JАВЕН ПОВИК ЗА УСЛУГИ ЗА ПРЕВОД: Превод на Прирачник Y од англиски на македонски јазик
Наслов на проектот: „Градење на здрави животни навики на младите луѓе“ – II фаза
Цел на проектот
Целта на проектот е позитивно трансформирање на однесувањето кај младите со цел градење толерантни општества и превенција на врсничкото и родово базираното насилство. Кон оваа иницијатива се вклучени локалната власт и локалните граѓански организации кои ќе ги мобилизираат младите на возраст од 14-19 години за утврдување на приоритети и вклучување во креирање локални политики за млади луѓе низ едукативни работилници и кампањи во заедницата.
Целни групи
Момчиња и девојчиња на возраст од 14-19 години
Општини вклучени во проектот
Ѓорче Петров, Гази Баба, Центар (на територија на Скопје), Гостивар, Тетово, Кавадарци, Неготино, Охрид, Штип
Квалификации
- Докажано искуство во професионално преведување слични типови на содржини на Англиски јазик и обратно;
- Искуство во преведување на слични содржини ќе се смета како предност.
Обезбедување квалитет:
Преведувачот/агенцијата е одговорна за обезбедување на точен, јасен и културно сензитивен превод.
Доверливост:
Сите информации содржани во прирачниците се сметаат за доверливи, а од преведувачот/агенцијата се очекува да одржува строга доверливост во текот на целиот процес на преведување.
Плаќањата ќе се вршат по приемот и одобрувањето на конечниот превод
Временска рамка
Преводот на Прирачникот Y се очекува да биде завршен до 01.02.2024 година, со редовно известување за прогресот и можности за повратни информации во текот на процесот.
Понуда
- Понудата треба да вклучува и портфолио на претходната работа и препорака;
- Финансиска понуда треба да биде во МКД (цената треба да биде наведена по страна – со број на карактери, во НЕТО бидејќи проектот е ослободен од ДДВ).
Понудите да се достават на електронска адреса: zmijanac@crpm.org.mk
Краен рок за доставување на понудите: 26 декември, 2023 година, 17:00ч