Буџетски иницијативи во општина Неготино

Share This Post

Буџетски иницијативи/активности кои беа приоритизирани од граѓаните, а општина Неготино ги вклучи во годишните програми и буџет за 2022 година.
Во месец мај 2021 во Општина Неготино спроведовме форум во заедницата на кои учествуваа 63 жени и 13 мажи во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“.
Целта на форумите беше вклучување на граѓаните, особено жените и маргинализираните заедници, преку идентификување на локалните проблеми и решенија во креирањето на годишните програми и буџетот на општина Неготино за 2022 година.
Запознајте ги нашите подгрантисти од Здружение на граѓани ЕКОВИТА Неготино Ekovita Ngo кои во рамки на проектот „Низ женски леќи“ финансиран од Европската Унија ќе го спроведат проектот „Рамноправни и задоволни граѓани“. Минатата недела остваривме средба со координаторката за еднакви можности и членките на Комисија за еднакви можности при совет на Општина Неготино.

Целта на проектот е да се идентификуваат сите проблеми, пречки на граѓаните во Вардарскиот регион кои доведуваат до иселување на младите од заедницата.
Преку активно следење на работата на општинската администрација и членовите на Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Неготино, а со поддршка од координаторката за еднакви можности, подгрантистите ќе изработат мониторинг извештај користејќи алатки за родово одговорно буџетирање.

More To Explore