Неформална мрежа на невладини организации кои подготвуваат извештаи од родова перспектива за планирањето и трошењето на јавните пари во општините: Аеродром, Битола, Боговиње, Ѓорче Петров, Маврово Ростуше, Свети Николе, Скопје, Струмица, Тетово, Штип
Краен рок за поднесување на апликациите е 5 Септември 2016 година
Чувар(к)и на јавно ќесе за родово одговорен буџет
1. Цели и опис
Чувар(к)и на јавно ќесе за родово одговорен буџет е активност која се спроведува во рамките на проектот „Промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа и Република Молдавија (2013-2016)„ на UN Women финансиран од Австриската Развојна Агенција и Швајцарската агенција за соработка и развој. Активноста ја спроведува Центарот за истражување и креирање политики Конслатинг – ЦИКП Консалтинг ДОО Скопје.
Општата цел на оваа активност е да се изградат капацитетите на 10 граѓански организации за користење на алатките за родово одговорно буџетирање и пишување извештаи од родова перспектива за тоа како се планираат и трошат јавните пари во следните општини: Аеродром, Битола, Боговиње, Ѓорче Петров, Маврово Ростуше, Свети Николе, Скопје, Струмица, Тетово, Штип. Преку обука и континуирано менторирање, организациите ќе стекнат знаење и вештини за читање и анализа на локалниот буџет користејќи алатки на родово одговорно буџетирање. Крајната цел е избраните организации да изработат извештаи за следење на буџетот на општината користејќи ги алатките на родово одговорно буџетирање. Се очекува изработката на извештаите да придонесе кон зголемување на свеста и подобрување на локалниот дијалог за родова еднаквост преку зајакнување на локалните политики и буџети и праксите/процесите за нивна изработка вклучувајќи родова перспектива. Оваа прва иницијатива од овој тип ќе поттикне создавање на неформална мрежа на невладини организации Чувар(к)и на јавно ќесе за родово одговорен буџет.
Во рамките на посебните цели поврзани со зајакнување на капацитетите на граѓанските организации, ЦИКП Консалтинг Скопје ги поканува сите граѓански организации кои имаат претходно искуство во работа на родови прашања и имаат седиште во една од горе-наведените општини или пак нивниот фокус на работа е во наведените општини да аплицираат за поддршка за развивање на капацитети за подготовка на извештаи користејќи ги алатките на родово одговорно буџетирање.
2. Процес на селекција
Прва фаза: ЦИКП Консалтинг ќе избере 10 ГО во 10-те општини кои ќе добијат точно определена подршка за градење капацитети (обука и менторирање) со цел да развијат вештини потребни за подготовка на мониторинг извештаи за тоа како се трошат јавните пари од родова перспектива. Грант-корисниците ќе се избираат врз основ на предложената идеја за истражување и анализа на буџети од родова перспектива и пишување на извештај користејќи ги алатките за родово одговорно буџетирање, вклучително и изработка на план за комуникација на резултатите од истражувањето и анализата.
Втора фаза: Ќе се изградат капацитети за читање на буџетските документи на локалните самоуправи, анализа на буџети користејќи алатки за родово одговорно буџетирање и комуникациски вештини. Притоа ќе се обезбеди менторска поддршка на 10-те избрани организации да изработат извештаи за родово одговорен буџет и да развијат комуникациска стратегија.
Трета фаза: Ќе се поддржат 10-те селектирани организации да се здружат во неформална мрежа која ќе продолжи да изработува анализи користејќи родово одговорни буџетски алатки и ќе застапува родово одговорен буџет на локално и национално ниво.
Временска рамка на активности за градење на капацитети, истражување и анализа
Временска рамка за неформално вмрежување
3. Распределба на финансиски средства
Вкупната индикативна сума за финансиска поддршка за избраните ГО е 15,000 EUR. Секој од избраните ГО ќе биде добитник на грант во износ од 1,500 евра за ангажманот на проектот од 10 септември до 15 ноември 2016 година.
4. Критериуми за квалификуваност
За да ги исполнувате критериумите за поддршка, апликантите мора да:
- бидат непрофитна организација, регистрирана како асоцијација на граѓани или други слични форми на организации на граѓанското општество (фондациите не се подобни) со седиште во некоја од следните општини: Аеродром, Битола, Боговиње, Ѓорче Петров, Маврово Ростуше, Свети Николе, Скопје, Струмица, Тетово, Штип или пак нивниот фокус на работа е во наведените општини;
- имаат искуство во работа на проекти врзани со родови прашања или застапување на родови прашања на локално ниво;
- имаат идеја за истражување и анализа на јавните финансии на локално ниво од родова перспектива користејќи ги алатките за родово одговорно буџетирање или и да ги познаваат состојбите со родовата еднаквост на локално ниво како и надлежностите и обврските на единиците на локална самоуправа поврзани со родовата еднаквост.
5. Процес на аплицирање
5.1. Документи кои треба да се поднесат
- Формулар за аплицирање
Б. Пропратни документи
- Тековна состојба на ГО
- Копија од статутот на ГО
- Листа на претходно реализирани проекти во областа на родови прашања
- CV на тимот на проектот
5.2. Поднесување на апликацијата
Заинтересираните ГО треба да ја поднесат апликацијата и пропратните документи на следната адреса: emil.shurkov@crpm.org.mk.
Секој апликант ќе добие потврда по e-mail три дена по поднесувањето на проектот. Доколку не добијат повратен меил, апликантите се советуваат да ги контактираат одговорните лица во ЦИКП на crpm@crpm.org.mk.
Крајниот рок за поднесување на апликации е 5 септември 2016 година.
5.3. Постапка за избирање
Апликациите ќе бидат избрани од панел составен од претставници на ЦИКП Консалтинг и ЗЕЛС. UN Women ќе учествува како набљудувач на процесот. Панелот ќе ги оценува апликациите користејќи ги следните криетриуми:
- колку детално е опишан проблемот кој ќе биде предмет на родово буџетска анализа (20 поени);
- колку е остварлив акцискиот план за собирање на податоци и анализа (40 поени);
- каква е стратегијата за застапување и комуникација (30 поени);
- компетентност на проектниот тим во областа на родовата еднаквост (10 поени).
Една апликација може да има максимум 100 поени.
DOWNLOAD :
Annex 1 Call for Applications МКД_финално за публикација на веб и ФБ
Annex 2 апликација MKD финално за објава на веб и ФБ