Минатата недела одржавме менторски сесии на нашите колешки од Скај Плус Струмица за реплицирање на нивниот успешен модел на воспоставување, менаџирање и одржување на шелтер центар за жени жртви на родово базирано насилство.
Во изминатиот период работевме на мапирање на шелтер центрите во Македонија, направивме проценка на потребите на локалните граѓански организации за воспоставување на шелтер центар во Полошкиот и Југозападниот регион. Врз база на овие истражувања изработивме и модел за развој на шелтер центар како и тренинг програма, која Скај Плус ќе ја спроведат.
Менторската поддршка се одвива благодарение на канцеларијата на UNFPA North Macedonia со финансиска поддршка на British Embassy Skopje.