Зајакнување на регионалната соработка, стабилноста и добрососедските односи во време на војна

Share This Post

Во организација на Школата за јавни политики “Мајка Тереза” и Konrad-Adenauer-Stiftung Skopje се одржа настанот “Зајакнување на регионалната соработка, стабилноста и добрососедските односи во време на војна”, во периодот од 25-27 октомври 2023 година.

Свои поздравни обраќања имаа Даниел Браун, претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, Ото Граф, заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија во Македонија, Жидас Даскаловски, директор на Школата за јавни политики “Мајка Тереза” и Иван Начев, директор на Школата за политики “Димитар Паница” од Софија.

Настанот имаше за цел да овозможи дискусија на теми поврзани со европеизација, помирување, европски вредности, мултикултурализам, лажни вести, а на истиот земаа учество академски претставници од Македонија и Бугарија.