ДЕСНИЦАТА ВО ПОРАСТ ВО ЕУ, БАЛКАНОТ ПОД ВЛИЈАНИЕ НА САД

Share This Post

Ќе стане ли европарламентот антиевропски?

Земјите-членки на Европската Унија ги очекува интересна пролет. Изборите за Европскиот парламент што треба да се одржат во мај силно се актуализираа уште отсега, речиси половина година пред да се одржат. Причината поради која европските медиуми пишуваат за повторување на состојбите од триесеттите години од минатиот век е спогодбата за формирање нова групација во пресрет на изборите, која минатата недела ја потпишаа Марин Ле Пен од Францускиот национален фронт и Герт Вилдерс од холандската Партија на слободата.

Здружувањето на овие две европски крајно десничарски партии го вклучи алармот и ја загрижи јавноста во Унијата поради тоа што тие би можеле да формираат група во новиот Европски парламент, а ако освојат 25 места во седум земји-членки би добиле и пристап до значителни пари. Од друга страна, се оценува и дека тие ќе имаат влијание врз националните политики на континентот бидејќи главните партии уплашени од евентуалниот успех на екстремистите би можело да почнат да флертуваат со поостри мерки против имиграцијата…(More…)

 

More To Explore