Today, in Municipality of Cair, we conducted the final meeting within the project “Voice and Echo,” implemented by our sub-grantee, AppleTree MK, in the framework of “Through Gender Lenses.”
The meeting was attended by the Coordinator for Equal Opportunities, Mrs. Avushe Maca, and the Mayor, Mr. Visar Ganiu, who provided full support throughout the project.
The budget initiatives submitted to the Municipality of Cair, along with an analysis of costs for their implementation, are as follows:
- Recording of small formal and informal businesses run by women in the territory of Municipality of Cair.
- Development of a Program and measures for subsidizing women who want to formalize their own businesses and ensure the sustainability of existing ones.
- Establishment of a Women’s Entrepreneurship Council in the municipality where experiences will be shared, and challenges will be resolved.
- Marketing and promotion of products made by women at the Handicrafts Fair in the municipality.
The “Through Gender Lenses” project is financed by the European Union and is being implemented by the Center for Research and Policy Making in cooperation with the Rural Coalition, Roma Women and Youth Association “LULUDI”, Journalists for Human Rights, and Educational Humanitarian Organization – Echo.
–
Денеска во Општина Чаир го одржавме последниот состанок во рамки на проектот „Глас и Ехо“ имплементиран од нашите подгрантистки Здружение за напредок, поддршка и одржлив развој на жени ЕПЛ ТРИ, како дел од „Низ женски леќи“.
На состанокот присуствуваа координаторката за еднакви можности, г-ѓа Авуше Маца и градоначалникот на општина Чаир г-дин Висар Ганиу, кои дадоа целосна поддршка во текот на целиот проект.
Буџетските иницијативи кои беа поднесени до општина Чаир заедно со анализа на трошоци за нивно имплементирање се следните:
- Евидентирање на малите формални инеформални бизниси водени од жени на територија на општина Чаир.
- Изработка на Програма и мерки за субвенционирање на жените кои сакаат да ги формализираат сопствените бизниси и одржливост на постоечките.
- Основање на Совет на женско претприемништво во Чаир каде ќе се споделуваат искуствата и разрешуваат предизвиците.
- Производите кои што ги изработуваат жените да се пласираат и промовираат на Саем за рачни изработки во општина Чаир.
Проектот “Низ женски леќи” е финансиран од Европската унија, а го спроведуваат Центарот за истражување и креирање политики во соработка со Рурална Коалиција, РАЖМ Лулуди, Новинари за човекови права и Едукативно хуманитарна организација – Ехо.