СТЕКНУВАЊЕ НА ПРАКТИЧНИ ВЕШТИНИ ЗА КОРИСТЕЊЕ И МЕНАЏИРАЊЕ СО ФОНДОВИТЕ ОД ПРЕДПРИСТАПНИТЕ ФОНДОВИ НА ЕУ

 

Центарот за истражување и креирање политики организира обука за “Градење на капацитети за апсорпција на ИПА фондови”. После успешно реализираната обука која се одржа во месец март, ја најавуваме следната обука која ќе се одржи на 6 и 7 мај 2010, во Скопје. На овие тренинзи учесниците ќе се стекнат со практични знаења и вештини како успешно да подготват апликации за Предпристапните фондови на ЕУ и како да ги менаџираат проектите кои се финансирани од ЕУ.Тренингот се состои од осум модули во кои се содржани најзначајните информации и искуства кои ви се потребни за успешно аплицирање и менаџирање на ЕУ проекти:

Обуката трае два дена, од 6-7 мај, а рокот за пријавување е до 3 мај. Целосната програма на тренингот и нашето тренинг портфолио се достапни на нашата интернет страна www.crpm.org.mk.

Цената за еден учесник е 6000 ден. Попусти за повеќе учесници од една организација се договараат дополнително.

Апликацијата се пополнува on-line на www.crpm.org.mk и на

www.crpmconsulting.com.mk

Повеќе информации за оваа обука може да најдете во текстот подолу или на некоја од наведените интернет страни.

Форми и процедури за аплицирање

Организација и пишување на предлог проекти

Успешно дефинирање на цели и методологија

Дефинирање на активности и план за спроведување

Логичка рамка, ризици и остварени резултати

Работа во PADOR

Имплементација

Финансиски менаџмент и контрола

Обука за “Градење на капацитети ИНФО

Економскиот просперитет и стабилноста се едни од главните цели на Европската Унија. Како главен иснтрумент за постигнување на овие цели се сметаат Претпристапните фондови на Европската Унија. За земјите кандидатки за членство овие фондови се главната алатка со која што ЕУ го подржува развојот на демократските вредности во земјите, социјалната кохезија и економскиот развој. Оттука, ефективното и ефикасно искористување на овие фондови е од огромно значење за земјите аспиранти за членство во Европската Унија.

Успешното користење на ЕУ фондовите е условено со имање на соодветни механизми и знаења за планирање, менаџирање и имплементирање на средствата од овие фондови. Од нашето досегашно искуство во работењето со ЕУ како и со други видови на фондови и фондации, утврдивме дека создавањето на капацитети за апсорпција на овие фондови е од суштинско значење, како во пред-пристапниот така и во пост-пристапниот период.

Со цел да ги подобриме капацитетите за работа со овие фондови на земјите кои претендираат да бидат дел од ЕУ, Центарот за истражување и креирање политики дизајнираше детален и сеопфатен, интензивен тренинг курс во време траење од еден ден и пол. Курсот нуди теоретски и практични знаења кои се применливи во најразлични организации и е наменет за владини и службеници во локалната самоуправа, приватни претприемачи, универзитети, невладини огранизации и сл. По завршувањето на курсот учесниците ќе можат во пракса да ги применат стекнатите знаења и вештини за аплицирање и работење со ЕУ фондови.

Пред секоја тренинг сесија, стручниот тим на тренери од Центарот за истражување и креирање политки, ќе изврши проценка на учесниците и ќе понуди најсоодветни модули врз основа на нивните моментални знаења со цел на учесниците да им се доближи проблематиката на најблизок и најлесен начин за нив. Подолу во текстот е накратко даден генерален преглед на програмата и најважните полиња кои ќе бидат опфатени преку овој курс.

 

МОДУЛ 1: ПРЕДПРИСТАПНИ ФОНДОВИ НА ЕУ, КОНЦЕПТИ И КОНТЕКСТ

Овој модул дава преглед на основите на ЕУ, од аспект на историскиот развој како и современиот контекст на предпристапните фондови, концепти и терминологија. Има за цел да ги запознае учесниците на тренингот со основните структури на ИПА, апликационата форма и процедурата за аплицирање.

 

МОДУЛ 2: ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПИШУВАЊЕТО ПРОЕКТИ

Целта на овој модул е на учесниците да им се дадат насоки за организација на пишувањето проекти, што да вклучат и кои документи да ги подготват. Исто така ќе им даде основа за развивање вештини за планирање на проекти. На крајот на сесијата, учесниците ќе стекнат знаења за тоа како да ги вклучат членовите на тимот во различни фази на пишување на проектот. Дополнително, ќе им биде дадена листа за проверка на сите документи кои се потребни за да се пополни формуларот за апликација.

