Родова анализа на лидерските позиции и општинските програми за 2020/2021 година

Share This Post

Родовата анализа на лидерски позиции и општински програми е спроведена во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“ и имплементиран во 17 општини.

Општините кои беа опфатени со родовата анализа се: Скопски регион: Чаир, Шуто Оризари и Илинден; Полошки регион: Брвеница и Теарце; Вардарски регион: Кавадарци и Неготино; Источен регион: Делчево и Македонска Каменица; Југоисточен регион: Радовиш и Гевгелија; Пелагониски регион: Крушево и Кривогаштани; Југозападен регион: Струга и Вевчани и Североисточен регион: Старо Нагоричане и Липково.