Буџетски иницијативи во општина Радовиш

Share This Post

Буџетски иницијативи/активности кои беа приоритизирани од граѓаните, а општина Радовиш ги вклучи во годишните програми и буџет за 2022 година.
Во месец јуни 2021 во Општина Радовиш спроведовме форум во заедницата на кои учествуваа 38 жени и 11 мажи во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“.
Целта на форумите беше вклучување на граѓаните, особено жените и маргинализираните заедници, преку идентификување на локалните проблеми и решенија во креирањето на годишните програми и буџетот на општина Радовиш за 2022 година.
Во продолжение ви ги претставуваме нашите подгрантисти од Асоцијација за унапредување на статусот на жената во Македонија Женска акција – Радовиш кои во рамки на проектот „Низ женски леќи“ финансиран од Европската Унијаќе го спроведат проектот „Јас и мојата одговорна општина“. Минатата недела остваривме средба со заменик координаторката за еднакви можности на Општина Радовиш.
Целта на проектот е унапредување на третманот на родовите прашања во програмското и буџетско планирање на локално ниво преку примена на застапувачки акции од локални женски организации за воведување и финансирање на мерки соодветни на приоритетите на жените од локалната заедница.
Преку активно следење на работата на општинската администрација и членовите на Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Радовиш, а со поддршка од координаторката за еднакви можности, подгрантистите ќе изработат мониторинг извештај користејќи алатки за родово одговорно буџетирање.

More To Explore