БОЈКОТОТ ТЕШКО ДА УСПЕЕ, НО ЌЕ ФРЛИ ДАМКА ВРЗ НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ

Share This Post

По веќе познатата опција за предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, сѐ почесто се споменува и идејата за бојкот од Албанците поради неприфаќањето на барањето на ДУИ за консензуален кандидат. Само македонските гласачи ако се мотивирани може да го исполнат цензусот од 40 отсто, но се оценува дека така избраниот шеф на државата би немал легитимитет
МОЖНИ СЦЕНАРИЈА ОД НЕГЛАСАЊЕ НА АЛБАНЦИТЕ
Ако ДУИ и дел невладин сектор одлучат да ги повикаат Албанците да ги бојкотираат претседателските избори тие ќе може да бидат успешни и без нивното учество, но во прашање ќе биде доведен легитимитетот на новиот шеф на државата а и опстојувањето на владината коалиција.

Вакви се заклучоците на дел аналитичари по ставањето и на оваа опција на маса како можен исход до кој се дојде поради инсистирањето на ДУИ на консензуален кандидат и одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ да го прифати тоа нивно барање. Имено, прво во јавноста излезе лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој рече дека поради неможноста со владиниот партнер ВМРО-ДПМНЕ да се договори за консензуален кандидат за претседател можни се пет опции, меѓу кои се споменаа бојкот и предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Наскоро потоа излезе и невладината организација „Разбуди се“, која јасно побара од Албанците да ги бојкотираат претседателските избори. Покрај тоа што ги повикаа гласачите од таа етничка припадност да не учествуваат на претседателските избори, побараа и другите организации, ИВЗ и медиумите на албански јазик заедно да работеле во оневозможувањето на избор на претседател што би бил неприфатлив за Албанците…

More To Explore