Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП во рамки на проектот: „Guardian Shield: Операционализација на механизмот за упатување за јакнење на отпорност против радикализација и екстремизам во Северна Македонија“, објавува повик за ангажирање на:
СОВЕТНИК/СОВЕТНИЧКА ЗА ПОЛИТИКИ
Советникот/Советничката за политики ќе изработи детална Стандардна Оперативна Процедура (SOP) која ќе го дефинира оперативниот рамковен механизам за упатување и ќе изготви Упатства за имплементација, дизајнирани да ги насочат засегнатите страни при извршување на нивните улоги и одговорности. Притоа, ќе се обезбеди примена на етички практики, правна усогласеност, заштита на податоци и договори за необјавување на размената на информации, заедно со ефективна соработка. Упатствата ќе ги консолидираат оперативните димензии на механизмот за упатување во единствен документ, кој ќе ги опфаќа сите релевантни процеси и алатки, како што се SOP, NDA и Протокол за заштита на податоци.
Апликациите е потребно да се испратат на crpm@crpm.org.mk најдоцна до 30.12.2024 година, до 23:59 (CET) со предмет: “Апликација за Политички Советник – Изработка на SOP и Упатства”.
Сите дополнителни информации можете да ги најдете во следниот документ.