Вчера (24.03.2015 год.) во посета на ЦИКП беа ревизорот од Европскиот ревизорски суд (ЕРС), г-ѓа Стефани Жирар и г-ѓа Ирена Иванова, програмски раководител во Делегацијата на Европската Унија во Македонија. Посетата на ЦИКП беше дел од програмска ревизија на Делегацијата на Европската Унија од страна на ЕРС, во чии што рамки е ЛОТОС проектот.
На состанокот, меѓудругото, беше дискутирано за искуствата на ЦИКП од соработката со Државните институции и Делегацијата на ЕУ, предизвиците со кои се соочува граѓанскиот сектор во Македонија при спроведување на проектни активности општество и неговата улога во унапредување на демократските процеси во државата, а беа доставени и препораки за надминување на предизвиците.
Во поглед на ЛОТОС проектот, беше претставен напредокот во спроведувањето на активностите од проектот и резултатите од истражувањето. Освен проектниот тим на ЦИКП, на состанокот присустуваа и локалните истражувачи од партнерските организации од ЛОТОС проектот, кои што дадоа осврт на состојбите во регионот кои што го покриваат во поглед на имплементацијата на практиките за добро владеење на локално ниво.
LOTOS PROJECT PRESENTED BEFORE AUDITOR IN ECA
Yesterday (24.03.2015), Mrs. Stephanie Girard, auditor in the European Court of Auditors (ECA), together with Mrs. Irena Ivanova, task manager in the Delegation of the European Union in Macedonia visited the Center for Research and Policy Making. The visit was part of the performance audit of the EU Delegation program management by the ECA, in which frames is the LOTOS project.
At the meeting, inter alia, were discussed the experienced of the CRPM in cooperating with state institutions and the EU Delegation, the challenges that the CSOs face with in implementing project activities, as well as its role in development of the democratic processes in the country, and have been given recommendation for overcoming them.
In regard to LOTOS project, it was presented the progress made in implementing project activities and the draft results from the research. Along with CRPM’s project team, the meeting was attended also by the local researchers from the partner’s organization in the LOTOS project, who addressed the situation in the region they cover in regard to implementation of the good governance practices on local level.