Центарот за истражување и креирање политики во рамки на проектот „Мрежа за родово одговорно буџетирање во Западен Балкан и Република Молдавија“ објавува повик за ангажирање надворешен соработник – графички дизајнер/ка.
Графичкиот диајнер/ка ќе биде задолжена за изработка на графички иновативни и привлечни графички решенија за newsletters, инфографици, брошури, анализи, слики за социјални медиуми, GIF-ови, студии и останат вид промотивен материјал за потребите на проектот.
За горенаведената позиција, потребни се следниве квалификации:
- Минимум 3 до 4 години претходно искуство
- Креативност
- Високо познавање на Adobe Photoshop, Adobe Illustrator
- Одлично познавање на англиски јазик
- Активно познавање на глобалните трендови во областа на дизајн и адвертајзинг
- Флексибилност и подготвеност за работа со кратки рокови
- Висок степен на одговорност
- Целосна посветеност на работата
- Комуникативност
- Тимска работа
- Професионалност
- Желба за учење и надградување на знаењето
Договорот за соработка ќе биде за период од 21 месец, а се очекува да бидат изготвени околу:
- 3 регионални студии од по 45 стр.
- 3 т.н. knowledge products
- 15 инфографици
- 15 GIF-ови
- 18 слики за социјални медиуми
- 12 newsletters
Заинтересираните кандидати да достават кратка биографија и понуда со цена на gbwn@crpm.org.mk најдоцна до 20.11.2020.
За дополнителни прашања, стоиме на располагање преку горенаведена е-пошта.