалното затоплување со 15те најголеми емитери на штетни гасови. Меѓунив се најдоа моменталните членки на Г-8, азиските сили Кина, Индија и Јужна Кореја, како и Австралија, Бразил, Мексико и Јужна Африка. Како што веќе беше истакнато од страна на лидерите на повеќето земји, посебно на оние чии економии се со висок степен на раст, му даваат предност на лабавиот и по прагматичен американски пристап кон глобалното затоплување. Тоа во суштина би значело пролонгирање на решавањето на клучното глобално прашање имајќи го в предвид претходниот договор од Кјото и неговото имплеметирање.
Од друга пак страна, овој самит ќе биде запаметен и по несогласувањата на релација САД – Русија во врска со ракетно–одбранбениот штит. Имено, Соединетите Држави планираат инсталација на дел од овој штит на територијата на Република Чешка и Полска. Поточно, 10 ракети пресретнувачи на територијата на Полска и инсталација на придружен радар во Чешка. Инсталирањето на вакви уреди во земји кои се позиционирани во неподредно руско соседство, за Претседателот Путин претставуваат непосредна опасност и покрај уверувањата на неговиот американски колега дека станува збор за заштита на Европа од можен иден нуклеарен напад од Иран.
Според Путин—на ваквата манифестирана империалистичка политика на САД—Русија треба да одговори со соодветни мери. Тоа и се случи. На само неколку дена пред почетокот на самитот на Г-8, Претседателот Путин се закани дека ќе се освети на ваквите планови на САД, со насочување на руските ракети кон Европските градови. Патем, заменикот премиер и можен наследник на функцијата Претседател на Русија, Г-дин Сергеј Иванов потврди дека Русија успешно ги тестирала новите интерконтинентални ракети кои имаат способност со себе да носат повеќе боеви глави како одговор на одбрамбениот штит на САД. Можната нивна локација би била Калинингад. За оној кој добро ја разбира геополитиката, позиционирањето на овие ракети токму во оваа руска енклава значи многу. Дали ова Ви наликува на реториката од времето на студената војна?
За крај, комбинирањето на горенаведената реторика со Бушовото ново климатско ‘лидерство’ и фрустрациите на европејците како споредни играчи на целиот овој настан Ви ги даваат состојките на еден навистина промашен самит на Г-8. Се повеќе, овие средби наликуваат на настани за краткорочен кризен менаџмент—политички театар отколку собири на кои се донесуваат одлуки и решаваат проблеми од глобално значење.