Денес е последниот ден од Светскиот форум за демократија кој се одржува во Стразбур во Советот на Европа на тема: Can Democracy Safe the Environment?
Од последните три дена може да се сумира генерален заклучок дека загриженоста за влијанијата од климатските промени врз човештвото во сите земји, без разлика дали се развиени или се во економски развој е видлива!
Ветувањата се зголемуваат, но се истакна недостатокот од акција!
Генерално, особено во развиените држави, политиките се усогласени и феноменот на климатските промени се препознава и на него се одговара на сите нивоа. Тоа што исто така недостасува е климатската храброст кај политичарите, кои покрај ветувањата за поздрава животна средина, треба да ги обврзат граѓаните да ги сменат своите навики и да започнат да водат нов, одржлив начин на живот.
Нема едноставно глобално решение за балансирање на економскиот развој и искористувањето на природните ресурси. Фер и демократска зелена транзиција е прашање кое повлекува морална дилема која длабоко се поврзува со најголемиот двигател на човештвото-профитот.
Моќниците се на тест, ќе дозволат ли најинтелигентното битие да пресуди за животот на сите битија на оваа планета?!
На сликата се претставниците на ЦИКП Школата за јавни политики “Мајка Тереза” кои зедоа оваа година учество на Светскиот форум за демократија.