Погледнете ги потребите на македонските жени фармери и фармери за закрепнување од кризата која настана како последица од појавата на новиот вирус. Најновиот инфографик сликовито прикажува повеќе препораки и брзи идеи за надминување на кризата и овозможување помош и поддршка за индивидуалниот земјоделец.
Повеќе информации и податоци за состојбите можете да најдете во нашата студија на политики насловена „Влијанието на ковид-19 врз земјоделството, вклучувајќи и родова анализа“, која ја подготвивме во соработка со National Federation of farmers – NFF.