Во рамките на проектот „Го сакам Скопје зелено“, финансиран од Град Скопје, набавивме пет компостери кои ги поставивме во училишните дворови на СУГС „Никола Карев“, СУГС “Владо Тасевски”-ПТТ, СУГС “Георги Димитров”, СУГС “Кочо Рацин” и СУГС “Лазар Танев” со цел да ги обучиме одговорните професори/ки, како и да ги запознаеме средношколците/ките со процесот на компостирање. Одржавме и обука со д-р. Душко Неделковски од Земјоделскиот Институт при УКИМ за тоа како правилно се компостира.
Во наредниот период, средношколците/ките и професорите/ките од овие училишта ќе вршат селекција на органски отпад и сами ќе прават природен компост, кој потоа ќе го користат како природно ѓубриво во училишните градини. Промовираме еколошко управување со органскиот отпад и заедно се бориме против климатските промени!