Вчера (22.06.2022) се одржа големото отворање на проектот СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, којшто се спроведува од страна на Центарот за истражување и креирање политики во соработка со партнерските организации од БиХ – Centar za promociju civilnog društva и Албанија – IDM Albania, финансиски поддржан од Министерство за надворешни работи на Кралството Норвешка во износ од 17 милиони ЕУР.
„Граѓанското општество е еден од партнерите на кои што најмногу му веруваме и за задоволство ве информирам дека денеска го покренуваме нашиот нов механизам за финансирање во наредните четири години, до крајот на 2025 година. Норвешката влада само за оваа програма издвои 17 милиони евра што ја прави една од најголемите програми на Норвешка во регионот. „Добро управување и „безбедност и стабилност“ се истакнуваат како стратешки приоритети на Норвешка во С. Македонија. Да бидеме поконкретни, сакаме да придонесеме кон зајакнување на партиципативната демократија и евроатлантските интеграции преку омоќување на граѓанското општествo за да има посилна и поактивна улогa во создавањето на мирољубиви и инклузивни општества за одржлив развој.“ – истакна Н.Е. Јорн Гјелштад, Амбасадор на Кралството Норвешка во Србија, Црна Гора и С. Македонија
За повеќе информации посетете ја веб страницата https://smartbalkansproject.org/
ENG
Big opening of four-year project SMART Balkans – Civil Society for Shared Society in the Western Balkans which the Center for Research and Policy Making (CRPM) is implementing in cooperation with organizations from BiH – Center for Civil Society Promotion (CPCD) and Albania – Institute for Democracy and Mediation (IDM), financed by Ministry of Foreign Affairs of Kingdom of Norway with 17 million EUR.
“The civil society is one of our most trusted partners, and I am happy to inform you that today we are launching our new financing facility for the next four years, until the end of 2025. The Norwegian Government has set aside 17 million Euros for this programme alone, making it one of the largest programmes of Norway in this region. “Governance” and “Security and Stability” stand out as Norway’s strategic priorities in N. Macedonia. To be more concrete, we want to contribute to strengthening participatory democracies and Euro-Atlantic integration by empowering civil society to play a stronger and more active role in creating peaceful and inclusive societies for sustainable development.“ – H.E. Jorn Gjelstad, Ambassador of Norway in Republic of Serbia, Montenegro and N. Macedonia
For more information please visit: https://smartbalkansproject.org/