Повик за ангажирање фасилитатор: Поддршка при имплементација на механизмот за упатување

Share This Post

Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП  во рамки на проектот: „Guardian Shield: Операционализација на механизмот за упатување за јакнење на отпорност против радикализација и екстремизам во Северна Македонија“, објавува повик за ангажирање на:

 

ФАСИЛИТАТОР

Фасилитаторот ќе ја води координацијата и фасилитирање на работилниците, консултациите и сесиите за обука во рамките на проектот „Одбрамбен штит“, ќе обезбеди ефективно ангажирање и учество на засегнатите страни за време на проектните активности, ќе поттикнува соработка и консензус меѓу различни засегнати страни за поддршка на успешното спроведување на механизмот за упатување. Проектот „Одбрамбен штит“ вклучува вкупно приближно 10-15 работилници и еден настан на национално ниво дизајнирани да обезбедат успешна имплементација и институционализирање на механизмот за упатување.

Апликациите е потребно да се испратат на crpm@crpm.org.mk најдоцна до 31.12.2024 година, до 23:59 (CET) со предмет: “Апликација за фасилитатор за механизмот за упатување”.

 

Сите дополнителни информации можете да ги најдете во следниот документ.

 

More To Explore