Oбука за јакнење на капацитетите на синдикатите од државата

Share This Post

Центарот за истражување и креирање политики на 19.07.2021 година организираше обука посветена на јакнење на капацитетите на синдикатите од државата. Учесниците имаа можност да се стекнат со знаења за европските политики од областа на индустриските односи и детално да им бидат образложени моделите за поактивно вклучување на работниците во процесот на донесување одлуки и раководењето во претпријатијата.

Акцентот беше ставен на работничките совети, со посебен осврт на искуствата од европските земји и европските работнички совети (ЕРС). Дел до обуката беше посветена на давање насоки, совети и препораки како целосно да се применат постојните начини за информирање и консултирање на вработените и како да се создадат можности за нивно поактивно учество во раководењето на претпријатието, тргнувајќи од важечката правна рамка. Предавачи на обуката беа проф. д-р Лазар Јовевски и Слободан Трендафилов. 

Обуката е организирана во рамките на проектот „Подобрување на квалитетот и нивото на застапеност на вработените преку нивно прилагодување, вклучување и ефикасно користење на инструментот ЕРС од засегнатите страни во индустриските односи“, поддржан од Европската Унија.