Во рамки на проектот СМАРТ Балкан се организира втора Национална конференција, која ќе се одржи на 08 јуни 2023 во х. Александар Палас, со почеток во 09:30 часот.
Фокусот на панел дискусијата на годинашнава конференција ќе биде на управување со кризи и јакнење на локалните капицитети за спречување на насилство и насилен ектремизам.
Конференцијата претставува одлична можност за дискусија на актуелни теми и вмрежување на граѓанските организации, а ќе бидат споделени и информации за претстојниот повик за регионални грантови. На конференцијата ќе бидат потпишани и договорите со добитниците на грантови од грантовата линија – Национални интервенции.
Настанот ќе биде од хибриден карактер, бројот на учесниците со физичко пристуство е ограничен. Ве замолуваме навремено да се регистрирате на линкот во продолжение и да го одберете начинот на кој што сакате да го следите настанот (физичко присуство/онлајн).
СМАРТ Балкан проектот, финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, го спроведува конзорциумот на организации: Centar za promociju civilnog drustva (CPCD) од Босна и Херцеговина, во партнерство со Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Северна Македонија и Институтот за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија.