Повик за волонтери 29 Oct 2012

Share This Post

Центарот за истражување и креирање политики отвара повик за пријавување на волонтери кои би биле ангажирани за потребите на тековните активности на организацијата во период од два месеци почнувајќи од почетокот на ноември 2012 до јануари 2013.

Во рамки на работните обврски во ЦИКП волонтерите ќе имаат прилика да се стекнат со комуникациски и организациски вештини преку нивната работа на изработка и управување со проекти и настани, комуникација, канцелариско и административно работење и истражување.

 

Предуслов за успешна волонтерска соработка е кандидатите да имаат одлично познавање од англискиот јазик (познавање и на албански ќе се смета за предност), да имаат активно познавање во работа со компјутер (работа на што поголем број програми како и одржување на социјални мрежи ќе се смета за предност) и да се дипломирани/ или при крај на студиите на некој од општествените факултети.

 

Заинтересираните кандидати потребно е да аплицираат на следнава адреса: crpminternship@gmail.com, со испраќање на кратка биографија (CV) и писмо за мотивација најдоцна до 4ти ноември 2012 година. Во вашата кратка биографија задолжително да биде наведен и контакт телефон.

 

Изборот на пријавените ќе биде на 5 ноември по што ќе бидат контактирани само избраните кандидати.

 

ЦИКП не ја исклучува можноста за долгорочна соработка со избраните кандидати и после завршувањето на волонтерскиот период.

 

More To Explore