Во рамките на проектот: „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски инициjативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“ од страна на експертки, се изработени два онлајн тренинг модула :
- Првиот тренинг модул ќе е наменет за планирање, организирање и фасцилитирање на форуми во заедницата со вклучена родова перспектива;
- Вториот тренинг модул е наменет за развивање на мониторинг извештај преку употреба на алатки за родово одговорно буџетирање;
Онлајн тренинг модулите ќе идат поставени на е-платформата на GBWN. Онлајн модулите се во должина од 30 страници во WORD.
Со цел употреба и достапност на тренинг модулите во Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Молдавија потребен е превод на содржината на модулите од англиски на следните јазици: македонски, албански, српски/босански/црногорски и романски.
За таа цел се потребни 4 преведувачи од англиски јазик на погоре наведените јазици.
Преводот е потребно да се заврши најдоцна до 15.07.2024.
Понудата треба да се достави до 26.06.2024 година.
За повеќе информации погледнете го следниот документ.