Повик за учество на Школата за јавни политики Мајка Тереза за генерација 2023/4 година

Share This Post

Во тек е уписот за четиринаесеттата генерација (2023/2024) учесници на Школата за jавни политики “Мајка Тереза”, организирана од Центарот за истражување и креирање политики (www.crpm.org.mk), а поддржана од Советот на Европа.

Потенцијални слушатели/ки на Школата се лица на возраст од 26-45 години, веќе напреднати во својата кариера и интерес за унапредување на демократската култура и креирање успешни јавни политики. Слушателите треба добро го познаваат англискиот јазик, бидејќи дел од предавањата покрај македонски се и на англиски, да се заинтересирани за проширување и продлабочување на знаењата и вештините во врска со развојот на демократската култура. Конкурсот трае се додека не се пополнат местата.

Заинтересираните кандидати/ки потребно е да испратат своја биографија (CV) и мотивациско писмо на daskalovski@crpm.org.mk. Само најдобрите кандидати/ки ќе бидат повикани на интервју. За дополнителни информации за Школата и условите за упис, прочитајте тука или контактирајте нé на 02/ 3109 932.

More To Explore