Место: Конференциска сала Воденица-Мулино
Скопје, Македонија
Резиме на дискусиите
Работилници за скриената економија во Македонија одржани на:
27.11.2014 – Справување со нерпијавената работа: Европски и локални искуства
28.11.2014 – Зајакнување на медиумското изестување за скриената економија и корупција: Најнови трендови и европски искуства
На 27-28 ноември 2014 година Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), и Центарот за проучување на демократијата од Бугарија организираа две работилници со цел да го поттикне македонското граѓанско општество и соодветните државни органи да ја следи и да се справи со скриената економија. Првиот ден беше посветен на борбата против непријавената работа во Македонија, како и можностите за искористување на локалното и европското искуство, а фокусот на вториот ден беше насочен кон зајакнување на известувањето на медиумите за теми поврзани со скриениата економија и корупцијата.
Г-ца Ана Мицковска-Ралева, аналитичар во ЦИКП ја отвори работилницата со назначување на сериозноста на проблемот со неформалноста, која влијае не само на економијата, туку и на целото општество. Руслан Стефанов, директор на Економската програма на Центарот за проучување на демократијата (ЦИД) изрази надеж дека соработката помеѓу ЦИКП и ЦИД ќе резултира со доставување на решенија во сверата на јавните политики и до позитивни промени во Македонија, и ќе придонесе за воспоставување на постабилно општество кое функционира во рамките на формалната економија.
Г-дин Младен Фрчковски, советник во Министерството за труд и социјална политика, ги опиша мерките што Министерството за труд и социјална политика (МТСП), Министерството за економија, и државните инспекторати ги спроведуваат во рамките на Акцискиот план за 2012 година за намалување на неформалната економија. Тој истакна дека властите работат на регулирање на сезонската работа и регистрирање на нерегистрираните работници во поризичните сектори како пто се: земјоделството, градежништвото и туризмот. Младите лица се посебно таргетирани со овие мерки. Стотици училишта беа посетени со цел подигнување на свеста и поддршка кон успешна транзиција од образовниот систем кон формално вработување. Истотака царинската контрола врз непријавените добра беше зајакната. Г-дин Фрчковски истакна дека во моментов, поради високата стапка на невработеност, многу лица претпочитаат да работат во неформалниот сектор. Во овој контекст, на неформалната економија, како еден вид на амротизер на економијата во услови на економска крица, не може да биде целосно уништена, но Министерството има за цел да го намали колку што е можно повеќе. Тој посочи дека илјадници бизниси се формализирани, но сепак одржливоста не може да се постигне само преку зголемување на ангажманот на сите органи, но и со градење на култура каде сите вработени се охрабруваат да бидат поактивни во одбраната на своите права. Тој изрази надеж дека економската состојба и спроведувањето на законите и правилата ќе се подобри со процесот на пристапување кон ЕУ.
Д-р Питер Роџерс, професор за стратегија и меѓународен бизнис, школата за менаџмент на Универзитетот во Шефилд, го презентираше Европското искуство во следењето на непријавената работа, која е само една од манифестациите на скриената економија. Тој ги наведе предностите и недостатоците на неформалната економија. Меѓу главните недостатоци тој ги истакна нелојалната конкуренција, неможноста за фирмите и вработените за пристап до капитал и кредити од банките, недостатокот на бенефити за породилно отсуство, боледувања, како и недостаток на стандарди за здравје и безбедност при работа. Тој исто така истакна дека и потрошувачите, во која група спаѓаме сите ние, се засегнати од недостаток на гарантиран квалитет при купување на неформални стоки и услуги, а при кое владата губи од потенцијалните државни приходи а со тоа и сите ние како корисници на јавните добра и услуги. Д-р Роџерс истакна дека постојат разни опции во доменот на јавните политики кои можат да се применат за справување со овој проблем а меѓу кои се: отворено именување во јавноста на оние лица/ентитети кои не платиле даноци, затворски мерки, подобрување на даночниот морал, поедноставување на системот за даночни пријави, подобрување на услугите насочени кон клиентите и амнестии за некои поединци. Во Велика Британија постои добра практика која се користи за да им се воочи на поединците каде и кој начин се користат прибраните даноци за подобрување на јавните услуги кои тие ги добиваат. Д-р Роџерс истакна дека поттикнувачките мерки и мерките кои овозможуваат зголемено почитување на законите би можеле да имаат поголем влијание од превентивните мерки од аспект на зголемени буџетски приходи. Тој истакна дека патот пред кој е исправена Македонија вклучува разбирање на ефективноста на мерките, и како ограничените ресурси да бидат алоцирани ефикасно со цел да се постигнат оптимални резултати.
