Подготвеност од страна на владините институции и невладиниот сектор за побрза интеграција на РМ во ЕУ

Share This Post

Скопје, 01.11.2014

 

Центарот за истражување и креирање политики и Полскиот институт за меѓународни прашања огранизираа јавна расправа околу важноста за соработка помеѓу владините институции и граѓанскиот сектор  во време кога земјата цели кон полноправно членство во ЕУ. Расправата се фокусираше на препораките на македонскиот истражувачки тим поместени во публикацијата „Граѓанското општество за ЕУ интеграциите на Западниот Балкан“ во која се обработуваат теми како што се акциони планови и нивно следење, човековите права, имиграција, независност на судството , корупцијата и граѓанско образование.

 

 

 

Во оваа прилика, Билјана Котевска се осврна на предизвиците во поглед на влијанието на политиките на полето на човековите права, со исклучок на  спорадичните покани за учество во изработка на политики и закони. Државни службеници присутни на дискусијата, изразија  загриженост поради како што рекоа, недостигот од  стручно знаење помеѓу невладините организации за да се даде суштествен придонес во процесот на креирање политики што е главната пречка за соработка. Инаку, говорниците инсистираа на фактот на тоа дека застапување од страна на македонските организации бележи добро бодирање на Индекс на одржливост на НВО-а и е во пораст од 2007 година. 

Од друга страна, Гоце Котевски од Македонското здружение на млади правници  повикаа на поголема транспарентност и соработка на Судскиот совет со граѓанското општество и медиумите, додека пак на темата миграции говореше за важноста од обезбедување на бесплатна правна помош, како и социјална и здравствена заштита на илегалните мигранти во земјава. Неизбежно, динамика на дискусијата и даде појавата на расното профилирање на ромските семејства при напуштање на земјава и дали ова преставува дискриминаторската политика од страна на македонската влада или е дел  од инструкциите кои доаѓаат од ЕУ. 

Говорејќи за спречување на корупцијата, Ќендреса Сулејмани стави акцент на улогата на секоја од институција за санкционирање на коруптивно однесување од рамките на нивните работни организации преку усвојување и спроведување на Етички кодекси, додека пак на тема поврзана со граѓанско образование, таа повика на поблиска ангажираност со студентски здруженија како партнери во спроведувањето на проекттите, а не само како пасивни приматели на нивните активности. Прашањето околу содржината на учебниците за граѓанско образование беше исто така посочено како пример за неефикасноста на наставната програма кон подобрување на граѓанска одговорност и активизам во земјата. 

Оваа плодна дискусија беше заклучена од страна на Томаш Зоранчук – главниот уредник на публикацијата, кој констатираше дека очигледно постои политичка волја за соработка, но и подготвени граѓански организации за тоа, но останува да се утврди начинот на кој оваа соработка ќе биде спроведена.

 

 

More To Explore