21 ноември 2016
*
Оваа кампања најверојатно ќе биде понегативна од претходните и нема да
се бираат зборови за да се оцрни противникот, велат аналитичарите на
стартот на кампањата која започнува денеска, а завршува на 9 декември.
Тие очекуваат ВМРО- ДПМНЕ да ги презентира успесите од неговото
владеење, а СДСМ да критикува дека ништо не е добро во државата.
Албанските партии ќе си контрираат околу тоа кој колку се грижи за
правата на Албанците. А, на овие избори, освен албанските партии, на
гласовите на албанското гласачко тело се надева и СДСМ со ветување за
двојазичност и повеќе права за Албанците…..