Руслан Стефанов, директор на Економската програма на Центарот за изучување на демократијата претстави трендовите на непријавената работа Бугарија и искуството на ЦИД во следењето на динамиката на јавните политики преку Индексот на скриена економија на ЦИД. Тој истакна дека развојот на економијата е клучен фактор за намалување на неформалната економија. Пристапувањето на Бугарија во ЕУ обезбеди пристап до грантови за синдикатите и работничките здруженија со цел да се справат со скриената економија и нејзините ефекти. Тој посочи дека трошоците на владата во Бугарија може да се зголемат ако големината на неформалната економија се земе в предвид. Во моментов социјалната сфера, односно здравството и образованието, и понатаму е недоволно финансирана. Тој истакна дека во Бугарија, фокусот е ставен на инспекции на микро-претпријатија и наметнување на санкции и казнени мерки, кои се покажале како ефективни во прибирањето на даноците за акцизни стоки. Почитувањето на овие прописи сепак создава преголем товар врз бизнисите и резултатите се еднократни, тешко одржливи, и премали од аспект на прибрани средства од казни. Во овој поглед г-дин Стефанов се залага за услужно-ориентиран пристап, врз основа на проценка на ризикот, зголемување на задоволството на клиентите, почитување на законите и зголемување на свеста. Тој исто така препорачува диференцијација на мерките кои се применуваат – односно да не се применуваат строги мерки кон поединци или групи кои се учесници во егзистенцијалната економија (задоволување на основните потреби) туку мотивирачки мерки без големи санкционирања треба да се искористат за да се спречи сивата економија. Од друга страна казнени и пазарни мерки треба да се искористат за сузбивање на скриената економија во оној момент кога се забележуваат преминувања или соединувања со криминалната економија. Во однос на второто, г-динот Стефанов истакна дека скриената економија и корупцијата често се комплементарни и се зајакнуваат една со друга. Тој се осврна на резултатите од SELDI Регионалниот анти-корупциски извештај според кој корупцијата е широко распространета и општо прифатена од страна на населението. Како заклучок, тој ја истакна важноста на систематската евалуација на влијанието на мерките. Тој истакна дека луѓето на врвот на политичката моќ треба да водат со пример и воедно да се придржуваат кон повисоки стандарди на почитување на законите и правилата од оние кои се применуваат врз остатокот од популацијата.
Г-дин Емил Шурков, политички аналитичар во ЦИКП направи сумиран преглед на политиките кои се применети во Македонија. Според различни пристапи на мерење на скриената економија во Македонија, таа се движи помеѓу 24% -47% од бруто домашниот приход (БДП). Тој објасни дека периодот на транзиција е окарактеризиран со брз развој на малите и средни претпријатија (МСП) кое доведе до усвојување на низа нови, често спротивставени и недоволно јасни мерки и политики, посебно во рамките на економската законска регулатива. Ова, всушност, доведува до зголемување на скриената економија во земјата. Тој истакна дека помеѓу главните фактори за постоењето на скриената економија се даночното оптоварување и даночниот морал кои се комплементарни и секако високото ниво на невработеност (28,2% во К2 на 2014 година, од кои 54,7% во К1 2014 се младинска невработеност, а 82,1% долгорочна невработеност во 2012 година).
Г-дин Шурков исто така ги презентираше првичните резултати од анализата на податоците добиени со помош на анкетите на бизнисите и населението извршени од страна на ЦИКП а базирана на методологијата за мониторинг на скриената економија на ЦИД. Податоците покажуваат дека 27,3% од Македонците се изјасниле дека придонесите им се плаќаат врз основа на минималната плата, иако нивната вистинска плата е повисока; околу 40% од вработените се делумно или целосно непријавени, а околу половина од работодавците потврдуваат употреба ‘скриени’ клаузули во договорите за работа. Анализата исто така открива дека лицата на возраст од 15 до 34 години како и студентите и лицата кои имаат проблем со подмирувањето на своите сметки имаат поголема веројатност да бидат вклучени и како корисници но и како добавувачи во скриената економија. Тој истакна дека странските директни инвестиции, индиректно можат да помогнат при формализацијата на економијата, како и при подобрувањето на работните практики, работната етика, и животниот стандард.
