Јавна дебата на тема „Родово одговорното буџетирање во образовната програма на општина Шуто Оризари”

Share This Post

Денес во просториите на Општина Шуто Оризари со почеток од 12 часот заедно со нашите подгрантисти од Национален совет за родова рамноправност – НСРР одржавме јавна дебата на тема „Родово одговорното буџетирање во образовната програма на општина Шуто Оризари.
Истражувањето спроведено од нашите подгрантиски во рамки на проектот „Училиште за сите – образовни политики од родова перспектива во Шуто Оризари“ во рамки на програмата за подгрантисти на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост “, ги покажа следниве главни наоди:

  • Учениците во основните училишта на општина Шуто Оризари немаа достапност до ужинка, односно нема можност за купување на ужинка/оброк во самото училиште.
  • Хигиенските услови, особено условите за одржување на менструална хигиена во училиштата се на многу ниско ниво. Родителите сами даваат финансиски средства за купвање на средства за хигиена.
  • Стереотипите и предрасудите се се уште присутни и се наследуваат генерациски. Голем дел од учениците веруваат дека мајките се тие кои треба да се грижат за домот и семејството.

Иако членови на Советот не присуствуваа на јавната дебата, препораките беа споделени, а ќе бидат и дополнително доставени се следниве:

  • Обезбедување бесплатни и лесно достапни средства за одржување на менструална хигиена, со цел овозможување рамноправен пристап до образование на девојчињата.
  • Барање на ребаланс на буџетот и дополнително финансирање на училиштата во општина Шуто Оризари по препорака на граѓанските организации, Управните одбори и Советите на родители на училиштата.
  • Покревање на свеста кај локалното население за можностите и начините на учество во процесите на донесување одлуки на локално ниво.
  • Одржување на обуки за родово сензитивизирање на советниците на Советот на општина Шуто Оризари.

Јавните дебати се организираат во рамки на проектот “Низ Женски Леќи” кој е финансиски поддржан од Европската Унија. Ставовите и гледиштата искажани на дебатите се единствена одговорност на имплементаторите на проектот и во ниеден поглед не ги искажуваат ставовите на Европската Унија.