ПРЕПОРАКАТА ОСТАНУВА, РАСТЕ ПРИТИСОКОТ ЗА ИМЕТО
Откако во јавноста се отвори дебата за тоа дали препораката за почеток на преговорите останува или не, аналитичарите велат дека за тоа не треба да има дилеми, но дека треба да се сработи она што го истакнаа Филе од Брисел и Ештон од Скопје, односно да се работи на решавање на разликите за името и на расчистување на настаните од 24 декември
Реакции по извештајот на ек
За Република Македонија комисијата заклучи дека земјата продолжува доволно да ги исполнува политичките критериуми за членство во Европската Унија и предлага почнување на пристапните преговори. Оваа реченица, која беше дел од извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава објавен лани во октомври, а недостига во завчерашниот извештај, внесе забуна во македонската јавност, во која се поведе дебата дали препораката за преговори останува или не… (More…)