Jавна дебата на тема „Состојбата на родово одговорното буџетирање во општина Неготино“

Share This Post

Вчера во Општина Неготино ја одржавме јавната дебата на тема„Состојбата на родово одговорното буџетирање во општина Неготино“. Јавната дебата е организирана од нашите проектни партнери Рурална Коалиција во соработка со нашите подгрантисти Ековита кои го имплементираат проектот „Рамноправни и задоволни граѓани“, а во рамки на програмата за подгрантисти на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“.

  • Во програмата за локален економски развој за 2023 година Општина Неготино за прв пат има предвидено средства за едукација и јакнење на свеста кај жените и локалното население за потребата од идентификување на различните потреби кои што ги имаат мажите и жените во општината, но во исто време нивната реализација да биде рефлектирана и во буџетот на општината.
  • На наше огромно задоволство програмирањето на ваквата мерка во локалниот економски развој на општината следи како резултат на соработката која што е воспоставена во рамките на проектот „Рамноправни и задоволни граѓани“ кој што го спроведува здружението Ековита како една од 17-те организации подгрантисти во проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“.

Јавните дебати се организираат во рамки на проектот “Низ Женски Леќи” кој е финансиски поддржан од Европската Унија. Ставовите и гледиштата искажани на дебатите се единствена одговорност на имплементаторите на проектот и во ниеден поглед не ги искажуваат ставовите на Европската Унија.

More To Explore