Тимот на ЦИКП, Ирена Николовска, Билјана Матевска и Александар Цеков учествуваа на визионерските работилници – Зелена економија и зелени работни места, Јавни институции и Образование и наука кои се дел од активностите за подготовка на Националната стратегија за развој на РСМ 2022-2042, каде ги изнесовме нашите предлози и препораки:
- Професионални, ефикасни, отворени, дигитализирани и некорумпирани јавни институции за одржлив развој;
- Разбирање и воведување на нова економска парадигма, од линеарна кон циркуларна економија;
- Инвестирање во наука и истражување со зголемување од најмалку 0,5% од БДП на годишно ниво, секоја година последователно;
- Партиципативно и инклузивно креирање развојни и реални политики на сите нивоа кои го промовираат принципот на меѓусекторска и институционална соработка.