Јавна дебата на тема „Со гласот на жените до родово одговорни локални политики“

Share This Post

Заедно со нашите проектни партнерки од РАЖМ „Лулуди“ и нашите подгрантистки КХАМ Делчево одржавме јавна дебата на тема „Со гласот на жените до родово одговорни локални политики“ во просториите на мултикултурниот центар на Општина Делчево.

На дебатата претставничките на локалната граѓанска организација КХАМ ги презентираа потребите и проблемите со кои се соочуваат граѓаните односно жените од општина Делчево како и дел од наодите од истражувањето и анализата на Програмата за социјална заштита на општина Делчево.
Ова се дел од наодите:

  • Програмата за социјална заштита на општина Делчево е оценета како родово сензитивна, но во останатите програми се уште не се вклучува родовата перспектива.
  • Постои потреба од родово сензитивизирање на општинската администрација како и членовите на Советот на општина Делчево.
  • Проблемот со јавен и меѓуградски превоз во општина Делчево е се уште актуелен и без предвидено решение во новите програми на општината. Ова е особено проблем за жените кои во значително помал број управуваат со возила.
  • Месните заедници се нефункционални поради немањето простории за собири на граѓаните, но и недостигот на финансиски надомсет за претседателите на месните заедници. Во општина Делчево нема ниту една жена претседателка на месна заедница.

Јавните дебати се организираат во рамки на проектот “Низ Женски Леќи” кој е финансиски поддржан од Европската Унија. Ставовите и гледиштата искажани на дебатите се единствена одговорност на имплементаторите на проектот и во ниеден поглед не ги искажуваат ставовите на Европската Унија.

 

More To Explore

Activities

Call for Mentors | GBWN

Gender Budget Watchdog Network is looking for 5 mentors to guide and support