Речиси половина од македонските граѓани немаат доверба во Европската Унија, покажува анкетата што за потребите на Европската комисија ја изработи Центарот за истражување и креирање политики.
Анкeтата спроведена минатиот месец покажала дека 40 отсто од граѓаните имаат доверба во Унијата, но 48 отсто воопшто не ~ веруваат. Тоа е најмал процент на доверба во ЕУ од целиот западен Балкан. Познавачите велат дека ваквата ситуација се должи на тоа што шеста година не добиваме датум за почеток на преговорите со ЕУ поради блокадата на Грција и солидарноста со неа од другите држави членки.
Тие нагласуваат дека сепак, с` уште огромен процент од Македонците им даваат поддршка на евроинтеграциите. Kомпаративно, со слични анкети спроведени во регионот по истиот клуч за доверба во институциите за потребите на ЕK, укажува дека по Македонија, во ЕУ с` уште ниска доверба има и Србија, каде што на Унијата ~ веруваат 44 отсто од граѓаните, иако таа наскоро ги почнува преговорите со Брисел. Следуваат Црногорците со доверба во Унијата од 49,5 проценти…