Чест ни е да ве поканиме на министерската онлајн дебата „Предизвици за родовата рамноправност при донесувањето одлуки“ со која ќе ја затвориме кампањата „Месец на родова рамноправност во донесувањето одлуки“.
Земајќи ги предвид мерките за превенирање на ширењето на Ковид-19 дебатата ќе се одржи на 08.04.2021, од 10:00 до 12:00 часот, на платформата Zoom.
Ве молиме за присуство на дебатата да се регистрирате на следниот линк:
Говорници на дебатата ќе бидат:
Дејвид Гир, амбасадор и шеф на Делегацијата на ЕУ во С. Македонија
Радмила Шекеринска, министерка за одбрана
Јагода Шахпаска, министерка за труд и социјална политика
Мила Царовска, министерка за образование и наука
Ирена Стефоска, министерка за култура
Горан Милевски, министер за локална самоуправа
Цел на дебатата е да допринесе кон интернализација на предизвиците за постигнување на целосна родовата еднаквост на лидерските позиции на национално и локално ниво, вклучително и преку предизвикување на родово стереотипните позиции во специфични области во јавните институции и истовремено да ја зголеми вклученоста на жените во политичкото донесување одлуки.
Кампањата „Месец на родова рамноправност во донесувањето одлуки“ се одвива во периодот 08.03.-08.04.2021 во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“ финансиран од Европската Унија и имплементиран во 17 општини.
Проектни партнери кои го имплементираат проектот се: Центар за истражување и креирање политики, Новинари за човекови права, Рурална коалиција, Ромска Асоцијација за жени и млади ,,Лулуди” и ЕХО-Штип.
Оваа дебата е организирана со финансиска поддршка на Европската унија. Ставовите и мислењата изнесени во дебатата се единствена одговорност на имплементаторите на проектот и говорниците на дебатата и на никаков начин не ги изразуваат гледиштата на Европската унија.