Софија Арнаудова

Образование:  Доктор по социјална работа и социјална политика

Работна позиција:  Доцент на институтот за социјална работа и социјална политика

 

 


Мартин Печијарески

Образование: Магистар по политички науки – Централно европски универзитет во Будимпешта, Унгарија

Работна позиција: Истражувач во институтот “Прогрес”

 


Кирил Несторовски

Образование: Дипломиран економист, магистeр по меѓународни односи и европски студии – Централно европски универзитет во Будимпешта, Унгарија

Работна позиција: Хабитат Македонија (Habitat for Humanity Macedonia)

 


Младен Караџоски

Образование:  Доктор на науки по јавна администрација

Работна позиција:  Доцент по Европска интеграција, Историја на Европа во XX век и Регионална политика на ЕУ на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи, при универзитетот “Св. Климент Охридски” –  Битола.

 


Иван Денковски

Образование: Дипломиран инженер по електротехника

Работна позиција: Софтверски инженер, публицист, државен репрезентативец во решавање шаховски проблеми.

 

 


Фатма Бајрам Aземовска

Образование: Дипломиран педагог

Работна позиција: Директор на здружението на граѓани “Сумнал”

 

 


Елена Темелковска – Аневска

Образование: Доктор по правни науки

Работна позиција: Доцент на Правниот факултет при Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола, по предметите Меѓународно јавно право и Човекови права

 


Бајрам Цури

Образование: Дипломиран менаџер по осигурување

Работна позиција: Собрание на Република Македонија, вработен во Секторот за Поддршка на Националниот Совет за Евроинтеграции, во одделението за следење на евроинтеграциите и ЕУ ЦЕНТАРОТ

 


Катерина Бојоска

Образование: Магистрант по казнено право и криминологијаРаботна позиција: Вработена во министерството за надворешни работи на Република Македонија, Директорат за билатерални односи со европски држави

 


Александар Цеков

Образование: Магистер по европски прашања – Лунд Универзитет, Шведска

Работна позиција: Проектен координатор – Центар за истражување и креирање политики

 

 


Белма Хаџикамбер

Образование: Магистрант по банкарски менаџмент

Работна позиција: Советник на пратеничката група на ПЕИ и СЛ во собранието на Република Македонија

 


Фатима Салифоска

Образование: Магистер по меѓународни односи и дипломатија

Работна позиција: Претседател на АЕГЕЕ – Скопје

 

 


Љупка Гугучевска

Образование: Магистер по менаџмент со човечки ресурси

Работна позиција: Советник за обуки во државната изборна комисија

 

 


Фросина Денкова

Образование: Доктор по социјална работа и социјална политика

Работна позиција: Вработена во Македонски Телеком (Област за човечки ресурси)

 

 


Шериф Алиу

Образование: Магистер по меѓународни односи и дипломатија

Работна позиција: Mинистерство за надворешни работи на Република Македонија

 

 


Ирена Арнаудовска

Образование: Магистер по деловно право на ЕУ

Работна позиција: Советник во Секретаријатот за законодавство, Влада на Република Македонија

 


Јасмина Ристеска

Образование: Магистер по интердисциплинарни европски студии – Европски колеџ – Натолин, Варшава, Полска

Работна позиција: Соработник во Директоратот за Европска Унија, Министерство за надворешни работи на Република Македонија

 


Никола Паскалов

Образование: Пост дипломски студии на Европската Моцартова Академија во Полска

Работна позиција: Пијанист и професор по пијано /Член на претседателството на синдикатот на музичките уметници на Македонија/ Член на управниот одбор на Сојузот на музички уметници на Македонија


Иван Стефановски

Образование: Магистер по уставно право

Работна позиција: Член на советот за политички систем на СДСМ/ Претседател на надзорен одбор на СДСМ

 

 


Искра Геразова

Образование: Магистер по јавно здравство

Работна позиција: Истражувач во областа на здравството и јавните политики

 

Коментари од учесници

Да се биде вклучен во Школото за јавни политики “Мајка Тереза“ претставува привилегија и можност која никој не треба да ја испушти. Мултикултурна средина каде што млади академски лица од различни области на општеството: Јавни институции; НВО; Владини институции и останати се среќаваат повремено и имаат можност да дискутираат и дебатираат во врска со различни државни политики кои се организирани во многу професионални предавања; говори и презентации испорачани од меѓународни и национални академци, дипломати и останати јавни лица. Дискусиите и анализите кои произлегуваат од страна на предавачите и учесниците може да бидат цврста основа која би можела да влијае врз реформите на државните политики кои водат кон бенефитот на сите граѓани на државата. На крај, пријатната средина предводена од страна на Менаџментот на ЦРПМ креира цврста основа за одлична и долгорочна мрежа на луѓе кои ќе ги запознаете во ова школо. Јас навистина го ценам тоа што Советот на Европа и ЦРПМ ми овозможија да бидам дел од третата генерација.

Шукриана Статовци

УчествотонаШколатазајавниполитики |МајкаТереза|заме не претставува едно извонредно искуство. Можноста да се слушнат инспиративни предавања од реномиранидомашни и странски експерти, како и да се учествува во конструктивни дискусии со нив, претставува огромна чест и задоволство.Од другастрана, дружењето со млади луѓе кои тежнеат да бидат идни лидери во повеќе општествени области во Македонија е вистински благодет.

Иван Стефановски

Една од многуте работи кои ја прават оваа школа толку фасцинантна елудиот интензитетот на активности. Секоја недела се среќавам со другизвонреден предавач, чие предавање обично ме удира како гром, а воисто време ме просветлува како молња. Голема благодарност до тимот нашколата. Со нетрпение го очекувам следното предавање!

Иван Денковски

Школата за јавни политики „Мајка Тереза“ нуди ретка можност за стекнување на нови сознанија од повеќе области, со посебен акцент на креирањето на јавните политики. Школата е совршен спој на различни профили млади интелектуалци, полни со елан и желба за нови знаења и искуства. Учеството на сесиите на Школата претставува една исклучителна прилика, како од аспект на изборот на предавачите и темите кои се обработуваат, така и од аспект на личните контакти, соработката, хармоничните односи, дружењето и размената на ставови и идеи меѓу учесниците. Впечатокот е единствен: задоволство е да се биде дел од Школата, во секоја смисла.

Елена Темелковска – Аневска