Во рамките на проектот „ Развој на систем за управување со органски отпад во производство на грозје и вино во тиквешки регион“ развивме бизнис модел кој обезбедува солидна основа за инвестиции во циркуларна економија во процесот на производство на грозје и вино.
Тука ги споделуваме бизнис идеите кои произлегуваат од овој модел:
Проектот „Развој на систем за управување со органски отпад во производство на грозје и вино во тиквешкиот регион“ се спроведува како дел од програмата за соработка со бизнис секторот develoPPP.de, а се реализира со финансиска поддршка на Сојузното министерство за економска соработка и развој на Германија (BMZ) во партнерство со компаниjата Винарија Бовин, имплементиран преку Германското друштво за интернационална соработка ( ГИЗ) и Центар за истражување и креирање политики (ЦРПМ)