Дневник 05.06.2013

Share This Post

ИСТОРИСКА ШАНСА ЗА НОВА ЕРА МЕЃУ ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ

Важно е да се смени перцепцијата за двете партии како „крвни непријатели“ и да се отвори ера на соработка меѓу нив, сеедно што тие се натпреваруваат во трката за власт. Таквиот развој на односите може да донесе и нов квалитет во државата

Средбата меѓу премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и новиот претседател на СДСМ Зоран Заев не треба да биде инстант-состанок и пиење кафе од куртоазија, туку конструктивен разговор од кој ќе произлезат клучни пораки, но и одговори на прашањата што ги засегаат сите граѓани. Позитивен чекор што заслужува поздрав е ракувањето Груевски-Заев што денеска треба да следува откако премиерот му го честиташе изборот на Заев за претседател на социјалдемократите, а тој без двоумење ја прифати понудата за средба. Политичките аналитичари што ги консултиравме се позитивно изненадени од иницијативата за која велат дека е неопходна за земјата од многу аспекти, затоа што дијалогот и соработката меѓу позицијата и опозицијата се од исклучителна политичка важност. Тоа што е битно е и да се смени перцепцијата за двете партии како „крвни непријатели“ и да се отвори ера на соработка меѓу нив, сеедно што тие се натпреваруваат во трката за власт. Таквиот развој на односи може да донесе и нов квалитет во државата. Фактички, еден поинаков однос меѓу двајцата лидери може да значи и дека од утре би живееле во нова, сосема поинаква Македонија…(More…)

 

More To Explore