Г-дин Злате Стојановски, директор на Државната инспекција за труд (ДИТ) на Македонија ги презентираше искуствата и предизвиците на трудовата инспекција во откривање на непријавени работници и за можните решенијa. Тој истакна дека според различни истражувања бројот на неформалните работници се проценува на околу 80.000 – 160.000, но не постојат официјални податоци. Уличните трговци, работници во земјоделството и семејните бизниси најчесто не се пријавуваат како вработени и не ги плаќаат социјалните придонеси. Манифестациите на неформална работ варираат во голем мера и се движат од случаи кадешто се плаќа само здравственото осигурување а се избегнуваат придонесите за пензиско осигурување, до случаи кадешто поради каснења при уплатата на придонесите се губат правата за здравствено осигурување. Г-дин Стојановски истакна дека е честа пракса инспекциите на Инспекторатот за труд да се попречуваат при нивната работа, да им се одбива физички пристап до објеките кадешто се врши дејноста или едноставно работниците да одбиваат да ги достават бараните информации. И покрај воведувањето на разни казни, стапката на откривање на непријавен труд останува на ниско ниво, бидејќи работниците немаат никаков поттик да ги пријават злоупотребите. Тој истакна дека забраните за вршење дејност со траење од еден месец и високите парични казни покажуваат одереден успех во намалуваето на неформалната работа. Но се покажа дека овие мерки имаат негативен ефект и врз формално вработените лица. Од таа причина, во септември 2010 година беа направени измени во законската регулатива на тој начин што се намали висината на казните и се вовоедоа поттикнувачки мерки за премин во формалната економија.
Г-ѓа Даниела Минева, научен соработник во Економската програма на ЦИД, го претстави општиот пристап усвоен во октомври 2014 година за воспоставување на Европска платформа за справување со непријавената работа и ги истакна високите очекувања кои се поврзани со идните активности. Платформата е предвидено да ги соедини напорите на релевантни надлежни органи од земјите-членки на ЕУ со помош на заеднички обуки, рецензии, инспекции, размена на информации и најдобри практики за борба против сите форми на неформалност.
Во текот на дискусијата учесниците се фокусираа кон законските измени од јули 2014 година. Тие ја истакнаа нејасноста на самиот текст а во врска со формирањето на основицата за плаќање на социјалните придонеси и можноста за злоупотреба на доброволната работа како и договорите на дело и авторско право. Учесниците заклучија дека инспекторите во Македонија се малку и слабо платени, што создава голем ризик за појава на корупција и нарушување на инергритетот на инспекторите. Дополнително беше заклучено декаи постои потреба да се поттикнат работодавците да ги развијат своите бизниси и отворат нови работни места.
Г-ѓа Маре Анчева, од Сојузот на синдикатите на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕА), ја појасни улогата на синдикатите во пријавувањето на непријавената работа. Таа истакна дека во последниве години проблемот е во голема мера намален, но и дека не е дефинитивно исчезнат. Случаите на непријавена работа се откриваат многу тешко, бидејќи работниците немаат никакви гаранции, а со тоа и чувство на сигурност, дека нема да бидат отпуштени од работното место во случај да пријават пријават злоупотреба или непочитување на Законот за работни односи. Таа истакна дека неформалноста покрај законодавен е и социјален проблем, и во тој поглед, потпирање само на каммпањи за подигање на свеста не можат да траен и одржлив резултат.
Во текот на вториот ден учесниците дискутираа за случаи и предизвици поврзани со медиумското известување за случаите на скриени економски активности и корупција во Македонија. Г-ѓа Ана Мицковска-Ралева, политички аналитичар во ЦИКП ја претстави анализата на 115 статии објавени на веб-сајтови, медиуми, и разни портали и телевизиски станици во периодот јануари 2011 – јули 2014 година, а кои опфаќаат теми поврзани со неформалната економија. Текстовите се фокусираат главно намерките во доменот на јавните политики или на презентација на резултати кои произлегуваат од разни поврзани анкети. Дополнително, само 6 од 115 беа истражувачки статии. Таа истакна дека темата е покриена многу површно кое во голема мера се должи на проблемите со кои се соочуваат новинарите. Овие пречки вклучуваат: отежната комуникација со институциите, попречување пристап до информации, и генерално избегнување на темата. Во својот заклучок г-ѓа Мицковска-Ралева истакна дека македонските граѓански организации и медиумите треба поблиску да соработуваат со цел продлабочување на анализата и медиумското покривање на темите поврзани со неформалната економија.