Повик за прибирање понуди за работен ангажман

Share This Post

Центарот за истражување и креирање политики во рамки на својот проект „Модели за родово учество во креирање политики на локално ниво“ , финансиран од UNWOMEN објавува повик за работен ангажман:

 МОДЕРАТОР НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ И КОМУНИКАЦИИ (1 ИЗВРШИТЕЛ)

 Опис на работни задачи

 1. Информации за проектот

1.2. Цели, намери и очекувани резултати

1.2.1. Општа цел на проектот

Општата цел на проектот е да изврши проценка на партиципативните процеси на локално ниво и да ги идентификува потенцијалните можности за зголемување на учеството на жените во локалното планирање, донесување одлуки, буџетирање и унапредување на родовата еднаквост.

1.2.2. Специфична цел на проектот

Специфичната цел во овој договор е развивање на модели на интернет алатки за јавни консултации со граѓаните со посебен фокус на вклучување на жените и останатите маргинализирани групи во консултативните процеси и процесите на креирање политики и донесување на одлуки на локално ниво.

1.2.3. Задачи за извршителот

Од извршителот во рамки на овој договор се очекува испорачување на следниве резултати во поглед на интернет алатките за јавни консултации на локално ниво со посебен фокус на вклучување на жените и останатите маргинализирани групи во консултативни процеси и процеси на креирање политики и донесување на одлуки на локално ниво:

Вебинар

  • учество во развивање на модел на вебинар;
  • учество во развивање на содржинскиот дел на вебинарот (програма и модули за обуки) во согласност
  • учество во обуката за граѓаните со посебен фокус на жените во таргетираните општини во рамки на проектот;
  • анализа на учеството во вебинарот во однос на пол, возраст, образование, етничка припадност, социјален статус, место на живеење итн.
  • Изготвување и доставување на наративни извештаи

 

Модерирање на дискусии на социјални мрежи (Фејсбук, Твитер итн.)

  • Развивање и промовирање на теми за дискусија на социјалните мрежи во таргетираните општини во рамки на проектот од интерес на граѓаните ;
  • Темите треба да бидат актуелни, релевантни и да се засновани на некои од следниве документи: годишната програма на општината, буџетот на општината, деталните урбанистички планови на општината; Локалните акциски планови на општината; Стратегијата за енергетска ефикасност на општината како и Локалниот Акциски план за еднакви можности за жени и мажи.
  • Промовирање на алатките за јавна дискусија преку социјалните мрежи во таргетираните општини , со особен акцент на поттикнување на жените за користење на овие алатки;
  • Модерирање на дискусијата согласно целите на проектот опишани во 2.1. и 2.2.
  • Анализа на учеството во дискусиите во однос на пол, возраст, образование, етничка припадност, социјален статус, место на живеење итн
  • Комуникација со тимот на ЦИКП, општинската администрација и граѓаните
  • Изготвување и доставување на наративни извештаи до тимот на ЦИКП


Обезбедување на поддршка (техничка и останата) на општините кои што немаат (или не изразиле интерес да отворат до сега) профили на социјалните мрежи и нивно како и модерирање на дискусијата на истите, во насока на постигнување на целите на истите.

 

2. Делокруг на работата

2.1. Општи услови

2.1.1 Нарачателот ќе обезбеди поддршка за извршување на целите и задачите опишани во 2.1.,2.2. и 2.3. во поглед на логистика, информации, анализи и насоки.

2.1.2. Опфатени општини со проектот

Општините кои што ќе бидат опфатени со овој проект, и каде што интернет алатките за јавни консултации ќе бидат користени се:

– Аеродром

– Битола

– Боговиње

– Ѓорче Петров

– Маврово и Ростуше

– Свети Николе

– Штип

– Струмица

– Тетово

– Град Скопје

 

2.1.3. Целни групи

Цени групи кои што треба да бидат опфатени се граѓаните од наведените општини во 3.1.2. со посебен акцент на жените и останатите маргинализирани групи; општинската администрација, телата во општината (Совет, Комисија за еднакви можности, Комисија за заштита на потрошувачите, Комисија за односи помеѓу заедницата итн)

2.2. Отпочнување на задачите

2.2.1 Почетокот на исполнување на задачите е 20.06.2016 год.

2.2.2. Времетраење на обврските на извршителот е 2 (два) месеци од потпишување на договорот.

3. Потребни вештини и квалификации за извршителот

3.1. Модератор на социјални мрежи и комуникации / 1 (еден) извршител

Потребени вештини:

·       Искуство во работа со социјални мрежи (фејсбук, твитер итн)

 

·       Искуство со модерирање на дискусии

 

За предност ќе се смета:

 

·       Познавање на начинот на функционирање на локалната самоуправа во Република Македонија

 

·       Познавање на процесот на креирање политики на локално ниво

 

·       Искуство со родови прашања

 

Потребни квалификации:

 

·       Завршено високо образование

 

·       Солидно познавање на англискиот јазик (најмалку Б2 според европски тест за самоевалуација)

 

4. Процедура за аплицирање

4.1. Потребни документи за аплицирање:

 

– Кратка биографија (CV)

 

– Писмо со намери (со вклучен технички предлог и методологија)

 

– Финансиска понуда од страна на апликантот

 

Заинтересираните кандидати да ги достават потребните документи наведени во 4.1. во електронска форма најдоцна до 12.06.2016 (Недела) до 20.00 ч. на crpm@crpm.org.mk со назнака – АПЛИКАЦИЈА за Модератор/ка на социјални мрежи и комуникации.

   

Непотполните и нецелосните апликации, како и апликациите доставени после наведениот краен рок нема да бидат земени предвид.

  

Повик за прибирање понуди за работен ангажман:

 

More To Explore