Јетмир Зиба

Образование: Магистер по право

Работна позиција: Член во Младинскиот Совет на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

 


Искра Коровешовска

Образование: Магистар по комуниколошки науки

Работна позиција: новинар за надворешна политика во дневниот весник „Дневник

 

 


Александар Клашниновски

Образование: Дипломиран правник и Магистер по бизнис администрација

Работна позиција: Менаџер за развој на производи, Леорон Групација

 


Јован Петрески

Образование: Дипломиран политиколог

Работна позиција: Генерален секретаријат на Владата на Република Македонија

Сектор за стратегија,планирање и следење – Одделение за ИПА – Службеник за мониторинг

 


Благој Ѓелевски

Образование: Магистер по Политички Менаџмент

Ко-основач на Тивиус Продукција и Економски Аналитичар во Finance Think

 


Александра Вуковиќ

Образование: Mагистер по европско право

Работна позиција: Секретаријат за европски прашања – координатор на процесот на усогласување на националното законодавство со европското acquis communitaire во областа на Човекови права и заштита на малцинствата

 


Дејан Станков

Образование: Магистер по економски науки од монетарната економија

Работна позиција: Раководител на сектор, Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот

 


Емил Шурков

Образование: Магистер по Јавни политики и човечки развој (Со специјализација во Ризици и Ранливост)

Работна позиција: Истражувач во ЦИКП

 


Даниел Стојановски

Образование: Mагистрант по Европски студии

Работна позиција: Раководител на одделение во Парламентарниот институт, Собрание на Република Македонија

 


Елена Радева

Образование: Докторант по јавна администрација

Работна позиција: невработена

 

 


Даниел Тренчов

Образование: Магистер по менаџмент на човечки ресурси и магистер по меѓународни односи

Работна позиција: Советник за безбедност на НАТО, ЕУ и национални класифицирани информации во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации

 


Душко Бојоски

Образование: Дипломиран инженер по интернационална логистика, Jacobs University Bremen; Дипломиран економист по интернационален менаџмент, Jacobs University Bremen

Работна позиција: Независен консултант

 


Милица В. Петрушевска

Образование: Докторантка по македонистика

Работна позиција: Лекторка по македонски јазик при Универзитетот во Букурешт, Романија

 


Адмир Брава

Образование: Магистрант по Економија, насока Финансиски и Банкарски Менаџмент

Работна позиција: Професор во СУГС „Цветан Димов„, група Економски Предмети

 

 


Светлана Ќосева

Образование: Дипломиран правник; Магистер во областа на римското право и приватноправната традиција; Магистар во областа на миграцијата и интеркултурните односи

Работна позиција: Проектен асистент на проект “Заштита на човековите права на маргинализираните групи во Република Македонија” во Македонското Здружение на Млади Правници

 


Борјан Ѓузелов

Образование: Магистар во областа на европските студии на Универзитетот во Фленсбург, Германија

Работна позиција: Помлад соработник на проекти во Одделението за граѓанското општество и демократизација во Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС)

 


Виктор Илиевски

Образование: Докторант по философија, Централно-европски универзитет, Будимпешта

Работна позиција: Независен преведувач

 

 


Мила Царовска

Образование: Магистрант на јавно здравје при Медицински факултет, Скопје

Работна позиција: Програмски координатор во асоцијацијата за здравствена едукација и истражувања – ХЕРА

 

 


Марија Стевановска

Образование: Дипломиран јавен администратор; Mагистрант по финансиски менаџмент,  Економски факултет, Прилеп

Работна позиција: Истражувач  во невладините организации  „Биосфера“ и  „Цеди“, Битола

 


Николче Тасевски

Образование: Mагистрант по Стратегиски менаџмент, Бизнис Академија Смилевски – Битола

Работна позиција: Менаџер во Македонски Телеком

 


Ана Василева

Образование:  Магистрантка по англиска книжевност

Работна позиција:  Преведувачка и активистка

 

