СТЕКНУВАЊЕ НА ПРАКТИЧНИ ВЕШТИНИ ЗА КОРИСТЕЊЕ И МЕНАЏИРАЊЕ СО ФОНДОВИТЕ ОД ПРЕДПРИСТАПНИТЕ ФОНДОВИ НА ЕУ
Центарот за истражување и креирање политики организира обука за “Градење на капацитети за апсорпција на ИПА фондови”.
Првата серија од овие обуки ќе се одржи на 30 март 2009 во Скопје. На овие тренинзи учесниците ќе се стекнат со практични знаења и вештини како успешно да подготват апликации за Предпристапните фондови на ЕУ и како да ги менаџираат проектите кои се финансирани од ЕУ.Тренингот се состои од осум модули во кои се содржани најзначајните информации и искуства кои ви се потребни за успешно аплицирање и менаџирање на ЕУ проекти:
Обуката трае два дена, од 30-31 март, а рокот за пријавување е до 20 март. Целосната програма на тренингот и нашето тренинг портфолио се достапни на нашата интернет страна www.crpm.org.mk.
Цената за еден учесник е 6000 ден. Попусти за повеќе учесници од една организација се договараат дополнително.
Апликацијата се пополнува on-line на www.crpm.org.mk и на www.crpmconsulting.com.mk
Повеќе информации за оваа обука може да најдете во текстот подолу или на некој од наведените интернет страни.
МОДУЛ 1: ПРЕДПРИСТАПНИ ФОНДОВИ НА ЕУ, КОНЦЕПТИ И КОНТЕКСТ
Овој модул дава преглед на основите на ЕУ, од аспект на историскиот развој како и
современиот контекст на предпристапните фондови, концепти и терминологија. Има за цел да ги запознае учесниците на тренингот со основните структури на ИПА, апликационата форма и процедурата за аплицирање.
МОДУЛ 2: ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПИШУВАЊЕТО ПРОЕКТИ
Целта на овој модул е на учесниците да им се дадат насоки за организација на пишувањето проекти, што да вклучат и кои документи да ги подготват. Исто така
ќе им даде основа за развивање вештини за планирање на проекти. На крајот на сесијата, учесниците ќе стекнат знаења за тоа како да ги вклучат членовите на тимот во различни фази на пишување на проектот. Дополнително, ќе им биде дадена листа за проверка на сите документи кои се потребни за да се пополни формуларот за апликација.
МОДУЛ 3: ДЕФИНИРАЊЕ НА ЦЕЛИТЕ, ОЧЕКУВАНИТЕ РЕЗУЛТАТИ И АКТИВНОСТИТЕ
Овој модул претставува вовед во основите на подготовката на проекти. Има за цел да им овозможи на учесниците да ги употребат техниките како: проектен
циклус, поставување на цели и дефинирање активности. Во зависност од барањата на институцијата, сесијата ја развива свесноста на учесниците за потенцијалните ризици и на различните видови програми, мерки и проекти, и ги оспособува за опишување на ризикот и справување со ризикот во контекст на предпристапните фондови. На крајот на сесијата, учесниците ќе можат да ја дефинираат генералната цел на нивниот проект, да развијат соодветни очекувани резултати и активности.
МОДУЛ 4: ДЕФИНИРАЊЕ НА ПРОЕКТНАТА МЕТОДОЛОГИЈА
Модулот ќе ги запознае учесниците со принципите на развивање проектна методологија и нејзино приспособување во зависност од поставените цели и
одредените ризици. Сесијата вклучува и дел за мониторинг и евалуација на проектот, како интегрален дел на проектната методологија. Модулот исто така има за цел да ги оспособи одговорните за дизајнирање на проектот да ги разберат принципите на cost-benefit анализата (кога се употребува и како да се толкува)
МОДУЛ 5: РАЗВИВАЊЕ НА ВРЕМЕНСКА РАМКА И ЛОГИЧКА РАМКА
Овој модул ги вклучува принципите на развивање на временска и логичка рамка на проектот, Конкретната цел е развивање на вештини на менаџмент на време и стратешко планирање. Ќе им овозможи на учесниците да изработат листа на краткорочни, среднорочни учесниците ќе можат да состават логичка рамка за својот проект.
МОДУЛ 6: РАБОТА ВО ПАДОР
Овој модул дава основни насоки за разбирање на ПАДОР системот за регистрација преку интернет на потенцијалните апликанти за ЕУ фондови. Фокусот во овој дел е ставен на : како да се добие ECAS корисничко име и лозинка; како да се ставаат (upload) документи на ПАДОР; како и кога да се ставаат (upload) податоци во ПАДОР.
МОДУЛ 7: ПРАКТИЧНИ СОВЕТИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТНА АПЛИКАЦИЈА И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ
Овој модул дава практични совети како да се препознаат и вградат ефикасни стратегии кои ги промовираат политиките и приоритетите на кои се однесуваат
успешно да го имплементираат.
МОДУЛ 8: ФИНАНСИСКО МЕНАЏИРАЊЕ И КОНТРОЛА
Главната цел на овој дел од обуката е да ги обучи учесниците за финасиското управување и контрола преку користење на претходно стекнатите знаења и вештини.
и долгорочни влијанија на проектот. На крајот на модулот, ЕУ програмите и проектите, во периодот пред/за време на процесот на аплицирање, како и во процесот на имплементација. Ова е практична подготовна на учесниците на тренингот како и кои успешни стратегии и елементи да ги вградат во проектната апликација успешно да ја поминат евалуацијата на ЕУ и да добијат грант од една страна, а од друга страна како по добивање на проектот
На овој начин учесниците ќе добијат јасна слика за процесот на контрола
Работен јазик на обуките е македонскиот. Од учесниците се очекува добро познавање на работниот јазик на тренингот. Доколку 5 од учесниците имаат потреба од превод на друг регионален јазик, ќе се обезбеди превод.
Локација
Тренингот се одржува во Скопје.
Трошоци
Цената на тренингот во времетраење од ден и пол е 6 000 ден. Со ова се покрива цената на тренингот, тренинг материјалите, ручек и кафе паузи. Целосната сума треба да биде уплатена најкасно до 25 март 2010. ЦИКП Консалтинг има право да издава фактури на индивидуалци и владини агенции. Едиствено банкарски уплати се прифатливи. Избраните апликанти ќе бидат дополнително контактирани и известени за деталите за плаќање.
Доколку учесниците го откажат нивното учество во период од 5 дена пред
почеток на тренингот, ќе треба да платат 3000 ден. административен трошок.
Транспортните трошоци, трошоците за сместување и храна (освен ручекот обезбеден за време на тренингот) не се вклучени во цената.
Попусти
Доколку од една организација учествуваат повеќе од два претставници, ЦИКП Консалтинг дава попуст од 10% од цената на тренингот. Ве молиме, навреме да не известите за пријавување на третиот учесник за да го земеме во предвид попустот во цената.
Доколку сте заинтересирани да аплицирате пополнете ги апликациите кои се достапни on-line на: www.crpm.org.mk и на www.crpmconsulting.com.mk.
За повеќе информации обратете се на следниве контакти:
Ана Мицковска-Ралева ЦИКП Консалтинг Ул. Цицо Поповиќ бр.6-2/9, 1000 Скопје Тел/ факс: 02/ 3109 932 e-mail: mickovska@crpm.org.mk
Dounload in PDF format: ОБУКИ1
Leave a Reply