 

МОДУЛ 3: ДЕФИНИРАЊЕ НА ЦЕЛИТЕ, ОЧЕКУВАНИТЕ РЕЗУЛТАТИ И АКТИВНОСТИТЕ

Овој модул претставува вовед во основите на подготовката на проекти. Има за цел да им овозможи на учесниците да ги употребат техниките како: проектен циклус, поставување на цели и дефинирање активности. Во зависност од барањата на институцијата, сесијата ја развива свесноста на учесниците за потенцијалните ризици и на различните видови програми, мерки и проекти, и ги оспособува за опишување на ризикот и справување со ризикот во контекст на предпристапните фондови. На крајот на сесијата, учесниците ќе можат да ја дефинираат генералната цел на нивниот проект, да развијат соодветни очекувани резултати и активности.

 

МОДУЛ 4: ДЕФИНИРАЊЕ НА ПРОЕКТНАТА МЕТОДОЛОГИЈА

Модулот ќе ги запознае учесниците со принципите на развивање проектна методологија и нејзино приспособување во зависност од поставените цели и одредените ризици. Сесијата вклучува и дел за мониторинг и евалуација на проектот, како интегрален дел на проектната методологија. Модулот исто така има за цел да ги оспособи одговорните за дизајнирање на проектот да ги разберат принципите на cost-benefit анализата (кога се употребува и како да се толкува)

 

МОДУЛ 5: РАЗВИВАЊЕ НА ВРЕМЕНСКА РАМКА И ЛОГИЧКА РАМКА

Овој модул ги вклучува принципите на развивање на временска и логичка рамка на проектот, преку користење на претходно стекнатите знаења и вештини. Конкретната цел е развивање на вештини за менаџмент на време и стратешко планирање. Ќе им овозможи на учесниците да изработат листа на краткорочни, среднорочни и долгорочни влијанија на проектот. На крајот на модулот, учесниците ќе можат да состават логичка рамка за својот проект.

 

МОДУЛ 6: РАБОТА ВО ПАДОР

Овој модул дава основни насоки за разбирање на ПАДОР системот за регистрација преку интернет на потенцијалните апликанти за ЕУ фондови. Фокусот во овој дел е ставен на : како да се добие ECAS корисничко име и лозинка; како да се ставаат (upload) документи на ПАДОР; како и кога да се ставаат (upload) податоци во ПАДОР.

 

МОДУЛ 7: ПРАКТИЧНИ СОВЕТИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТНА АПЛИКАЦИЈА И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ

Овој модул дава практични совети како да се препознаат и вградат ефикасни стратегии кои ги промовираат политиките и приоритетите на кои се однесуваат ЕУ програмите и проектите, во периодот пред/за време на процесот на аплицирање, како и во процесот на имплементација. Ова е практична подготовка на учесниците на тренингот како и кои успешни стратегии и елементи да ги вградат во проектната апликација успешно да ја поминат евалуацијата на ЕУ и да добијат грант од една страна, а од друга страна како по добивање на проектот успешно да го имплементираат.

 

МОДУЛ 8: ФИНАНСИСКО МЕНАЏИРАЊЕ И КОНТРОЛА

Главната цел на овој дел од обуката е да ги обучи учесниците за финансиското управување и контрола. На овој начин учесниците ќе добијат јасна слика за финансиските процедури и формулари, ревизиски извештаи, кофинансирање и процесот на контрола.

 

Јазик

Работен јазик на обуките е македонскиот. Од учесниците се очекува добро познавање на работниот јазик на тренингот. Доколку 5 од учесниците имаат потреба од превод на друг регионален јазик, преводот ќе биде обезбеден.

Локација

Тренингот се одржува во Скопје.

Трошоци

Цената на тренингот во времетраење од ден и пол е 6 000 ден. Со ова се покрива цената на тренингот, тренинг материјалите, ручек и кафе паузи. Целосната сума треба да биде уплатена најкасно до 5 мај 2010. Доколку не се изврши уплата до оваа дата (5 мај) пријавените го губат правото на учество на обуките. ЦИКП Консалтинг има право да издава фактури на индивидуалци и владини агенции. Едиствено банкарски уплати се прифатливи. Избраните апликанти ќе бидат дополнително контактирани и известени за деталите за плаќање.

Транспортните трошоци, трошоците за сместување и храна (освен ручекот обезбеден за време на тренингот) не се вклучени во цената.

Попусти

Доколку од една организација учествуваат повеќе од два претставници, ЦИКП Консалтинг дава попуст од 10% од цената на тренингот. Ве молиме, навреме да не известите за пријавување на третиот учесник за да го земеме во предвид попустот во цената.

Доколку сте заинтересирани да аплицирате пополнете ги апликациите кои се достапни on-line на: www.crpm.org.mk и на www.crpmconsulting.com.mk.

 

За повеќе информации обратете се на следниве контакти:

Ана Мицковска- Ралева

ЦИКП Консалтинг

Ул. Цицо Поповиќ бр.6-2/9, 1000 Скопје

Download in PDF format: ОБУКИ2

Тел/ факс: 02/ 3109 932

e-mail: mickovska@crpm.org.mk