 


Илија Николовски

Образование: Магистер по медиуми и интеркултурна комуникација, Европски универзитет „Виадрина” – Франкфурт, Германија

Работна позиција:  Уредник и водител на шоу програма во живо „Фактор здравје” – 24Вест ТВ

 


Елизабета Божиноска

Образование: Дипломиран социјален работник

Работна позиција: Раководителка на програма, граѓанска организација ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување

 


Ивона Пауновска

Образование: Дипломиран јавен администратор

Работна позиција: Стручен соработник во одделението за контрола на податоци од придонеси за ПИО – Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија

 


Билјана Гиноска

Образование: Магистер по право од областа на финансии и финансово право

Работна позиција: Приправник во КОНДОР БС Скопје

 

 


Офелија Тасевска Крстевски

Образование:  Дипломиран економист

Работна позиција:   Сметководител

 

 


Лура Положани

Образование: Магистер по европски студии

Работна позиција: Консултант

 

 

Коментари од учесници

Учествувањето во Школата за јавни политики Мајка Тереза за мене беше огромен предизвик, и тоа поради три причини Прво, во текот на измината година секогаш бев во тек со сите нови и актуелни случуваеа на локално, регионално и глобално ниво. Исто така, сретнав и запознав исклучителни личности кои беа дел од сите активности. Последно, но не помалку важно, во текот на изминатата година направив огромен напредок и стекнав искуство од сите презентирани информации. Сега сигурен сум дека сум поблизу до мојата следна цел. Сето ова благодарение на тимот на ЦРПМ!

Илија Николовски

 

Школата за јавни политики „Мајка Тереза“ е школа од највисок калибар којашто нуди одлична можност за високо квалификувани учесници да полемизираат, да ги образложат нивните гледишта и да дебатираат на прашања од национален, регионален, европски и глобален карактер. Тоа е идеално место за пробивање на сопствените ограничувања, за развивање на социо-културните знаења и за склопување нови пријателства со луѓе од различни профили. Со други зборови, школата е уникатно образовно и животно искуство коешто го отвора умот, го збогатува духот и ги проширува хоризонтите на учесниците. 

Даниел Тренчов

  

Беше одлично искуство да се биде дел од школата бидејќи ми даде одличен експертски преглед на актуелните настани што се случуваат во нашата држава и нивното влијание во процесот на креирање на јавните политики. Исто така, дискусиите за актуелните прашања, со кои нашите креирачи на јавни политики се обидуваат да се справат во последните 20 години, беа особено корисни бидејќи нивната интенција е критична за иднината на Македонија. За крај, но не и последно, можноста за вмрежување и дебата која што беше овозможена преку школото се едни од најважните работи во кои го вложив моето време особено ако се земе предвид дека во државата нема многу места каде што луѓето кои доаѓаат од различни идеолошки позадини можат да разменат свои мислења на цивилизиран начин.

Александар Клашниновски

 

 

Учеството во школата за јавни политики „Мајка Тереза“ за мене лично е неповторливо искуство и непроценлива привилегија. Благодарејќи на реномираните домашни и странски експерти, проследени со инспиративни предавања, ни овозможи размена на идеи, мислења, искуства, ставови, а водено направија спој на луѓе од сите генерации, лидери во своите области. Организацискиот тим на Школата за јавни политики „ Мајка Тереза“, Центарот за истражување и креирање политики, Советот на Европа и сите предавачи и учесници за време на сесиите и семинарите ни овозможи на сите да размислуваме глобално а да дејствуваме регионално.

Елена Радева

 

Школата за јавни политики Мајка Тереза создава едно големо семејство. Почестена сум што можам да бидам дел од семејството. Преку предавањата и дебатите се добиваат информации за темите кои се опфатени во школата, а пријателствата и соработката со учесниците од школата сметам дека целосно ја остваруваат визијата на школата – лидерство во промоцијата на демократските вредности.

Ивона Пауновска